Неколку месеци подоцна, сфаќам дека лб сум полнела од вашите листи

Слично како и The Cooler King, пред околу исто толку време, и јас бев обземена од македонска кинематографија. Изгледав скоро сè што ме интересираше и запрев.
Пред дождот го репризирам скоро секоја година, но ако го изземам, не се сеќавам кога последно сум пуштила наш филм. Затоа ептен се израдував што дојде приликата коонечно да ги гледам
Татко и
Три Ани! Одамна ми беа на листа ама не беа приоритет.
Три Ани (1959)

По седумнаесет години од војната, Марко добива вест дека неговата ќерка можеби сепак е жива. Следејќи ги трагите, стигнува до три различни жени - белградска глумица, загребска домаќинка и докторка. Постои шанса било која од нив да е неговото дете, исто како што постои шанса и неговите надежи да се залудни.
Три Ани или филмот што ми го поткрши срцето. Игра на карта емоции и ја постигнува целта. Колку е тешко талкањето во еден таков лавиринт, со силен жар, без да се изгуби надежта. Сѐ што останува после војната се скршените животи.
Татко / Колнати сме, Ирина (1973)

Откако маж ѝ заминува во војска, Ирина останува сама со свекорот Витан. Оставени еден на друг си бидат утеха додека го исчекуваат Дамјановото враќање, заеднички се грижат за куќата и воденицата, секојдневно зближувајќи се. Измачувани од новонадојдените чувства, двајцата се трудат да се спротивстават на поривот.
Бата Живоиновиќ и Неда Арнериќ со силната игра го носат филмот на грб. Најмоќна ми беше последната сцена и заледениот поглед како совршен приказ на скрешена, но силна жена.
Многу ми е тешко да оценувам македонски филмови, тој дел ќе морам да го скокнам.