Како што разбрав министерот рече дека ги разрешиле сите командири и началници (и замениле со други од Скопје), за да имало непристрасност и да немало притисоци и влијание врз истрагата, како и лични и професионални релации со средината. Внатрешна контрола на МВР дополнително ќе го испитувала постапувањето на сите полициски службеници.
Се тоа е убаво, ама проблеми кои кога ке дојдат за решавање, а се проблем за партијата, кај нас со години се туркаат под килим. Еве, Мицковски вика дека кој и да е, ке одговара. Имаме судство кое една деценија де факто го има осудено Мијалков за тешки, тешки криминали, а де јуре, ликот нема поминато 7 дена во затвор. И не е само Мијалков, уште 20 вакви примери има.
За да имаш правна држава, треба целиот ланец да работи по прописи. Од најмалата единка, до самиот премиер. Скоро секој кој сака да работи по прописи кај нас е сменет во првиот момент кога прописите не одговараат на партијата на власт, било да е ВМРО, било да е СДСМ.
Се надевам дека ке дојде ден во Македонија да на работна позиција се поставува најстручното лице, без оглед на тоа дали е Македонец, Албанец, Ром, а не по заслуга и аминување од партијата. Зашто таа партија ни еба мајката.