Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Штета. Искра се гревови, требаше да ги напуниме на овој натпревар и да си свиркаме на реваншот. Само да нема вакви кардинални грешки и сигурен сум дека добиваме во Тетово. Одлична е екипава, само уште да се попуни на пар места кај што фали и и ќе бидеме топ. Ова до сеа што го праат е премија, мада јас искрено и се надевав на добар настап у првенство пошо нашава лига е трагедија. И покрај финансиските проблеми имаме ние состав кој не е ни малку наивен. Коа ќе подразмислам, боље овие млади и полетни клинци надополнети со некои постари, него као екипата претходно со "ѕвезди" која реално знаела да пружи многу полоши партии од овие дечки денес. Браво за пожртвуваноста и вербата во себе и позитивен резултат. Тоа е нешто што ја враќа вербата во Вардар, и памет во глаа коа ќе заврши суспензијата. Ова као да беше само една лекција за луѓето у клубот како треба да се работи за во иднина. Е сеа колку имаат капацитет и желба тоа да го сфатат, не знам. Само да се продолжи по овој пат и далеку ќе догураме.
 
Цветановски искина денес. Натпревар на кариерата, како ги нижеше само.
Штета што не даде гол во неколку наврати.
Исто така житвотна партија на голманот на Шкендија. Реално денес ги размонтиравме, по бројот на шанси, требаше да ги тепаме 7-2.
За жал, ние игравме они даваа голови. Се изнапромашивме во првиот дел или подобро кажано се изнабрани голманот на Шкендија. На спротивната страна примивме трапав прв гол и мајсторски втор погодок на Ибраими. Е тоа ни фали во Вардар. Серафимов исплива на долга топка, одличен штоп на гради на Ибраими и прекрасен волеј во аголот. Голчиште.
Далеку е Серафимов од репрезентација, уште фурни леб треба да јаде.
Во второ полувреме фрливме се на една карта. Влезе Адем место Серафимов, НОВАК ОТИДЕ КАКО ШПИЦ, а потоа и Колевски го засили нападот.
Се нижеа шансите и конечно Колевски намали на 1-2.
Потоа имавме неколку шанси преку Цветановски и Жуниор, пред Бразилецот да искористи едно нафрлување на Тошевски и да погоди за 2-2.
Потоа, Али Адем се посрамоти. Цветановски го нанижа пола тим на Шкендија, додаде до Адем, дојдовме во ситуација да биде сам пред гол и да има уѓте 2-3 слободни играчи за да додаде. И се збуни, се изгуби во тоа косиштето и ја додаде во празно, па му ја пресекоа. Се изнаплака на крај од утакмицата. Али да сум тренер, земам машинката и нуларица го шишам да му ебам тоа.
И после тоа утна уште една шанса. На крај непотребно Мицевски направи црвен картон, втор црвен на натпреварот после оној на Мици на 0-1.
Во секој случај, овој натпревар може само да не радува, особено ради пожртвуваноста на играчите. Овие никаква игра немаат, само имаат добри поединци.
Има надеж во тимот, заслужуваат голема поддршка со Пандевци во недела. Куп како куп, небитен, додека играме добро во првенството.
 
Да не го урочам Цветаноски, ама како да созрева полека. Ова денес веројатно му беше партија на кариерата. Иначе маестрална партија денес на црвено-црните, само штета што трудот не беше уновчен со победа. Апсолутно ја заслужија. Само пак ќе повторам, ме плаши дека играчите ќе се исцедат со вакво темпо. Мечот со Пандевци у недела ќе им биде петти во рок од две недели, а теретот го изнесоа горе-доле истите 12-13 играчи. Еве Мицевски денеска доби црвен, иако според мене сосем незаслужен. Се надевам дека истиот не важи за првенствени натпревари. Тетовче мора повеќе да го комбинира тимот, па макар и трпеле резултатите понекогаш ради тоа.
 
Ke im odgovara posle toa pauzata za reprezentacija..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom