Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Обезбедувањето има одговорност и те како. Зеле обврска да го обезбедуваат настанот и требало професионално да си ја бркаат работата. Под обезбедување не се подразбира само дремење на врата, обезбедуванње значи многу повеќе од тоа отвори затвори, професионална агенција не смее да преземе обврска да обезбедува ваков објект.

За каква одговорност зборуваш, градот ќе гори ако останат уште еден ден во притвор луѓето.
Пред обезбедувачите има 100+ луѓе што треба да гнијат по затвори само за овој случај, па после 10к луѓе за целото срање од држава, па после нека ги затворат и обезбедувањето и мене оти ме пуштаа они кога бев малолетен.

Кочани:(<3
 
Земал панче ги разрешил инспекторите за да не влијаеле на истрагата.
Браво панче, земи избркај ги од работа, нема друг начин за да не влијаат а да останат на работа.
Скини им ја главата, проблемот е решен. Сега истрагата е непристрасна.
Началниците, не инспекторите.
 
Ништо не научивме како општество, пак се е партиски, предвидувам како што тргнало два различни протести ќе има.
 
Има нешто од нашиве други соседи Албанија или протекторатов Косово некаква поддршка?Еден ден барем да прогласат ден на жалост?Некој пациент да примат како Србија,Бугарија? Некој мед. персонал да пратат како Израел,Чешка? Некое ќебе,јорган нешто да донираат? Сочуство да изразат..Хммм јас до сега ништо не сретнав од нив..

Поддршка од Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама исто така упати сочувство.
„Изразувам длабоко сочувство до народот на Северна Македонија за трагедијата во Кочани и нудам подготвеност за секаква неопходна помош“, рече Рама.

Republic of Kosovo
Kosovo Prime Minister Albin Kurti has said that Kosovo institutions are ready and willing to assist North Macedonia in every possible way after the tragedy in Kocani.
 
Правно ќе се гонат по член 292 став 2 Тешки дела против општата сигурност во кој се опфатени повеќе дела (меѓу кои и за овој случај 288 предизвикување општа опасност) кога поради истите ќе настапи смрт на едно или повеќе лица и казната е најмалку 3 години и можи да оди до 20 (20 години е максималната кај нас со исклучок кога е предвидено доживотен затвор или 40 години како можност кога е предвиден доживотен затвор да се изрече долготраен затвор наместо доживотен како условно поблага опција). Е сега дел ќе се товарат и за злоупотреба на службена положба и овластување за кое е предвидена казна од шест месеци до три години, а веројатно и за несовесно работење во службата од три месеци до три години. Плус примање поткуп ако е вистина дека имале ценовник за издавање на лажни лиценци (а сигурно е вистина) од четири до десет години. Бидејќи се повеќе кривични дела со повеќе дејствија веројатно ќе се суди како стек на кривични дела каде се изрекува единствена казна која мора да е поголема од секоја одделна (за наведените дела) ама висината да не го достигне збирот на утврдените казни ниту да ја надмине границата од 20 години. Како продолжува истрагата можно е и за други дела да се гонат и сигурно уште лица ќе бидат опфатени, трулеж и гнилеж во сите институции, кој со поткуп, кој со злоупотреба на положба, кој со непостапување сите придонеле за трагедијата. Ако се заврши истрагата и судењето како треба десетици, па и стотици треба да лежат и тоа поприлично долго и тоа нема да ја намали болката и гневот за жал. Надеж дава притисокот и гневот на јавноста дека нема да има бели мечки за штитење и багателни казни, се надевам нема таков ненормален судија кој ќе си го навлечи гневот и ризикот да е линчуван од фамилиите и блиските и да суди како досега за вакви случаи.
 
Па тие се меѓу првите на листата што треба да одговараат, а не да бидат разрешени.
Значи не е добро што се разрешени? Треба да останат началници?
Мало морген дека е политичка функција :icon_mrgr:
Апсолутно, професионална е. Кога се бира началник, се распишува оглас за вработување.
 
За каква одговорност зборуваш, градот ќе гори ако останат уште еден ден во притвор луѓето.
Пред обезбедувачите има 100+ луѓе што треба да гнијат по затвори само за овој случај, па после 10к луѓе за целото срање од држава, па после нека ги затворат и обезбедувањето и мене оти ме пуштаа они кога бев малолетен.

Кочани:(<3
Decko Jas ne gi opravduvam tie 100ci pred obezbeduvajeto, samo kazav deka i tie si imaat odgovornost, ako nesto licno ste zasegnati toa ne e moj problem, kazvam kako e realnosta.
 
Значи не е добро што се разрешени? Треба да останат началници?

Треба да се во притвор.
Листата на луѓе кои треба моментално да се во темница и да размислуваат што се направиле во животот постои. Министри, градоначалници, директори и инспектори.
Ги имаш од вмро, сдсм, дуи, македонци, албанци, роми, мажи, жени. Ептен едно општество за сите. Тие за 13 години не успеале да видат дека децата секој викенд си ги праќаат во штала.
Диското е со една врата од самото отварање. Имаше и друга мала позади ама сега и таа била затворена, тамо не изнасаа да се криеме кога ќе имаше рација. Тоа беше 2014, значи и тој началник треба да биде затворен.
Доволно е само тие луѓе да гнијат во затвор и многу работи ќе се сменат во Македонија. Ама мислам дека нема таков јунак што ќе го направи тоа.
 
48 часа не поминаа, земја ги нема покриено дечињата и загинатите тие одма глувците штабски ги упикаја на сегде и се исполитизираа. Која гнаса од народ сме ние, редно време е да се распуштиме и некој друг да не земи можи тогаш ќе бидни нешто.

Да ти се гади човече, да ти се гади од каде доаѓаш, да ти се гади од националноста која ја делиш со овие 99% од расипани во срж гнасни, смрдени, очајни, мочковци, повраќајнца од народ. Карцином сме ние, не сме нација. Ние сме болест која мора да се истреби експресно брзо...
 
Поддршка од Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама исто така упати сочувство.


Republic of Kosovo
Kosovo Prime Minister Albin Kurti has said that Kosovo institutions are ready and willing to assist North Macedonia in every possible way after the tragedy in Kocani.

Косоварите кај нас се лечат, они се поутепани со здравството и од нас.
 
Треба да се во притвор.
Листата на луѓе кои треба моментално да се во темница и да размислуваат што се направиле во животот постои. Министри, градоначалници, директори и инспектори.
Ги имаш од вмро, сдсм, дуи, македонци, албанци, роми, мажи, жени. Ептен едно општество за сите. Тие за 13 години не успеале да видат дека децата секој викенд си ги праќаат во штала.
Диското е со една врата од самото отварање. Имаше и друга мала позади ама сега и таа била затворена, тамо не изнасаа да се криеме кога ќе имаше рација. Тоа беше 2014, значи и тој началник треба да биде затворен.
Доволно е само тие луѓе да гнијат во затвор и многу работи ќе се сменат во Македонија. Ама мислам дека нема таков јунак што ќе го направи тоа.
Точно. Сите тие треба. Ама зошто само тие? По кој основ треба да им се прости на другите?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom