Најтешка работа во домаќинството

  • Креатор на темата Креатор на темата Бејко
  • Време на започнување Време на започнување

Најтешка работа во домаќинството

  • перење

    Гласови: 5 3,9%
  • спростирање алишта

    Гласови: 5 3,9%
  • пеглање

    Гласови: 10 7,8%
  • готвење

    Гласови: 8 6,2%
  • миење садови

    Гласови: 17 13,2%
  • работа со правошмукалка

    Гласови: 11 8,5%
  • бришење прозорци

    Гласови: 8 6,2%
  • бришење прашина

    Гласови: 8 6,2%
  • чистење на загорени површини

    Гласови: 12 9,3%
  • чистење на WC

    Гласови: 45 34,9%

  • Вкупно гласачи
    129
Бришење прашина (посебно е напорен моментот: ПеТ-ПрСти-ДеБел-СлОј)
Кревање килими.
А вецето и не е е така тешка ствар, бидејки секогаш имаш подобра солуција од класичното рибање плочки и школка: Тушот со врела вода на максимален притисок, доза детергент, уште еден шмрк, па аспиратор. Мекица и пол
 
чистењето на wc ми е најтешко и сеуште не се осудувам да го работам по втор пат:nene: ...а тука ќе го додадам и пеглањето лелее:nesum: :ufuf: :samoubijam:
 
чистење на WC дефинитивно :pov:
 
Гласав за пеглање, не ме бива ама ич...а и досадно е.. и живците ми се кинат. Па тоа кошулите кога ќе дојдат на ред :nerv: уфффф полудувам
 
Све што вклучува шлапкање со вода, не ми е тешко. Ставам ракавици и терам. Бришење прашина и ракување со правосмукалка (класична) ми се ноќна мора. Алергична сум на прашина :(.

Во последно време ме загрижува ефектот на јаките средства за чистење на околината: сето тоа оди во Вардар, ви текнува? А антибактериските средства на подолг рок само ги зајакнуваат бактериите. Читав упатства по интернет од домаќинки кои чистат само со сода-бикарбона, вински оцет, лимон и маслиново масло. Ќе пробам вака следниот пат, претпоставувам дека има повеќе рибање, но ќе ми биде почиста - совеста.
 
Леле мене па се ми е тешко кога сум така омалаксана и не ми се работи, а почесто сум таква. Финтата е, да не почнам! Тогаш не ме запира никој и ништо не ми е тешко. Но тие моменти ги мразам дека ги немам често ... се ми е поинтересно од чистењето бе ...:placko:
Ама еве јас си најдов лек, па вие другите мислете му се уште ... ќе си ги земам дотичната и екс машинкава за тањирите и чистењата со вода, јоки за ве-це-то, Д Лејди за прозорите и правосмукалката, Годес за теписите итн. Мх, мх, мх!:vozbud:
 
најнеблагодарно од се горенаведено ми е бришењето прашина. колку и да избришеш убаво проклетата повторно се враќа.затоа не верувам во бришење на прашина. и затоа толку често ми викаат дома.
 
Најтешкото го нема на анкетата!
Пеглање и закачување на завеси!!!брррр погадно и побанално нема!
Се друго ми е нормална работа која некоја ми и прави задоволство.
 
миење садови...ако се нафатам да ги мијам ке си клам нараквици оние гумени шо се,ама и така нееееможам...досадно и глупо,а понекогаш и грозно ми е...бљак..смрт ми е коа ке речат моите "најмалиот да ги мие САДОВИТЕ"
23_11_62.gif

ама зато најзабавно е со правосмукалката да чистам:wink:
 
Гласав за пеглање, не ме бива ама ич...а и досадно е.. и живците ми се кинат. Па тоа кошулите кога ќе дојдат на ред :nerv: уфффф полудувам
Мене па тие најлесни ми се. :pos:
Прашината ми е тешка, проклета да е. Ја мразам.
mysmilie_165.gif
 
Најтешко е миењето на WC-то.
 
Перење ама и бришење прашина,не да е тешко ама е неверојатно здодевно и црепски
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom