Светско првенство(мажи)-Полска и Шведска 2023

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот светски шампион?

  • Вкупно гласачи
    88
Германија - Египет играат продолжение, ама ТВ нема,не само МРТВ1, ни еден спортски канал ..
 
Судиска брука со хрватска а и денес...сите грешки одеа на штета на шпанците....
Се надевам ќе се најде да им стапне некој на опашката, преку такво ми се и тие и Франција секоја година.
 
Се надевам ќе се најде да им стапне некој на опашката, преку такво ми се и тие и Франција секоја година.
ландин требаше да добиет 2 мин,2 мин имаше и кога свиреа пенал над даниел ,топката ко ја фати канелас....и уште многу други....на шпанците им фалит среден бек не најдоа замена за шема,сармиенто и браќата ентрериос
 
Судиска брука со хрватска а и денес...сите грешки одеа на штета на шпанците....
Судиите стално ги толерираат Шпанците со фаулите нивни и пренемагања. Па и во некои околности кога туркаат ептен, не им судат фаул (имаше такви две ситуации на утакмицава, па не беа баш сите на нивна штета). Разбирам имаат некоја си длабока одбрана специфична за нив, ама претолерирана од судиите години наназад.
 
И шпанците не се цвеќиња за мирисање ама скандинавците се мајстори кога им е тесно и на изедначени утакмици цела екипа се брутални и така ги добиваат утакмиците нарочито кога им судат од комшилукот....ево прво полувреме швеѓаниве топка не добија на поклон и....а да судеа данци, норвежани или исланџани ќе ги здробеа на французите.
 
Стефче Стефановски - КирЧе Лазаров рулз, ако слуша селекторчето, ќе му ги отвори очите за во иднина....
 
Колку постави може да состави Франција и на крај голманите им се на ранг на Златко Даскаловски. Мислам дека Македонија има бар 5-6 голмани подобри од овие.

Ја реши овој гадов Лауге Шмид. Му ебам фацата ко на другарчето на Пинокио што се претвори во магаре.
 
Каква ротација има Данска, страшна работа. Лауге сам ги тепа, сува класа е ликов, штета што се мачи со повреди.
 
Она што е Норвешка во жени, тоа е Данска во мажи. Каков е овај тим, какви се овие бекови, буквално само рафална паљба прават, не мора ни крила ни пикер са употребуваат. Питлик, Шмид, Гидсел, партали. Еден Хансен да не мора ни да шутира, машина како Холм воопшто да не влегува во игра, прелесно делува ракометов кога ги гледаш, немаат проблем во ниту еден напад, страшно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom