Пожар во Кочани, диско Пулс.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.204
Поени од реакции
18.318
Почнаа тивко притаено да цифкаат скопските газдичиња што малтене на црно работата со тие катакомбите и хангарите без ни минимални услови за едно диско/клуб. Да не било ова да не било она, па никој немал, не важел законот за сите, па за едни мајка за други маќеа. Ајде сиктер таму.
Според нивните цени тие, нашиве во Охрид, а и другите би дошло како по 17 лиценци да платиле (ок, можда вистинсло ги платиле, кеш :cenzura:).
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
1.035
Поени од реакции
544
Тие стандарни не се поставени од обезбедувањето, ама тие мора да направат инспекција што обезбедуваат, јас не поставувам стандарди, ама ако јас сум главен треба да направам инспекција каков објект обезбедувам, колку капацитет има и уште еден куп работи, а не газдата ми рече фурај 1500 луѓе во простприја со капацитет од 250 луге.
Во една ситуација за време на припремите, големиот шеф ми вика, "имаме проблем", во оваа просторија не смее никој да влезе додека не ти кажам поинаку", Јас не му дозволив влез на главниот организатор на евентот.
Другар дали читаш воопшто???
Или тролаш тука?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.810
Поени од реакции
3.927
Земал панче ги разрешил инспекторите за да не влијаеле на истрагата.
Браво панче, земи избркај ги од работа, нема друг начин за да не влијаат а да останат на работа.
Скини им ја главата, проблемот е решен. Сега истрагата е непристрасна.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.661
Поени од реакции
3.571
Обезбедувањето има одговорност и те како. Зеле обврска да го обезбедуваат настанот и требало професионално да си ја бркаат работата. Под обезбедување не се подразбира само дремење на врата, обезбедуванње значи многу повеќе од тоа отвори затвори, професионална агенција не смее да преземе обврска да обезбедува ваков објект.
За каква одговорност зборуваш, градот ќе гори ако останат уште еден ден во притвор луѓето.
Пред обезбедувачите има 100+ луѓе што треба да гнијат по затвори само за овој случај, па после 10к луѓе за целото срање од држава, па после нека ги затворат и обезбедувањето и мене оти ме пуштаа они кога бев малолетен.

Кочани:(<3
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.393
Поени од реакции
26.494
Земал панче ги разрешил инспекторите за да не влијаеле на истрагата.
Браво панче, земи избркај ги од работа, нема друг начин за да не влијаат а да останат на работа.
Скини им ја главата, проблемот е решен. Сега истрагата е непристрасна.
Началниците, не инспекторите.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.312
Поени од реакции
6.698
Ништо не научивме како општество, пак се е партиски, предвидувам како што тргнало два различни протести ќе има.
 
Член од
8 септември 2021
Мислења
34
Поени од реакции
30
Има нешто од нашиве други соседи Албанија или протекторатов Косово некаква поддршка?Еден ден барем да прогласат ден на жалост?Некој пациент да примат како Србија,Бугарија? Некој мед. персонал да пратат како Израел,Чешка? Некое ќебе,јорган нешто да донираат? Сочуство да изразат..Хммм јас до сега ништо не сретнав од нив..
Поддршка од Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама исто така упати сочувство.
„Изразувам длабоко сочувство до народот на Северна Македонија за трагедијата во Кочани и нудам подготвеност за секаква неопходна помош“, рече Рама.
Republic of Kosovo
Kosovo Prime Minister Albin Kurti has said that Kosovo institutions are ready and willing to assist North Macedonia in every possible way after the tragedy in Kocani.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.661
Поени од реакции
3.571
Не е сеедно. Началник се назначува, од раководството на МВР. И е политичка функција.
Па тие се меѓу првите на листата што треба да одговараат, а не да бидат разрешени.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.847
Поени од реакции
5.989
Правно ќе се гонат по член 292 став 2 Тешки дела против општата сигурност во кој се опфатени повеќе дела (меѓу кои и за овој случај 288 предизвикување општа опасност) кога поради истите ќе настапи смрт на едно или повеќе лица и казната е најмалку 3 години и можи да оди до 20 (20 години е максималната кај нас со исклучок кога е предвидено доживотен затвор или 40 години како можност кога е предвиден доживотен затвор да се изрече долготраен затвор наместо доживотен како условно поблага опција). Е сега дел ќе се товарат и за злоупотреба на службена положба и овластување за кое е предвидена казна од шест месеци до три години, а веројатно и за несовесно работење во службата од три месеци до три години. Плус примање поткуп ако е вистина дека имале ценовник за издавање на лажни лиценци (а сигурно е вистина) од четири до десет години. Бидејќи се повеќе кривични дела со повеќе дејствија веројатно ќе се суди како стек на кривични дела каде се изрекува единствена казна која мора да е поголема од секоја одделна (за наведените дела) ама висината да не го достигне збирот на утврдените казни ниту да ја надмине границата од 20 години. Како продолжува истрагата можно е и за други дела да се гонат и сигурно уште лица ќе бидат опфатени, трулеж и гнилеж во сите институции, кој со поткуп, кој со злоупотреба на положба, кој со непостапување сите придонеле за трагедијата. Ако се заврши истрагата и судењето како треба десетици, па и стотици треба да лежат и тоа поприлично долго и тоа нема да ја намали болката и гневот за жал. Надеж дава притисокот и гневот на јавноста дека нема да има бели мечки за штитење и багателни казни, се надевам нема таков ненормален судија кој ќе си го навлечи гневот и ризикот да е линчуван од фамилиите и блиските и да суди како досега за вакви случаи.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.393
Поени од реакции
26.494
Па тие се меѓу првите на листата што треба да одговараат, а не да бидат разрешени.
Значи не е добро што се разрешени? Треба да останат началници?
Мало морген дека е политичка функција :icon_mrgr:
Апсолутно, професионална е. Кога се бира началник, се распишува оглас за вработување.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.570
Поени од реакции
9.515
За каква одговорност зборуваш, градот ќе гори ако останат уште еден ден во притвор луѓето.
Пред обезбедувачите има 100+ луѓе што треба да гнијат по затвори само за овој случај, па после 10к луѓе за целото срање од држава, па после нека ги затворат и обезбедувањето и мене оти ме пуштаа они кога бев малолетен.

Кочани:(<3
Decko Jas ne gi opravduvam tie 100ci pred obezbeduvajeto, samo kazav deka i tie si imaat odgovornost, ako nesto licno ste zasegnati toa ne e moj problem, kazvam kako e realnosta.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.661
Поени од реакции
3.571
Значи не е добро што се разрешени? Треба да останат началници?
Треба да се во притвор.
Листата на луѓе кои треба моментално да се во темница и да размислуваат што се направиле во животот постои. Министри, градоначалници, директори и инспектори.
Ги имаш од вмро, сдсм, дуи, македонци, албанци, роми, мажи, жени. Ептен едно општество за сите. Тие за 13 години не успеале да видат дека децата секој викенд си ги праќаат во штала.
Диското е со една врата од самото отварање. Имаше и друга мала позади ама сега и таа била затворена, тамо не изнасаа да се криеме кога ќе имаше рација. Тоа беше 2014, значи и тој началник треба да биде затворен.
Доволно е само тие луѓе да гнијат во затвор и многу работи ќе се сменат во Македонија. Ама мислам дека нема таков јунак што ќе го направи тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom