Светско првенство(мажи)-Полска и Шведска 2023

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот светски шампион?


  • Вкупно гласачи
    88
Секоја чест на ова што го изиграа Американциве со Данска. Данците дури и пробуваа да бркаат поголема гол разлика, а Америве не дадоа да изгубат двоцифрено! Што би се рекло вчера се собрале да играат ракомет. Квалитетот им е на ранг на Уругвај, ама имаат добар тренер и најбитното се борат на терен и играат со максимум од тоа што можат.
 
Ме разочара што на почетокот на мечот дозволивме Тунис да почне со 5:0 за само 5 минути. Тоа беше знак дека бевме неподготвени за натпреварот, потценувачки. Кога ќе почнеш така тешко е да се вратиш во истиот натпревар. Следеа грешки, а во одбраната како и на целото првенство бевме ненаштимани „без густина„. Нашата одбрана им дозволуваше лесни голови на Тунижаните. Едноставно немавме направено фаул над противник кога игравме 6-0 во одбраната.

Со исклучок на Кузмановски, Манасков и Митревски, кои беа сериозни во текот на целиот натпревар, останатите треба да се запрашат дали им е местото во репрезентацијата. Без навреда особено тие што играа во средина на нашата одбрана. Маркоски е со „спори нозе“ за да игра на ова првенство, истото го сметам и за Савревски и за Младеновиќ, млади но спори за да одговорат на квалитетот на првенството. На позициите 3-4 тешко ни оди, нема фаул, таму треба да се подобриме.



Бев изненаден од Ѓеоргиев што не може да одговори на позицијата 5, млад и нема физички предиспозиции од овој калибар. Можат сите да играат во македонската супер лига, но не и на големо натпреварување.


Повторно немавме соодветна транзиција. Сметам дека Костески требаше да го почне натпреварот, така да развиваме млади играчи. Талески кој го сметам за голем потенцијал, треба да биде лидер и да се приклучи на репрезентацијата и да решава од 9 метри. На оние момци како Савревски, Талески ако се шутира на гол мора да биде со изградена акција, но и тие треба максимално да влезат со шутот.

Како во одбраната и во нападот делувавме неорганизирано. Така беше и на претходните натпревари. Според мене поголема минутажа требаше да има Костадин Петров. Македонија има и други играчи кои можеа да играат на ова првенство и можеа да дадат повеќе, на пример Михаил Аларов или Емилијан Ѓорѓовски, но сепак изборот на играчи е на селекторот. Повторно игравме само со Манасков на позиција лево крило можеби требаше тука да биде и Цветан Кузмановски, само така ќе се даде шанса на младите да се развиваат.

Ова денеска повторно беше бледо издание. Разочарување, очекувавме повеќе.

Навистина е штета што Јагуриновски се повреди на самиот старт на првенството, а како десен бек и Серафимов го добиваме на некој начин, но не и Савревски, за таа позиција има и други играчи.

Потребно е да се направи вистинска селекција и други момци чекаат на шанса. Но и ако ти е дадена шанса – треба да гризеш.

Младите мора да разберат дека постојат тркачи и играчи.

Добра анализа од Дарко Петровски
 
Не го пратам првенствово прв пат можеби да непратам ваков настан ама од Тунис кој е моментално во голем пад не е ни налик на оној Тунис од некогаш да го јајш е срамно веќе ама не е ни за мене чудно. Бедни сме реално незнам со кој мозок одат на варијанта брз ракомет кога немаме основа за таков вида на ракомет од најмлади категории. Шо побрзо развијат некоја стратегија подобро како би се движела репрезентацијата понатака во иднина.
 
06759494-14A9-4D0C-AAA6-65A4429F2104.jpeg
Зошто Исланд е втор кога изгуби од Унгарија, а решава меѓусебен дуел?
 
Шо имат врска ова табела на резултати битна е официјалната табела и правила.а колку се сеќавам Исланд ј атрпа Унгарија така да во ред е табелата
4C5AD32B-B95B-4678-913F-76247C4DC5C6.jpeg
Исто е, а и Унгарија го тепа Исланд
 
https://www.gol.mk/rakomet/zaludna-...-ungarija-kje-bide-posledniot-chetvrtfinalist

Кога ќе напише некој ваков наслов коса да ти се крене. Залудна победа? Е ај требаше да им ја дадат на Бразилциве да се порадуваат, така? Инаку браво за Исланд како се бореше цела утакмица и ја сврте. Голманите им беа доста слаби (а и не покажаа ништо на првенството... првиот е постар и далеку е од нивото кога бранеше добро, вториот си брка лајкови на инста) и упорни беа и ја свртеа утакмицата. :cuc:
 
Меѓусебен се гледа прво, ажурирано е сега Унгарија иде даље.
 
Види ги ти Американциве, водат 2 разлика со Белгија на полувреме (Белгија која го исфрли Тунис во президент купот), а Америве до пред 2 год губеле од последен ешалон банана репрезентации како на Бугарија..
 
Види ги ти Американциве, водат 2 разлика со Белгија на полувреме (Белгија која го исфрли Тунис во президент купот), а Америве до пред 2 год губеле од последен ешалон банана репрезентации како на Бугарија..
Тоа е позитивната работа што играме во президент купот, нема да може да изгубиме од американците :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom