12 годишни желби

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Деновиве налетав на онаа детска емисија на телма со Ивце пивце. И едно дете вика ја кога ќе пораснам сакам да бидам фудбалер. Ете викам, види колку слатко... Ивце го прашува, зошто сакаш да бидеш фудбалер? И малиот одговара гордо... За да имам многу пари, и да купам голем стан во центар и да имам убава кола. :nesvest:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Виновник?

Родителите, насилството и лагите на телевизија, ем-ти-ви, Холивуд, лесниот пристап до порно на интернет, опкружувањето, црнците, хипхопот, Бритни Спирс, убивањето на китовите и пандите или можеби глобалното затоплување?

Јас ќе речам целото општество.
Никој како поединец не може да биде обвинет, сите сме криви за нивото на кое е падната младината. Неретко ќе слушнеме: е, сине во мое време, не беше така...
Не било, ама тоа време помина. Помина и времето кога мајмуните се качуваа по дрвјата и прачовекот живееше во пештери и римјаните му се поклонуваа на Цезар и југословенците на Тито и денешнава младина на пороците на општеството. Evolution. Е сеа, колку е правилна... сами оценете.

Факт е дека разликата во животот на 12 годишњак во 1970 и 12 годињнак денес е исток-запад. Остај тоа што ништо не добиваат со начинот на кој живеат, полошо е кога ќе видиме/сфатиме што всушност тие губат. Недоволно се едуцирани, култура на никакво ниво, речник на изразување нула, соцализација такоџе... али важно е, имаат клан, секогаш се меѓу првите пет на листата со убиства, имаат акаунт на огаме и сл игри, хајфајв профил со полуголи слики, имаат ајпод и н95 кои вредат 12 просечни плати/една работна година, имаат пари за трева а некои и за бело. Ова не прекинува тука 15-16та година барањата се се поголеми... уствари да не го должам за ова имаше супер клип на кајгана. Кога на девојчето за роденден и купиле нов модел на бентли(илинамтвгоглеавова :)) бел, а таа се удави од плачење и ги презираше своите родители бидејќи колата не била розова, сакала розево бентли! Ебт безрбетната барбика, ебт.

Значи да не се сфатиме погрешно, не целам само на групата 12 години, зборувам општо за тинејџ популацијата. За многу од работиве можам бааги да дискутирам бидејќи и сам сум ги искусил бидејќи бев дел од првата генерација на оваа хајтекмладина, кога бегав од училиште за да играм кантер, кога делата за обработка ги наоѓав во скратени верзии на интернет, кога молев за непотребни гаџети... и сега кога ќе погледнам назад ми е криво за времето што сум го трошел беспотребно. И кои се моите придобивки? Намален вид од блеење пред екран, намален слух од 24/7 слушање музика т.е. феномен, спиење со слушалици, до пред некоја година преферирав да останам играјќи клански/сервери наместо да излезам во град.

Гадемит.
 
KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Заклучивме дека општеството е криво за изместените приоритети, но сепак има луѓе кои имаат добро подредени цели и желби во животот. Претпоставувам дека за да се постигне тоа потребни се материјални средства. Ако кога детето ќе посака нешто што сите негови другари го имаат а тоа неможе да го има поради тоа што неговите немаат пари, постепено тоа ќе се претвори во комплекс, па единствена цел во животот ќе му бидат парите. Доколку се отиде во друга крајност и детето живее во изобилие, најверојатно повторно парите ќе му бидат главна цел во животот затоа што така е навикнато и нема да сака да го компромитира тоа кога ќе биде возрасен. Следува дека на детето треба да му се овозможени сите оние работи кои ги прават неговите врсници, но да му се укаже на негативните работи во општеството и да се проба на друг начин да се истакнат позитивните. Но, сепак, 12 годишник сеуште нема целосно оформена личност ниту пак знае да ги препознае своите вистински желби, веројатно од страв дека нема да биде прифатен од околината.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Деновиве налетав на онаа детска емисија на телма со Ивце пивце. И едно дете вика ја кога ќе пораснам сакам да бидам фудбалер. Ете викам, види колку слатко... Ивце го прашува, зошто сакаш да бидеш фудбалер? И малиот одговара гордо... За да имам многу пари, и да купам голем стан во центар и да имам убава кола. :nesvest:
Според мене општеството е виновно во најголем процент. Велите родителите? Да, можеби и родителите до некаде ама нели и тие се дел од општеството и се под негово влијание? Сосема логично е дека едно 7,10,12-годишно дете ќе размислува за парите (зборувам за децата од нашата држава). Зошто логично? Затоа што живееме во едно такво поднебје во кои парите се на прво место и кај богати и кај небогатите.
Сведоци сме на секојдневните збиднувања: убиства за пари, кражби, киднапирања и ред други работи,а нашите деца за жал не се поштедени од примањето на овие информации што за мене е многу погрешно затоа што има работи кои се доволни и има работи кои се претерани за одредена возраст.Ретко кој од денешниве деца има прочитано повеќе од пет книги што е навистина жалосно.А и верувам дека оние книги кои ги имаат прочитано не ги зеле по слободен избор туку биле на некој начин принудени т.е. морале да ги прочитаат за на училиште.Ретко кое дете се воспитува на правилен начон.Денес книгата е заменета со телевизорот, спортот со компјутерот, детските песни со љубовни песни (забавни,турбофолк...безразлика). Цртаните филмови исто така повикуваат на некој начин на тепање и ред други такви криминални работи од што произлегува и таквиот начин на однесување на децата. Сум била и сеуште сум во друштво и на богати и на помалку богати луѓе. Помалку богатите дома постојано зборуваат за пари "ех само кога би имале пари", богатите исто така дома постојано зборуваат за пари.Ниту едните ниту другите не се задоволни со парите што ги имаат.И едните и другите сакаат, бараат и зборуваат за повеќе.Децата постојано ја примаат оваа информација од околината и ја таложат во потсвеста.Бидејќи недоволно се едуцираат (не читаат книги,романи, литература),не размислуваат со сопствена глава така што и начинот на размислување во најголем процент им е наметнат од општеството и се разбира дека ќе размислуваат само за пари. Што може и друго да се очекува?
А дали ова е нормално?-Не, тоа е далеку од нормално.Јас би рекла нездраво.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Kриво е општеството, да криво е затоа што не ги спречува Цврчак и компанија да им ги перат мозоците на децата со нивните квази-идеали, пички, брзи коли, шампањци итн.

Треба да се помириме дека денешните деца не се исти како што биле децата way back when. Тоа време на играње џамлии и фудбал пред зграда поминало. Или барем се поместила границата.

Денес пред зграда си играат копиљаци од 5-6 години. За поголемите батковци тоа е понижување. Наместо тоа, дремат во засмрдени играчници и кршат прозорци наоколу. Тоа е реалноста, и ние можеме да го бараме виновникот за неа до бесконечноста и назад, но и да го најдеме тоа нема да промени ништо.:toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
The Goddess напиша:
Ретко кое дете се воспитува на правилен начин.Денес книгата е заменета со телевизорот, спортот со компјутерот, детските песни со љубовни песни (забавни,турбофолк...безразлика)
Еве, цитатов како пример. И сега, сакате да ми кажете дека јас треба да се помирам што денешната младина не ужива во вистинските вредности. Вие помирете се, и вашите деца ќе искочат монструми, не моите.

Проблем број 1. „Пари“ - Јас живеев во поинакво време. Верувајте немавме за леб, а сепак дома кај мене немаше пцовки, а имаше книги. А немавме за леб. Парите, не се изговор.

Проблем број 2. Општество - Телевизија и хајтек... “Кантер“ и слично. Јас растев со флиперници, скиснував играјќи и гледајќи. Но дома ми беше нагласено дека тоа не е исправно. Порано или подоцна, сфатив дека е губење време, а за истото време пасијата кон маалскиот фудбал која ми беше поддржана... остана.

Проблем број 3. Родители - Нивниот авторитет е се` за еден млад човек. моите родители направија пропусти како и сите други, но оние кои допрва треба да бидат... треба да знаат дека од нив зависи какво дете ќе пораснат. Доколку имаат намера да се вадат на пари, околина и хајтек, нека не помисуваат на цуцли и пелени. Имаат он лајн менаџери и слични игри кои бараат внимание...
 
Orkad

The Master
Член од
5 октомври 2007
Мислења
1.010
Поени од реакции
10
Јас не би рекол дека родителите се виновниците на таквите сонови на 12годишниците, тоа го прави опшеството, добро сеа опшеството го прави народот, значи народот, лугето како целина се виновни за ваквите размислувања на децата.
Бидејки ако јас на мои 9 год. го молев дедоми да ми ја направи најубавата дрвена пушка за да со другарите играме цајкани-терористи на улица, тоа во денешно време не може да се замисли, па сите играат кантер бе. Дури и едно дете да биде воспитувано на друг начин, не може тоа само да игра, па кога ќе ги види другарите и тоа ќе седне и кантер ќе си мети.
Ако за мене тогаш задоволство беше да ми се купи најубавата кола или камион играчка сега тоа е заменето со најновата NFS ком. игра.
...и уште милион други причини, за кои на некој начин и никој не е крив друго време, други вредности, нова технологија, па и нормално е поинаку да се размислувањата.

Иначе мене на 10ина години сон ми беше да бидам адвокат и да делам правдини...
 
Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Голем фактор е тоа што уште од мали нози кај децата постои дискриминација.Прекоумереното гледање на филмови во кој се бира prom queen исто така има големо влијание. Се делат у школо кој е главен, кој има мобилка, и сега некое дете кое нема тежнее да има и мисли дека спасот е во тоа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Јас не би рекол дека родителите се виновниците на таквите сонови на 12годишниците, тоа го прави опшеството, добро сеа опшеството го прави народот, значи народот, лугето како целина се виновни за ваквите размислувања на децата.
Бидејки ако јас на мои 9 год. го молев дедоми да ми ја направи најубавата дрвена пушка за да со другарите играме цајкани-терористи на улица, тоа во денешно време не може да се замисли, па сите играат кантер бе. Дури и едно дете да биде воспитувано на друг начин, не може тоа само да игра, па кога ќе ги види другарите и тоа ќе седне и кантер ќе си мети.
Ако за мене тогаш задоволство беше да ми се купи најубавата кола или камион играчка сега тоа е заменето со најновата NFS ком. игра.
...и уште милион други причини, за кои на некој начин и никој не е крив друго време, други вредности, нова технологија, па и нормално е поинаку да се размислувањата.

Иначе мене на 10ина години сон ми беше да бидам адвокат и да делам правдини...
Погрешно поставуваш некои работи. Секако дека е нормална еволуцијата на скоро се` во општеството. Но тоа не значи дека ние треба да се претвориме во “доцниот Рим“. Има методи, начини и средства како децата да не ни се претворат во роботи. Само ако сакаме да ги употребиме. Мислам дека веќе пишував за тоа... спортски клубови, хор, уметнички друштва, има идеи кооолку сакаш. Е тука веќе парите влегуваат во игра. Но верувај, ако еден родител му мисли добро на своето дете, и е свесен дека тоа ќе пропадне ако не му посвети внимание... ќе најде начин да го израсне. Па макар сам со него оди во парк и игра фризби...
 
E да и ти си во право...што е така, така е мора и родителот да си води сметка, сепак за негово дете се работи:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom