Најубаво кажаа двајца тројца во темава, едини протести што ќе вредат се пред суд.
Да не даде Бог да имаш болен од рак и да имаш било каква потреба од нашето здравство, додадни уште едно место за протест, да пратиш дете да ти спие во студентски домови низ земјава, додади второ, да фатиш тешко заболување од оној отров што го дишеш секојдневно, додади и трето место за протест и тн и тн и тн, ова е бесконечно.
Некој месец наназад пишував некаде низ форумов дека одамна сме дојдени до точката од која нема враќање, бар не во следни 10 до 15 години и тоа ова е моја оптимистичка прогноза. Ова со Пулс е ескалација на еден проблем што го има нашето општество, еден од илјада и еден, илјада други кои можат да доведат до сличен или полош епилог. Немавме ни среќа во Кочани, све што можеше да тргне наопаку таму, тргна, а од сведоштва гледам дека постоел простор повеќе да се спасат.
Не сум паметем да кажам што точно треба за да нештата се сменат, зашто тоа е процес, и ако почнеш да работиш на све што не чини кај нас, минимум една декада треба да помине за да нештата полека се враќаат во нормала, а до тогаш со Господ напред. Ти на секое излегување надвор патем, си убиван, буквално, зашто си приморан да дишеш, јас ти гарантирам дека 100 кратно повеќе луѓе ќе умрат во следниве години од воздухот споредбено со трагедијата во Кочано, само ова е тивок убиец, не ги решшава нештата во рок од 20 минути како пожарот во Пулс, ама на долг рок, веќе ни се случува масакар, и погоди што, апсолутно кур не боли сите за тоа, гајле ни е. 0 интерес имаме за проблем кој за мене во моментов треба да е на место број 1, 2 и 3.
Ќе се изненадиш ако ги видиш моменталните бројки на смртност како резултат на воздухот, а и ако ни требаше нас како народ, 60 млади луѓе да отидат во неповрат, за да као ние сега се освестиме за проблемите кај нас, па тоа ако е случај ние апсолутно и ништо други изгледа не заслужуваме, срамота е ова, буквално го жнееме она што самите сме си го посеале, па као сега еј абе како вака, зашто вака, а уствари све што ни се случува е само епилог на она пред кое со декади мижиме.
А и ја не верувам дека ние нешто сега сме освестени, ова е само имплусивен момент, после месец-два, повеќето ќе се вратат во нормала, нема да заборават на ова секако, ама нема ни да се замараат со дефектите во кои самите секојдневно егзистираат, и така ќе биде до следната ескалација, тоа е тој магичен круг во кој ние живееме од ден број 1 кога прогласивме независност.
Не знам како било во титово време, кое е редовно мета на критики од сите помлади генерации пред Се, ама прилично сум убеден дека во тоа време нит Пулс како место ќе постоело, нит модуларна ќе изгорела, нит чкарт автобуси ќе циркулираа низ патишата, немаше воздухот да го компромитираме како сега, немаше да има скандали во Онкологија и слично. Тогаш Скопје доживеаа огромна катастрофа, па види како повторно никна и се издигна градот, сега тоа да не снајде пак, и тоа е тоа, поздрав и секое добро.
Што значи плукаме по нешто и критикуваме, а ние целосно како општество споредбено со тој период, деволуиравме и тотално го изгубивме компасот, едноставно се движиме во непознат правец.
Хипотетички, иако ова нормално не ми е верно од сегашна перспектива, ама еве за 40 години пример, земјава просперира надреално, менталитетот кај луѓето е сменет, историјата кога ќе се навраќа на нашите генерации, во таква ситуација они ќе се срамат од нас, ние ќе бидеме црната дамка во македонската историја ако тоа чудо еден ден се случи, а тоа е земјава да има прогрес и успех на сите полиња. Таа дамка ќе биде поцрна и од смртта.