Друже далеку ти е Македонија од овакви работи, тука се третираат како пороци а не како нешто на кое треба да се даде помош. Па кај родители да идеш за помош поише ќе се замараат со тоа што ќе каже комшилук отколку да се даде морална и психичка помош. Ако имаш пријатели и/или роднини на кои можеш да им се довериш и да ти помогнат, ѕвони им коа ќе игра ѓаволот у тебе, да се видите една пијачка муабет, со време желбата ќе стивне коа ќе нема стимул.
Ако немаш такви луѓе у животот, земи замени зависност со друга навика, на пример, те јаде рука да се коцкаш, пушти некоја серија, оди тренирај, медитирај, што било, или па земи миленик да се грижиш за него, ќе ти тргне мисли од срањето. На апарати седат најочајни што удриле дно, и со секој ден истите тие луѓе се повеќе тонат, ќе им нема оправија, освен ако самите не земат мерки, за жал, не сме ние земја за помош од професионалци.