Најбитен момент за телекомуникациите тука беше да започнат со национална оптичка инфраструктура и да се создаде ново тело (делумно државно, делумно приватен инвеститор, имаше Американски интерес и тикварите ја утнаа максимално).
Доколку се изградеше инфраструктурата и се избегнеа сите досадни процеси околу: дозволи, експропријации, ископ, кабли ќе имаше многу нови провајдери кои ќе нудеа сервис по таа инфраструктура, и огромна шанса да почнат со 5г и во иднина 6г мрежа низ градските подрачја + делумно рентање за останатиот дел, плус нови фиксни провајдери кои ќе нудеа оптика до дома.
Да не правиме муабет за трошоците, со моменталните penetration rate на операторите и цената на пакетите, се потребни 12-15 години само за да се поврати инвестицијата назад, после тоа и да заработуваш.
Се додека секој оператор мора да се бори како со мечки со: општината + куќни совети е залудно да се очекува дека некој ќе се осуди да гради физичка инфраструктура.