FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
#9 Македонија

Honeyland (2019) /Медена земја/
1653593015176.png

Ретко видена квалитетна камера!
Рецензија на никој македонски филм нема да пишувам, сите ги имате гледано, јас само 6-7 имам-најпознатите наши.
Во овој филм камерата едноставно ме изненади премногу. Глумата нема да ја коментирам, сите знаеме дека филмот е документарен и составен од непрофесионални актери. Ми сметаа неколку така "гадни" сцени со бабата и животните.
Фасцинантно е што во филмот нема монтирани случувања и е правен дури 3 години.
4/5
Автоматски споено мислење:

#9 Македонија

Avec l’amour (2017)
1653599220401.png

Многу ретко филм успева да ми донесе солзи во очи.
Документарен филм за професор по биологија, страсен колекционер на стари автомобили. Тоа е Дионис и целиот негов живот. Во филмот од 67 минути се покажани последните денови од професорската кариера на Дионис а воедно и неговото хоби и процесите на одржување и реализирање на музеј за олдтајмери. Не знам дали има монтирани сцени но сепак филмот си течеше најнормално и немаше присилени кадри. Камерата беше океј, глумата не се коментира.
Единствено негативно нешто во филмот е градоначалникот, каков антипатичен лик..
Сега прогуглав и видов дека пред 2 години професорот починал. Нека му биде лесна земјата. Приказ на одличен, културен човек.

4,5/5
 
Последно уредено:
Медена ноќ (2015)
Ај што не сум го изгледала, туку што воопшто не знаев за филмов, таа 2015 други работи ми се случуваа, па сум промашила дека сме имале филм, пријавен за Оскар.
Приказната универзална, иако пишувана за Чешка.

Една забелешка: кога се горе на тераса, Ана има кратка бунда, Никола долга, и пред да се симне по пиштолот, долгата бунда ѝ ја прегрнува на раменици. Ана се сепнува, веројатно се сетила дека имаат пиштол дома, и трча по скалите надолу, овој пат со кратката бунда, а долгата виси на закачалка. Е како можеле ова да го превидат, ич не ми е јасно.

Ако ставам 9/10, не знам дали за чешкиот писател ќе е тоа, за неговата безвременска и интернационално универзална приказна, или за филмот како целина? :)
 
Немам време периодов за рецензии и слично. Се решив да ги прегледам моите омилени филмови, можеби ќе наидам и на некој шо го немам гледано.

Прв го изгледав ,,Илузија'', можеби мојот омилен филм. Цитати кои ги користам и ден денес. 10/10

Втор е ,,Тетовирање''. Зарем треба да се коментира ова ремек дело? 10/10 за оваа вечна тетоважа врз македонската кинематографија.

Трет е ,,Самоуништување''. Матер да му ебам на таква гнаса од лик како што е Чичко Кумплунг, кумплузи на фаца да му газат. 10/10.

Следни ги планирам ,,Големата Вода'' и ,,Како Убив Светец'' .

Инаку на сите ќе им дадам 10ки. Носталгијата е многу поголемо чувство од каква и да било потреба за критика.
 
28. Среќна Нова '49 (1986)

1653760113030.png

Извини Пиги, морално беше! Култен филм, ама слично како и Денови на искушение и слично како што @Filip Telford го доживеал - и мене не ми се допадна многу. Поточно, ОК беше, да не претерувам сега, ама не е филм што треска од земја, а можеше да биде, имаше потенцијал. Она што (меѓу другото) најмногу ми се допадна во Денови на искушение - чистиот македонски јазик од српскохрватските актери, тука најмногу ми сметаше: Коста и Вера со нивниот тонски акцент ко да ги пеат зборовите. Првата половина од филмот некако и повеќе дешавки имаше и ми беше позабавен, но откако Мето отиде во затвор некако ко да почна да вергла во место филмот и едвај чекав да заврши. И овој е за шестка, ама само дека наш, добива 7 на стаклени нозе.

П.С. Кога ќе ја слушнам било која реплика од Мето Јовановски, во било кој филм, одма ми текнува на: „Волчкоооо, сакаш да бегаш, а?“ :pos:
 
Филм број 4 за мене е ,,Големата Вода".

Проклет да бидам!

10/10
Големата вода е masterpiece, еден од најдобрите наши филмови некогаш снимени. Подеднакво голем колку и романот, а и колку и водата. Македонскиот Демијан, многу ме потсеќа на Хесе. Глумата е феноменална, децата се закон, сите до еден. Уште кога ќе ми текне дека Исак Кејтен го глумеше девојче... Морници... Музиката, ах музиката! Таа е приказна за себе. Кога излезе филмот тогаш девојка ми ми го купи оригиналниот саундтрак кој уште го имам и често знам да го преслушам. Џајковски е ѕвер тука. Сценографијата и кинематографијата - лудило! Ептен го доловува духот на тоа време, те прави да се чувствуваш како да си баш таму. И едно од најубавите нешта - најавната шпица! Според мене тоа е една од најдобрите најавни шпицци на филм, воопшто. Закон е се тука, сега добив желба да го гледам пак, проклет да бидам! :love:
 
Кога бев средно имавме дело "Големата Вода". Јас ја читам книгата, се како шо треба. И си викам абе ова нешто многу познато, мора да е крадено од некаде. После разбрав дека помал сум го гледал филмот :D.
Инаку сигурно е во топ 5 македонски филмови.
А да се надоврзам и за Мето. За мене лично најдобриот македонски актер.
"Ке најдат зошто, војната е вирус"
 
Се сеќавам порано имаше еден ник Исак Кејтн на форумов.
 
Големата вода е masterpiece, еден од најдобрите наши филмови некогаш снимени. Подеднакво голем колку и романот, а и колку и водата. Македонскиот Демијан, многу ме потсеќа на Хесе. Глумата е феноменална, децата се закон, сите до еден. Уште кога ќе ми текне дека Исак Кејтен го глумеше девојче... Морници... Музиката, ах музиката! Таа е приказна за себе. Кога излезе филмот тогаш девојка ми ми го купи оригиналниот саундтрак кој уште го имам и често знам да го преслушам. Џајковски е ѕвер тука. Сценографијата и кинематографијата - лудило! Ептен го доловува духот на тоа време, те прави да се чувствуваш како да си баш таму. И едно од најубавите нешта - најавната шпица! Според мене тоа е една од најдобрите најавни шпицци на филм, воопшто. Закон е се тука, сега добив желба да го гледам пак, проклет да бидам! :love:
Мајсторија е потребна за да се сними добар филм за деца. А посебна мајсторија за девојче да го глуми Исак Кејтен и тоа одлично.
Се сеќавам книгата ја читав ноќта пред да ја обработуваме зашто морав да ја раскажувам утредента, ама ја прочитав во еден здив и ептен ме бендиса па пред некоја година си ја купив.
Инаку филмот и со визуелноста е еден од поубавите македонски.
 
29. Големата вода (2005)

1653776606758.png

Ете, го репризирав по втор пат. Овој пат, за прв пат ја гледав англиската верзија, со Раде Шербеџија како наратор. Немаше ништо плус, а и го немаше она: „Проклет да бидам“ на Мето (го имаше, ама преведено, како „Damn me“, што не е тоа тоа), па така малку ми го расипа впечатокот, ама сепак вредеше да се погледне и оваа верзија. Стои се од погоре:

Големата вода е masterpiece, еден од најдобрите наши филмови некогаш снимени. Подеднакво голем колку и романот, а и колку и водата. Македонскиот Демијан, многу ме потсеќа на Хесе. Глумата е феноменална, децата се закон, сите до еден. Уште кога ќе ми текне дека Исак Кејтен го глумеше девојче... Морници... Музиката, ах музиката! Таа е приказна за себе. Кога излезе филмот тогаш девојка ми ми го купи оригиналниот саундтрак кој уште го имам и често знам да го преслушам. Џајковски е ѕвер тука. Сценографијата и кинематографијата - лудило! Ептен го доловува духот на тоа време, те прави да се чувствуваш како да си баш таму. И едно од најубавите нешта - најавната шпица! Според мене тоа е една од најдобрите најавни шпицци на филм, воопшто. Закон е се тука, сега добив желба да го гледам пак, проклет да бидам! :love:

Морам само да го споделам ова ремек дело од Кирил Џајковски - Rain се вика нумерата, ова е малку extended cut, ја нема цела во филмот:


Штета што на youtube ја нема само најавната шпица, ама еве го целиот филм, и ако функционира исправно линкот, би требало да ве однесе директно до неа.


Ежење! Чиста ко солза 10/10!
 
Големата Вода (2004)
1025826820.jpg

Мразам вака да хејтам, ама ..

Ни да ме дирне. Дури досаден ми беше.
Лоша снимка прво. Второ приказната ништо посебно, не знам зошто ама уопште не сочувствував со децата. Глумата е добра само од малиот Кекеновски кој има некои такви природно тажни очи.
Исак Кејтен не девојче, можеше да биде и змеј ако сака ништо немаше да ми смени со оглед на тоа што само стоеше и не праеше ништо.
Другите деца ко и повеќето деца у филмови, мех.

И што првата сцена?
И што музиката на Џајковски? Ко у секој филм. Највише ради ова го пуштив филмот ама слабо, Преку езерото има дупло појака музика.

И што филмов?

5/10 макс.

Повелете со тажни. :D
 
#9 Македонија

Honey Night (2015) /Медена ноќ /
1653834557138.png

Обид за трилер.
Филмот е навистина лош, од аспект на глума. Буквално немаше добро одигран лик, освен можеби малку ликот на Никола. Жената нема никаква глумачка споспобност, единствено шо ја вади е лепотата. Микиќ дно пробива.
Идеата е јака ама реализицијата лоша. Првиот пола саат буквално цитрони ми ги напрај оваа со тој лигав дијалект (нешто како Јелена од Преспав).

3/5
 
Iluzija 2004


Ili ja kako sho bi go narekla-prviot makedonski school shooter film

U princip, tematikata e taa, odberi bilo koj film od 90-rani aughts, taa e mizerija i depresija i beznadeznost.
Ama, Iluzija e snimen u moe skolo, u moe maalo, na moja ulica u moj grad i gledav koga go snimaa i bese prvo iskustvo kaj sho vidov kako se snima film.
Breakaway star vo filmot za mene e Slavica Manaskova, vo ulogata na drolja sestra, preavtenticno se dere na veleski.
I bonus poeni za veleskata teatarska legenda Kiril Gravcev-Gravceto.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom