Светско првенство(мажи)-Полска и Шведска 2023

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот светски шампион?

  • Вкупно гласачи
    88
Тврда утакмицава како Данска - Египет на претходното СП.
 
Пенали не им бегаат. Апсолутно се непотребни втори 10м продолженија.
 
Браво Варгас ги уништи норвежаните.
 
Чудо се Шпанциве,секое првенство нешто ново презентираат,а и Жорди Рибера е селекториште,дефинитивно број еден селектор во овој момент.
Направил меѓу играчите невидена хемија и тимски дух,нема никакви комплекси,сите гинат еден за друг,дури и покрај толкава конкуренција се наоѓа место за секого.
Канељас е убедливо најпотценет играч во ракометниот свет,нема крај за човеков,еве 5 години поминаа откако Вујо го правеше мртов играч и дека е чудо некого да издрибла.
Изгледа толку смирено,на моменти спор и тромав ама се тоа го надохнадува со искуството што го има.
За неговата играта во одбрана нема да коментирам многу,сигурно е меѓу најдобрите дефанзивци во историјата на овој спорт.
Браќата Душебаеви милина за гледање,Дани веќе прераснува во феноменален лев бек,денес можеби и играч на натпреварот,даде гол за продолженија и после го даде решавачкиот гол.

Уште да кажам и последната акција од регуларниот дел кога Шпанците постигнаа гол за продолженија,се виде од авион дека тоа е воиграна акција и не случајно се најде Дани баш таму.
Значи до толку се спремени и за такви моменти,секој детал е разработен и секоја акција им е претходно спремена,затоа имаат и толку успех како репрезентација последниве 5-6 години,а нивните тренери доминираат секаде низ Европа и ги водат најдобрите клубови.
Тоа е изграден систем,им посакувам да стигнат до ново злато.
 
Не ми се верува како прокоцка Норвешка таква шанса и си ја продаде топката и утакмицата на крај. :confused:

Иначе истите четири екипи кои беа во полуфиналето на прошлото ЕП ќе играат во полуфинале и сега - па дури и истите парови.
 
И на минатото СП беа истите.
 
Каква утакмица ќе беше Норвешка-Данска. Ќе ги вратат на фабричко сеа Шпанциве, доста им беше. Пресилна е Данска.
 
Каква утакмица ќе беше Норвешка-Данска. Ќе ги вратат на фабричко сеа Шпанциве, доста им беше. Пресилна е Данска.
И лани вака беше па го примија Шпанија е тактички најсилна репрезентација
 
не пратев 2 дена, сега не ми е јасно пишува на ливе скоре , Германија -Египет за 5 место а Норвешка -Унгарија за 7 место, а Норвешка ја доби Германија во група ????
 
не пратев 2 дена, сега не ми е јасно пишува на ливе скоре , Германија -Египет за 5 место а Норвешка -Унгарија за 7 место, а Норвешка ја доби Германија во група ????
Лошо си видел, разигруваат за пласман од 5-то до осмо место.
Победниците од двата денешни дуели, во недела ќе играат за петто место, поразените за седмо.
 
Лошо си видел, разигруваат за пласман од 5-то до осмо место.
Победниците од двата денешни дуели, во недела ќе играат за петто место, поразените за седмо.
Sega e kako treba, popraveno, sabajle beshe pogreshno
 
50 Минута Германија 28-26 Египет
16 технички на Германија
2 технички на Египет
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom