ЗБОГУМ на коцкањето

  • Креатор на темата Креатор на темата Миг1440@
  • Време на започнување Време на започнување

Верувам дека Миг1440@ :

  • ќе влезе во коцкарница, нема да издржи!

  • ќе влезе во коцкарница ама нема да се коцка.

  • ќе влезе во коцкарница и ќе продолжи со коцкање.

  • ќе го одржи ветувањето и нема да влезе во коцкарница и да се коцка.

  • не знам што ќе направи.

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Една од причините зошто ја отворив темата, затоа што некако е ставена на маргините, нема по телевизиите да се збори или да најдеш на интернет на македонски а се зима поголем замав,да имало коцка има и ќе има,но што е со тие што се коцкаат компулсивно на нив им треба поддршка освестување со добри и лоши примери,во лекување на зависности голем удел има и поранешни коцкари алкохоличари наркомани кои пишуваат или зборат како го победиле злото но кај нас опшеството не е до тој степен дојдено за да може јавно да се збори одма би бил етикиран.
 
Не постои излечен зависник, постои само темпирана бомба која ќе пукне еден ден. Дали еден од сто останал чист до крајот на животот. Можеби намалил, можеби паузирал или слично но верувајте дека не прекинал. Или заменил една зависност со друга или е само е чист пред другите а во себе ако е искрен знае дека е не е како што треба. Да, и јас одам во кладилница и кога помалку кога повеќе изигрувам по некое ливче но навика е тоа и и нема лек. 98ма пред светското беше далеку колку и да викам дека не играм повеќе знам дека ќе играм само поентата е да се игра со пари кои може да си дозволиш да ги изгубиш. Не да позајмуваш не да играш со пари што ти се за друго. Играш за забава а за профит и заработка одиш на работа или работиш нешто. Коцкање не е работа.
 
се сеќавам во 60тите, кога бев тинекџер, кај другарот игравме Покер... татко му праша, што праите, другарот одговара играмо у Чврге... тако то почиње кажа татко му...се сеќавам и на коцкањето на автомати во Метропол.. 2 пати бев, еднаш добив, со многу мал влог 4 бара, доста пари, излегов на корзо на плоштад, ама не може да издржиш, пак се вратив и после саат време сите ги изгубив... втор паат службено кога бев во Краљево 80-тите, убаво тргнаавме во Врњачка бања , во хотелот имало некој симпозиум на медицински сестри, кај се фатив за автомат, па добив бргу 3 бара, таман да синот да му купам количка со даљинско убава, ама чивијата не ти дава да прекинеш, бараш 4 бара...па едно сат време утепав и се што добив изгубив а и не отидов кај медицинските сестри :cool: ... од тогаш ништо од коцка, тук така играв синглови ракомет лига шампиони, Вардар кога беше актуелен, но со минимални пари, 2-3 синга за 100мкд и тоа барав нерешени, најголеми коефициенти, па некогаш и добивав по 300мкд, а кеиф ми беше газдата од Копачка што се нервираше оти на ситни пари
 
Психичка болест, специјалист?
За ова ти треба мозок, малце размислување и одлучност, ти кажувам од прва рака.Ако веќе коцката негативно влијае врз твојот живот, просто е и едноставно , сечиш.Веќе 2 месеци немам уплатено тикет, конечно може да се ужива во живот, со позитивни мисли и без нервози.Самиот процес на коцкање во повеќе наврати те спречува да напредуваш, особено во најдобрите млади години..Ќе си најдеш друга активност каде ќе ја трошиш својата енергија.Ама да, денеска е лесно да речиш леле колку е тешко да се откажиш од коцка, алкохол итн.Не е тешко, туку си чоек без иднина(не за тебе лично туку карикирам).Ако одбираат нервози, лош живот, и долгови по брзи кредити отколку да ги сменат работите, не заслужуваат ништо подобро
Два месеци не е период да кажеш дека си се откажал готово, дај боже никогаш повеќе да не уплаќаш ливчиња.
 
Не постои излечен зависник, постои само темпирана бомба која ќе пукне еден ден. Дали еден од сто останал чист до крајот на животот. Можеби намалил, можеби паузирал или слично но верувајте дека не прекинал. Или заменил една зависност со друга или е само е чист пред другите а во себе ако е искрен знае дека е не е како што треба. Да, и јас одам во кладилница и кога помалку кога повеќе изигрувам по некое ливче но навика е тоа и и нема лек. 98ма пред светското беше далеку колку и да викам дека не играм повеќе знам дека ќе играм само поентата е да се игра со пари кои може да си дозволиш да ги изгубиш. Не да позајмуваш не да играш со пари што ти се за друго. Играш за забава а за профит и заработка одиш на работа или работиш нешто. Коцкање не е работа.

Постои само патот е доста тежок. Т.Е. можеби и лесен, треба само човек да прифати дека во животот нема лесни пари и дека чесната работа е она што останува во 99% од случаите. Исто и дека никогаш нема да си ги вратиш парите што си ги изгубил со вложување на нови.

Сум потрошил премногу време на пробување најразлични системи, адреналинот и возбудата кога ќе ги победиш кладилниците не се споредуваат со ништо на светот, но по законот на математиката секогаш доаѓа црна серија која ќе те трасни од земја.

Иако немам одиграно тикет долго време, сметам дека одигрување Лига на Шампиони натпревари колку да ти бидат интересни вечерта за ситна пара не е зависност.
Зависност е кога во текот на целиот ден мислиш само на тоа, кога со пријатели си присутен со тело а отсутен со мозок, кога постојано дневните активности ти се однесуваат само на креирање тактики и мислење што да се изигра следно.

За жал овој брз живот во кој што живееме каде постојано има други луѓе кои имаат повеќе и поубави работи од нас придонесува се повеќе и повеќе луѓе да гледаат на коцката како брз начин на заработка и да трошат премногу пари.
Прифаќање на реалноста дека нема да ја имаме најубавата кола или најубавата куќа или доволно пари за најубавиот одмор е единствен начин за излегување од тој магичен круг.

Ова видео е можеби најдобрата терапија, секој може да се излечи доколку си ја прифати својата реалност.
 
Добро сега...така се поклопи што имаме модератор со истото име...сепак е смешен коментарот, треба да се сложиш. :)

Односно темата: Кога станува збор за коцка, не сметам дека една таква тема во форум ќе биде корисна. За таква психичка болест е потребно да се контактира специjалист.

Не сметам дека сега е тоа време "што зема голем замав за коцкање"...коцкање е имало отсекогаш и секогаш ќе има!
Да имало има и ќе има но што правиме со опсесивно компулсивно коцкање дали може да се помогне освен со добри и лоши искуства од типот на психолог и психијатар нема големо фајде од искуство пишувам.
Автоматски споено мислење:

Имаше еден предлог да се оди на психолог или психијатар дали има некој со медикаменти да се излегувал о таква зависност ќе ве замолам само со лични искуства.
 
Последно уредено:

Никакви лекови, не се залажувај, само цврста воља и бистар ум....ајде храбро.
 
Кога кладилниците дојдоа кај нас, бевме сеуште средна школа. Во тоа време сите другари пратевме спорт и се бавевме со спорт... секој нешто тренираше. Немаште лиги, тимови, играчи, првенства... од фудбал или кошарка за кои не знаевме се, зборувам за битните а не како сега за втора лига норвешка. Кога стигна првата кладилница, просто не ни се веруваше дека има можност да одбереш било која утакмица во светот, да играш било каква комбинација, дека нема како на дотогаш спорската прогноза на лотарија да мора да играш дадени 10 утакмици од италијанска лига... сега си бираш утакмици кои ти ги сакаш и играш синглови или си правиш комбинација со други утакмици кои ти си ги бираш.... фантазија. Првите реакции ни беа дека тоа е супер, едноставно тоа се лесни пари, неможе да изгубиме на такви дадени можности, ние се разбираме од спорт... и игравме, игравме, игравме и не ни се веруваше дека сме толку дебили да неможеме од утакмиците во цел свет да погодиме ебени три! Кога некогаш ке се трефнеше да погодиме пак ги вложувавме тие пари и ги губевме.... Никој не стана зависник од кладилница, со тек на време еден по еден се откажавме од играње, свативме дека нема можност да победиш кладилница, ако можело да се победи никој немало да отвори кладилница. Губиш сигурно, дури и кога ,,добиваш,, пак губиш оти пак ги вложуваш тие пари. Мака ми е само за тоа што кладилниците ни го ебаа интересот за спорт, никој веќе не прати спорт со таков жар како пред кладилниците. Кладилниците ни се доказ дека голем дел од утакмиците се наместени за нив, големи пари се во игра и нема повеке спорт. А познавам ликови кои се зависници, луѓе кои не сватиле дека не може да ја добиеш кладилницата... пропаднати начисто, луѓе со многу пари, убави и големи бизниси, доведени до просјачки стап, останати без ништо, гонети од банки, извршители, лихвари, оставени од жени и деца...
Ако сакаш да се откажиш од играње, кога ке намислиш да одиш во кладилница повторувај си во себе: ,,Не е глуп тој што отворил кладилница, не ја отворил за јас да добијам,,.
 
Т.Е. можеби и лесен, треба само човек да прифати дека во животот нема лесни пари и дека чесната работа е она што останува во 99% од случаите.

Всушност, обратно е. Само лесни пари постојат, затоа што веројатноста да се збогатиш со чесна работа е мимимална. Како беше муабетот, да се заработуваше со работа, магарињата ќе беа најбогати.

Ова е веројатно светски рекорд во напишани банални работи, ошти места и теткински муабети. Сакам да ја искористам оваа прилика да те запознам со овие ликови:

Со чесна работа може да се живее пристоен живот. Затоа и пишав дека прифаќање тоа што нема да се купи најновата кола, најновиот телефон или најновиот стан е прв чекор кон одвикнување од зависност од коцка. Затоа што тука се прави муабет за одвикнување од коцка. Затоа што тука се прави муабет за просечен човек, односно 99% од зависниците.

Лесни пари и збогатување на константен период без мака нема затоа што парите се секогаш производ на вложеното време и труд. Против математиката, кладилницата и казиното не може да се победи. За линковите што си ги пишал освен што пишува дека се професионални обложувачи не пишува ништо, повеќе пишува за нивната кариера како покер играчи што нема врска со главниот проблем, зависност од кладилница и казино каде играш против математика и маргина, наспроти покерот каде играш против останати луѓе, немаш маргина која пополека ќе ти ги зема. Маргината на долг период не можеш да ја победиш, освен во одредени случаи.

Да, постојат одредени случаи како последниот пример на Божинот со играње на валуе бет каде што тоа е метод што долгорочно ти гарантира добивка, но тука се кладилниците да те лимитираат па тоа ќе биде краткорочно. На крајот пак парите што ги добил се производ на тоа што вложил време да учи за методот, да го разбери како функционира и да го спроведи во пракса. Хипотетички, сега тој останува без приход, а доколку тоа време што го потрошил да учи за валуе бет методот, целиот пат со отворање сметки верификации и глупости да го потрошел во вложување во себе, учење вештини и знаења, завршување одреден курс, може во иднина да му гарантира солидна заработувачка.

Ќе завршам со тоа што во Македонија постои и 15% данок на добивка, а онлајн кладење е забрането. Значи на легален начин нема воопшто теоретска шанса за збогатување. Можеби некој тек тук ќе успее да пронајди начин краткорочно да го пробие системот, ама за 99% од зависниците останува да си ги враќаат долговите со вложување на своето време и вештини во чесна работа.
 
Една од причините зошто ја отворив темата, затоа што некако е ставена на маргините, нема по телевизиите да се збори или да најдеш на интернет на македонски а се зима поголем замав,да имало коцка има и ќе има,но што е со тие што се коцкаат компулсивно на нив им треба поддршка освестување со добри и лоши примери,во лекување на зависности голем удел има и поранешни коцкари алкохоличари наркомани кои пишуваат или зборат како го победиле злото но кај нас опшеството не е до тој степен дојдено за да може јавно да се збори одма би бил етикиран.

форумов е виртуелен тоалет, ако мислиш дека овде можиш да разговараш за сериозни работи се лажиш, ќе те турнат бетер овие, тоа ќе го направат низ хаха шега, се разбира ако не прочиташ навреме за што луѓе станува збор. Не ги слушај муабетите од типот на нема излечен зависник. Животот е за многу повеќе од тоа да го слушаш мислењето на такви емоционални вампири. Патот ќе е тежок, ама пред да почниш да го одиш, прво што треба да направиш е да се ослободиш од луѓе што те влечат надолу со такви размисли, дека таа состојба на зависност е константа од која нема мрдање. Или дека пари се вадат само лесно, а не со труд. И со труд се станува богат. Ќе се вчудоновидиш од патиштата што ќе ти ги отвори создателот (не ме интересира дали си религиозен), штом ќе види дека сакаш друг живот.

За мене како тинејџер најинспиративна приказна беше таа за Дејв Ган, фронтменот на англискиот бенд Депеш Мод (со француско име). Нивната музика ме протурка низ многу тешкотии во тој период од мојот живот, истовремено ме направи кул кид, а јас не бев ни свесен за тоа. Неколку години бев опседнат со животните приказни на членовите, прилично настрадани луѓе, како сите нас, како сите други. Дејвид имал проблеми со Хероин во 90ти, во време кога САД им ветува да ги направи новите Битлси, па им го врти грбот во моментот штом ги гледа психичките проблеми, траумата, дрога токму кај фронтменот, кој во доста голем дел е заслужен за успехот на бендот (вокалот на Дејв е Баритон, еден од најретките и најтешки машки глазби).
Дејвид се спасил. За неговиот спас тој вели дека задолжена е Џенифер Склијас (америчка гркиња), неговата сопруга. Во моментот кога ја запзнал се збогува со стариот живот, но веројатно и тој самиот сакал да се спаси и покажал голема волја, затоа и толку ја цени сопругата. Пред некоја година се појавија како бенд со најголема заработка. Не, Колдплеј, не Џеј Зи со Бијонсе. Депеш. Со распродадени Стаде де Франс неколку ноќи со ред во Париз, Олимпија во Берлин. Во Шпанија беа од секогаш сакани.
Мојот совет е активно да бараш друго хоби, нешто што ќе ти годи, нешто што ќе те направи вистински, долготрајно среќен. Ти посакувам успех на твојот пат.
 
Последно уредено:
,,,mme ,,,i se po spisok,,,,koga prochitav pomisliv deka neshto i se sluchilo na kocka,,, idi begaj ,,, i menjaj toa naslovot,,,
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom