Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
21 октомври 2024
Мислења
71
Поени од реакции
265
Црвен Крст собра еден куп пари, денар не е префрлен на семејствата.
Ај ако некој знае нешто повеќе подетално нека образложи. Јас лично не ги сакам Црвен Крст и сметам дека се профитери но донирав и сакам да знам дека парите ќе стигнат кај што треба.
Од сега натаму само директни донации!
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.458
Поени од реакции
47.872
Најубаво кажаа двајца тројца во темава, едини протести што ќе вредат се пред суд.
Да не даде Бог да имаш болен од рак и да имаш било каква потреба од нашето здравство, додадни уште едно место за протест, да пратиш дете да ти спие во студентски домови низ земјава, додади второ, да фатиш тешко заболување од оној отров што го дишеш секојдневно, додади и трето место за протест и тн и тн и тн, ова е бесконечно.

Некој месец наназад пишував некаде низ форумов дека одамна сме дојдени до точката од која нема враќање, бар не во следни 10 до 15 години и тоа ова е моја оптимистичка прогноза. Ова со Пулс е ескалација на еден проблем што го има нашето општество, еден од илјада и еден, илјада други кои можат да доведат до сличен или полош епилог. Немавме ни среќа во Кочани, све што можеше да тргне наопаку таму, тргна, а од сведоштва гледам дека постоел простор повеќе да се спасат.

Не сум паметем да кажам што точно треба за да нештата се сменат, зашто тоа е процес, и ако почнеш да работиш на све што не чини кај нас, минимум една декада треба да помине за да нештата полека се враќаат во нормала, а до тогаш со Господ напред. Ти на секое излегување надвор патем, си убиван, буквално, зашто си приморан да дишеш, јас ти гарантирам дека 100 кратно повеќе луѓе ќе умрат во следниве години од воздухот споредбено со трагедијата во Кочано, само ова е тивок убиец, не ги решшава нештата во рок од 20 минути како пожарот во Пулс, ама на долг рок, веќе ни се случува масакар, и погоди што, апсолутно кур не боли сите за тоа, гајле ни е. 0 интерес имаме за проблем кој за мене во моментов треба да е на место број 1, 2 и 3.

Ќе се изненадиш ако ги видиш моменталните бројки на смртност како резултат на воздухот, а и ако ни требаше нас како народ, 60 млади луѓе да отидат во неповрат, за да као ние сега се освестиме за проблемите кај нас, па тоа ако е случај ние апсолутно и ништо други изгледа не заслужуваме, срамота е ова, буквално го жнееме она што самите сме си го посеале, па као сега еј абе како вака, зашто вака, а уствари све што ни се случува е само епилог на она пред кое со декади мижиме.

А и ја не верувам дека ние нешто сега сме освестени, ова е само имплусивен момент, после месец-два, повеќето ќе се вратат во нормала, нема да заборават на ова секако, ама нема ни да се замараат со дефектите во кои самите секојдневно егзистираат, и така ќе биде до следната ескалација, тоа е тој магичен круг во кој ние живееме од ден број 1 кога прогласивме независност.

Не знам како било во титово време, кое е редовно мета на критики од сите помлади генерации пред Се, ама прилично сум убеден дека во тоа време нит Пулс како место ќе постоело, нит модуларна ќе изгорела, нит чкарт автобуси ќе циркулираа низ патишата, немаше воздухот да го компромитираме како сега, немаше да има скандали во Онкологија и слично. Тогаш Скопје доживеаа огромна катастрофа, па види како повторно никна и се издигна градот, сега тоа да не снајде пак, и тоа е тоа, поздрав и секое добро.
Што значи плукаме по нешто и критикуваме, а ние целосно како општество споредбено со тој период, деволуиравме и тотално го изгубивме компасот, едноставно се движиме во непознат правец.

Хипотетички, иако ова нормално не ми е верно од сегашна перспектива, ама еве за 40 години пример, земјава просперира надреално, менталитетот кај луѓето е сменет, историјата кога ќе се навраќа на нашите генерации, во таква ситуација они ќе се срамат од нас, ние ќе бидеме црната дамка во македонската историја ако тоа чудо еден ден се случи, а тоа е земјава да има прогрес и успех на сите полиња. Таа дамка ќе биде поцрна и од смртта.
 
Член од
21 март 2025
Мислења
8
Поени од реакции
8
Инфомакс изгледа одлично си работеа и добри информации даваа во текот на целиов црн настан.
Повеќето ги ставивте на таргет Инфомакс дека имаат лични скриени интереси заради што се на пик со Мицковски.
Од самиот почеток укажуваа за поврзаност политичка на локално и државно ниво во врска со дивото работење на дискотеката.
Од самиот почеток прашањето им беше за Папазов зошто не е повикан на распит како прв човек на Кочани
Зошто и дали воопшто ќе има одговорност на Мицковски и Панче?
Во Романија Владата падна после 3 дена од нивни исти ваков настан со загинати луѓе во изгорена дискотека.
 
Член од
11 октомври 2024
Мислења
490
Поени од реакции
882

Ако одиме по логиката на ИнфоМакс, зошто тогаш тие не се викнати на распит и зошто медиумот не им е изгаснат, затоа што монструмот Палчо цела година киснеше кај нив на подкаст со Чичин Чичин и оп пу пу не се важи сега?

ИнфоМакс се класични спинови и реално пола од текстовите им се тотални глупости.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.611
Поени од реакции
5.613

У право си за се , поточно начинот на кој размислуваш ти е правилен. Ја реков дека највише вреди да се протестира таму бидејќи тие го имаат последниот збор за сите општествени пропусти и реформите најпрво треба од таму да почнат за другите сфери да се опоравуваат после донесени пресуди кои не се селективни.
Секако е многу комплексно све што се случува кај нас и канцерот е прилично доста метастазиран , прашање е и дали има некој природен лек за нас да се опоравиме од тоа.
Но дека има од негде појдовна точка , сигурно дека има. Целосен ресет и нови луѓе што немаат поврзаност со претходниците или се имаат откажано од нив пошо им се гади од нивната неконтролирана желба за моќ и многу пари.
Автоматски споено мислење:

Ако одиме по логиката на ИнфоМакс, зошто тогаш тие не се викнати на распит и зошто медиумот не им е изгаснат, затоа што монструмот Палчо цела година киснеше кај нив на подкаст со Чичин Чичин и оп пу пу не се важи сега?

ИнфоМакс се класични спинови и реално пола од текстовите им се тотални глупости.
Уф тие колку работи знаат за тој гад , глава ставам.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
750
Поени од реакции
1.365
А и ја не верувам дека ние нешто сега сме освестени, ова е само имплусивен момент, после месец-два, повеќето ќе се вратат во нормала, нема да заборават на ова секако, ама нема ни да се замараат со дефектите во кои самите секојдневно егзистираат, и така ќе биде до следната ескалација, тоа е тој магичен круг во кој ние живееме од ден број 1 кога прогласивме независност.
Импулсивен момент со 59 жртви и со мајките што закопаа деца вчера оти и они се умрени. Гледам дека не си свесен што се случи.
 
Член од
11 октомври 2024
Мислења
490
Поени од реакции
882
Импулсивен момент со 59 жртви и со мајките што закопаа деца вчера оти и они се умрени. Гледам дека не си свесен што се случи.
Многу луѓе се скептични, но после овој настан многу работи ќе се променат, затоа што ќе настрадаат и директно инволвирани и индиректно инволвирани, и тие што треба и тие што не треба, па утре секој што работи во јавна администрација 20 пати ќе размисли дали ќе става потпис на било што. Од страв, не за друго.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.441
Поени од реакции
7.171
Инфомакс изгледа одлично си работеа и добри информации даваа во текот на целиов црн настан.
Повеќето ги ставивте на таргет Инфомакс дека имаат лични скриени интереси заради што се на пик со Мицковски.
Од самиот почеток укажуваа за поврзаност политичка на локално и државно ниво во врска со дивото работење на дискотеката.
Од самиот почеток прашањето им беше за Папазов зошто не е повикан на распит како прв човек на Кочани
Зошто и дали воопшто ќе има одговорност на Мицковски и Панче?
Во Романија Владата падна после 3 дена од нивни исти ваков настан со загинати луѓе во изгорена дискотека.
Тие две говеда од Инфомакс треба да јадат кривична и никад да не смеат да се појават во јавност, само од една причина, а тоа е што уште првиот ден, кога официјалната бројка на загинати беше 59, во нивно видео, не знам дали беше јавување во живо или не, кажаа дека официјалната бројка е 59, ама од сигурни извори, неофицијало бројката на настрадани е многу поголема. Само од оваа причина. Не видов било кој друг медиум да проба со вакви лаги да предизвика уште поголем глев кај народот, во ваква катастрофална, трагична ситуација. Какви и да откривале скадали, што и да правеле добро предходно, после вакво бездушно ширење на лажни вести, им праѓа во вода. После ова, тие двајца нит можат да се наречат новинари, нит медиум, па ни луѓе.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.598
Поени од реакции
31.424
@Syn грешиш дека Југославија многу се грижела за безбедноста на луѓето, напротив со сиот памет решија да изградат Топилница во град што разболи генерации и генерации.
Проблемите за негрижа потекнуваат од таму.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.211
Поени од реакции
2.918
извини вчера што не ти одговорив.
Да не се повторувам.
Еве зошто јас мислам дека сите сме виновни.

Еднаш инспекција да не влезе?
Од надвор ВРИШТИ на шупа. У Кочани секој со секој се знае. Не им било шубе?
Тој што бил кога се градело ,,диското” исто пријавил, ништо. Од внатре може и Версаче да стаи украси, од надвор кога ќе поминеш е одбивно, уште решетки има на прозорите. Вратана не е врата. Ја шо имам 50 кг можам лабаво да поминам низ нејзе. Двајца тешко. Не па стампедо.
Цел народ гледал шо се дешава, си молчел и си идел во дупката.
У Охрид за Хангар и Аломос исто. У тоа Аломос кровот е 1,90-2 м преку сила.
Воздух нема ни за лек.
Да не зборам шо се ќути за сѐ друго.
Од ќутење и ,,шо можам ја да сменам” дое до тоа да закопаме 50 деца.

Не го доживувате ова ко пораз?
На сите канали сегде бевме ударна вест. Од другине земји сигурно се крстат шо ние сметаме за диско
Иначе вратата што се гледа цело време на сите слики е уствари задната врата. Од напред нема ниту една слика, знам имаше видео со светлосна табла со името на дискотека.
 
Член од
11 октомври 2024
Мислења
490
Поени од реакции
882
ИнфоМакс се дружеа професионално и приватно со Палчо. Зошто никогаш не беа на распит? Зошто почнаа да ја вртат приказната од “не за Бугари во устав“ со “да за Бугари во устав и Македонија мора во ЕУ“.

Ете сега Борјан и Сашо Ордановски им се главни гости, а против нив дрва и камења пред некоја година. Ако некој го следи тој медиум треба да има реално проблем со интелегенција :D
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.611
Поени од реакции
5.613

Victim card unlocked
Од понеделник ДУИ па какви измислици има да вадат...
 
HoT iCe

Dilated Peoples
Член од
1 јануари 2025
Мислења
158
Поени од реакции
493
Мене ми мириса дека и ти си од тие што гледаат со партиски наочари.
Ако се протестира тоа не значи дека Мицкоски не може да си ја заврши работата како што треба.

Ако се протестира само за да падне владата на Мицко и да ја замени некој друг Трајко или Петко, тогаш не е во ред.
Автоматски споено мислење:

П.С.
Не можам да тврдам со сигурност, ама голема е веројатноста дека ако не беше толкав притисокот, гневот и револтот на јавноста и студентите, кур дека толку луѓе ќе завршеа во притвор за 2-3 дена.
Bas obratno e, daleku sum od partija jas, zatoa i ti repliciram posto dosega na protest povikuvaat samo debili od SDSM i nevladini sharenokurtoni. Tie sto protestiraa radi korupcija i slicno se vekje na ulica so mirni protesti i transparenti i vrsat ogromen pritisok da se isturka rabotava do kraj. Dali ke izleze na kraj se kako sto treba, najverojatno ne posto smetam deka i Mickovski e isti kur kako i site prethodni i prasanje na vreme e koga ke popusti pod sistemot koj tie go izgradija.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom