За каков стрес зборуваме? Ова што е ставено како стрес во денешно време, е смеа за она што се случувало во првите 50 години од минатиот век.
Човекот е создаден да поднесе стрес, кога живеел под закана на својот живот бил нон стоп под стрес и на готовс да се брани доколку нешто го нападне.
Проблем на моменталното живеење генерално е: храната, воздухот, па после тоа се стресот и генетиката.
Типот и квалитетот на храната се огромен проблем, втор проблем е самиот тајминг на оброците и како се држи инсулинот во текот на целиот ден, количината на храна.
После тоа ти е загаден воздух, и генерално целата околина со милиони интерференции на електромагнетна база.
Па недостаток на движење, од ова страдаме на секој можен начин (скелет, мускулатура, кардиоваскуларен систем и тн).
Па после тоа се стресот и генетиката. Кај стресот еден од проблемите е зголемената свесност, колку и да не ги почитувам религиите и неписменоста, се добри од поглед на прифаќање на проблемите, во смисла: „има вечен живот и после овој“, „така рекол госпо“, „ако почине некој ај се спасил, отишол на поарно место“, „така треба да биде“, „ќути има и полошо“ и тн.