Водич за полесно разбирање на автомобилски огласи

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сите овие работи погоре сум ги слушнал, ама убедливо врвот ми е
"Хитно поради заминување во странство. А може и замена"

Ако размисли човек, ќе разбере дека типот навистина мислел да се сели во странство.
Од Ново Лисиче во Волково. :icon_mrgr:
 
Озбилно, што им значи тоа уникат? На секоја трета кола го пишува. Сигурно не мислат дека таа кола е буквално уникатна, нешто со посебни додатоци, па ниту една друга на светот нема како неа, нели?
Има уникатен број на шасија
 
Една жива вистина.
Еден просечен Албанец се жали дека веќе цел месец не може да најде половна здрава кола во Македонија.

Го прашувам зошто?
Он -вртам на сите огласи по ред, ниту една не е здрава
Јас -се разбираш, со мајстор одиш да ги гледаш, по сервиси ги носиш?
Он -не, ми кажуваат уште по телефон дека не чинат
Јас -како бе, од кога толку искрени станаа продавачите?
Он -еве гледај, дај оглас кој сакаш само Германска да биде колата и да биде од 2010та па навака.

Му наоѓам на лице место најнови 4 огласи од огласнициве
Звони пред мене на телефон со пуштен интерфон

Прво продавачот почнува да му ја фали колата, вака така, пиц-пец била, носи ја на кој мајстор сакаш итн. познати муабети.
Овој се знае колку може да збори Македонски а да не го приметиш дека е Албанец.

Го сопира продавачот во сред разговорот и му вели
- Слушај, сега ќе го збориме како мажи. Ќе те прашам а ти нема да ме лажеш. Колата нема да го носам на мајстор, сакам да дојдам да ја видам како го изгледа и ако ми се допаѓа одма да го купам колата и да го возам а да не го расипува. Како маж ќе те прашам да дојдам да го купам колата или не?

Продавачот -амаааа има некој проблеми, нешто замаецот почнува да тропка, друг му вели -па предницата треба да се досредува за некое време итн. итн. итн. итн.

После ми вели -Гледаш дека нема добра кола?

Од сите четири огласи прво колите беа ТОП, после краток разговор си признаа. СЕ ПЛАШАТ нив да ги лажат, зошто знаат дека ако го излажат, за некој ден/месец ќе му се врати на продавачот, со уште 5 исти како него и ќе му ја вратат колата а парите што ги платил, ќе си ги врати милом или силом.
 
Ако купуваш половно возило нормално е дека ќе биди и чукнато и стакла ќе има скршено некогаш и мотор ќе има сменето и триста чуда, ако не се разбирате ќе си платите човек кој ќе ви одбери возило и крај и не, нема да најдите половно возило постаро од 10 години а да не е чукнато претходно, таквите не се продаваат и не е битно ако е чукнато и сменет браник или предно стакло или незнам што, едноставно гледаш колата да е функционална во секој аспект, си гледаш кочници, си гледаш гуми и крај краева имате тон туторијали по нет за како да прегледате возило просто е како грав, поправка на дефекти не е ама има основни работи преку кои што се гледа дали возилото е функционално, и ако очекувате некој да направи сервис, да смени гуми, да ти среди кочници и да ти речи еве ти количе тип топ и вози го ти си се заебал вкрај, затоа ќе си гледаш на цената да си оставиш простор за да си смениш каиши, ролери, водена пумпа, масло, значи без ова нема возење, кочниците исто така или кочи или не кочи ако си без осет нема да видиш дали кочи колата ако има ДИСК крив пукнат ќе има звук, ќе треси ќе праи нешто возилото, гумите се гледаат плус имате година на производство на секоја гума, имате очи и гледајте не седете со рацете во џебови кога ќе гледате возило.
И нормално дека никој нема да ти речи а ни вие нема да речите колава не чини ама дај ми ти мене 3000евра лупам и среди си ја после хах.

И не, не препродавам коли или слични чуда.
 
NI DA KRCNE, NI DA TROPNE - крцка и тропа ама во комбинација со погласна музика и нашиве улици, нема да сетиш.
 
Овие се најјаки, 0% шанси за интерес за огласот, 100% шанси за граѓанска војна по коментари :D
Ова кога е пишано "Sve sije ispravo motor mejnac top", значи само моторот и мењачот има шанси да се колку толку исправни.

1642025530642.png
 
Последно уредено:
И не, не препродавам коли или слични чуда - Препродава коли.
Сакаш да купиш?
Само ја изнесов реалноста

Иначе ако има некој потреба за совет во врска со гледање на кола, слободно пишете..
 
На лице место јак ми е муабетот "Pred tebe ja gledaa drugi i se zagreaa za kupuvanje, do vecer ke mi javat. Ama mene poveke mi e kejf tebe da ti ja prodadam, mi izgledas domakjin covek vaka"

Не, никој не ти ја гледал и не ти е кејф, туку молиш бога да ја купам пошто уште пола година минимум ќе ти дреме на оглас.

И друго, кога гледаат дека ниеден од муабетите набројани претходно не им поминува иде класика "Abe drugar ova e stara kola, ti takva kakva sto baras imas onamu vo salon nova, ama 20 000 koshta"
 
Овие се најјаки, 0% шанси за интерес за огласот, 100% шанси за граѓанска војна по коментари :D
Ова кога е пишано "Sve sije ispravo motor mejnac top", значи само моторот и мењачот има шанси да се колку толку исправни.

Прегледај го приврзокот 319184
Мали каросериски забелешки има оваа.
 
Koja ti e zaDNA cena, reAalna ?!
koga zavrsuvas muabet ..... Najomilen del mi e i prasanje .... Moze 200/300 da ti spustam eve od mene ....

Форум-Корисник со искуство во преку 10 возила половни препродадено и крпено .....

реклама5
pazar3
kupiProdaj fejsbuk
auto24.de
cars.be
 
Последно уредено:
Овде не гледам никаков водич како да барам совршен автомобил...
Само исмевање на македонскиот менталитет.
Нз дали е до мене или не али првото возило што го најдов на реклама5 Пежо 307 SW верзија од 2002 година, караван и што ме бендиса во бојата го купив. Не го ни прашав дали има мани . појдов го разгледав на лице место , извозив и го платив.
Еве го веќе 1 година скоро откако е земено сменив ребраст каиш, водна пумпа, антифриз, уље у моторот , и сите филтри низ моторот и каросеријата.
Извозени се околу 10.000 км досеа со него колку за основни потреби. На секое стартување на моторот си запалило од прва, дефекти имаше само задната дигалка за гумата резервна се скина сајлата. Али го сменав со друга дигалка. Досегашни трошоци за возилото : 5000 денари за горенаведените задолжителни работи и 12.500 денари за регистрацијата.
Инаку да, нема перфектно возило или принц на бел коњ за тие малкуте пари што ги барате вие. Повеќе ви вреде времето што го тепате при разгледувањето или барањето на совршен автомобил.
 
Така е брат, овде се сите паметњаковичи шо уствари врска немаа од возила и крив му е некој шо пишал топ е колата и тип на луѓе алфа не ја бидува а виделе само на слики и 3 пати во живо
 
Размислував за мене лично да ја држам колава али ми треба кеш - Кога сака да те убеди дека колава е тип топ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom