Мене не ми се јасни овие на апарати што го трошат времето, парите и живците. Седиш пред тоа и штракаш ко будала, па нели ви станува досадно послем одредено време? Никакво задволство не преставува тоа штракање. А и не знам што мислите, дека баш ти со тој на кој ќе му клапнат црешички и ќе стане богат преку ден. Вакви игри бабине од америка ги играат зошто не ги разбираат останатите игри на среќа.
Ај спортска, покер и некој такви игри ќе разберам, размислуваш, пратиш, ќе го убациш мозокот во втора, Покрај среќа бара и одредено знаење и ако ги разбираш можеби и да ќе ќариш нешто. А на апарати си осуден на пропаст од старт освен на почеток не фатиш нешто крупно и си речеш крај, ме послужи среќата.