Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.242
- Поени од реакции
- 26.421
Кон тоа се оди. Зошто на пример маркети како Тинекс и останати да имаат по неколку десетици продавници, секоја со магацин, ќирии, плати за неколку вработени по смена, каси, штандови, чистење и одржување, сметки за струја, вода, транспортни камиони, надополнување на роба (скоро) секој ден, цела таа логистика и оператива што влече пари, кога може да имаат еден голем централен магацин и/или помали локални и дестина плус транспортни возила и да ти носат се до врата? Тој магацин не мора ни да изгледа естетски убаво, ни се да е на полица, ни да плаќаш 30 ќирии и слично. Онлајн си нарачуваш и плаќаш колите нон-стоп ротираат, неколку се задолжени за Бутел, неколку за Аеродром итн... ти не мора од дома да излезеш. Плус конкурентност со цени заради смалување на трошоци.
Про Кредит банка на пример скоро целосно онлајн функционира. Имаат само централа и дали 3-4 банкомати низ Скопје. Се друго на интернет. Како ќе тече време и ќе изумираат тие родени од 60-тите па нагоре, така се помалку ќе има шалтери, физички продавници и слично. Луѓе директно резервираат хотели на букинг, смештаи на ербиенби, има страници што ти споредуваат оптимални цени на летови од/до аеродроми по светот.
Добро, на бербер сеуште мора физички да одиш.