Кога кладилниците дојдоа кај нас, бевме сеуште средна школа. Во тоа време сите другари пратевме спорт и се бавевме со спорт... секој нешто тренираше. Немаште лиги, тимови, играчи, првенства... од фудбал или кошарка за кои не знаевме се, зборувам за битните а не како сега за втора лига норвешка. Кога стигна првата кладилница, просто не ни се веруваше дека има можност да одбереш било која утакмица во светот, да играш било каква комбинација, дека нема како на дотогаш спорската прогноза на лотарија да мора да играш дадени 10 утакмици од италијанска лига... сега си бираш утакмици кои ти ги сакаш и играш синглови или си правиш комбинација со други утакмици кои ти си ги бираш.... фантазија. Првите реакции ни беа дека тоа е супер, едноставно тоа се лесни пари, неможе да изгубиме на такви дадени можности, ние се разбираме од спорт... и игравме, игравме, игравме и не ни се веруваше дека сме толку дебили да неможеме од утакмиците во цел свет да погодиме ебени три! Кога некогаш ке се трефнеше да погодиме пак ги вложувавме тие пари и ги губевме.... Никој не стана зависник од кладилница, со тек на време еден по еден се откажавме од играње, свативме дека нема можност да победиш кладилница, ако можело да се победи никој немало да отвори кладилница. Губиш сигурно, дури и кога ,,добиваш,, пак губиш оти пак ги вложуваш тие пари. Мака ми е само за тоа што кладилниците ни го ебаа интересот за спорт, никој веќе не прати спорт со таков жар како пред кладилниците. Кладилниците ни се доказ дека голем дел од утакмиците се наместени за нив, големи пари се во игра и нема повеке спорт. А познавам ликови кои се зависници, луѓе кои не сватиле дека не може да ја добиеш кладилницата... пропаднати начисто, луѓе со многу пари, убави и големи бизниси, доведени до просјачки стап, останати без ништо, гонети од банки, извршители, лихвари, оставени од жени и деца...
Ако сакаш да се откажиш од играње, кога ке намислиш да одиш во кладилница повторувај си во себе: ,,Не е глуп тој што отворил кладилница, не ја отворил за јас да добијам,,.