Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.549
И пак доаѓаме на моето дека еден ден мора да се жртвуваш, за да си ја откупиш слободата во иднина.Па да, работев по странство ко коњ, срам ме јаде колку бев глуп, товарно животинче, но тогаш бев наивен и глуп и сметав дека рмбање по 10-12 саати е нешто позитивно. Не се вратив баш со такви суми, но сепак со солидни суми од неколку разни земји и да не беше трагедијата која ми се случи можеби никогаш немаше да размислувам на поинаков начин.
За разлика од твоите пријатели никогаш не сум помислил да работам државно, самата помисла ми е страна и гнасна. Можеби немаме примања колку што би имале да бевме на државно, но мирна глава, никогаш не стрепиме од избори кој ќе дојде на власт.
Приоритетите се менуваат. Знам дека темата не е за квалитетот на животот како можеби најважна ствар на светот, туку за негова должина и здравствена состојба, кои несомнено се крајно важни, но не и пресудни. Не би сакал на јавен форум да пишувам премногу за лични ситуации ама животот знае понекогаш да го натера човек да ги преиспита приоритетите.
Небитно е каде си решил да работиш, ако си зависен ќе работиш за било што и во било кои услови, ако имаш слобода ќе бидеш лабав секаде.
Многу фактори влијаат врз квалитетот на живот, голем дел може да се контролираат, а за жал голем дел може да ти остават трајни штети и нема како да влијаеш врз нив.