Олимпијада, Токио 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Некако кратко траат ОИ, според мене треба да траат барем 1 месец, до 24 Август наместо до 8ми. Има многу спортови кои ќе се изгубат во мноштвото популарни спортови.
 
Шок и неверица, пораз на суперирниот американски сокер тим, по се изгледа мора да се направи подмладување на тимот, а и Европскиот тимски женски фудбал е доста напреднат, не на ниво на САД но сепак има голем потенцијал.
 
Баш вчера читав изјава од тренеров, сè освен златен медал би било неуспех и денес оп три гола попиле. :D
 
Да забележиме и еден друг резултат во женскиот фудбал. Холандија - Замбија 10-3. :)
 
Исто така вредно за спомен е и нерешениот резултат на Јапонките кои очекуваат да стигнат до самиот крај како поранешни светски првенки.
 
Ќе пренесува ли МРТ тенис? Би сакал да гледам Ѓоковиќ кога игра.

Би било добро на МРТ 1 да одат популарните спортови а на МРТ 3 не толку популарните.
 
Ќе пренесува ли МРТ тенис? Би сакал да гледам Ѓоковиќ кога игра.

Би било добро на МРТ 1 да одат популарните спортови а на МРТ 3 не толку популарните.
Немаат откупено толку спортови, имаат само 150 часови програма, пошто Еуроспорт ги поскапел правата што ги отстапува на јавните радио дифузери. Верувам дека ќе ги пренесуваат финалињата. Земи си Еуроспорт Плејер за 5евра за еден месец, таму ги има сите спортови, плус можеш и снимки да си гледаш ако се емитуваат касно во ноќта. .
 
Немаат откупено толку спортови, имаат само 150 часови програма, пошто Еуроспорт ги поскапел правата што ги отстапува на јавните радио дифузери. Верувам дека ќе ги пренесуваат финалињата. Земи си Еуроспорт Плејер за 5евра за еден месец, таму ги има сите спортови, плус можеш и снимки да си гледаш ако се емитуваат касно во ноќта. .
Ќе гледам РТС 1 РТС 2 зависи кој ќе пренесува и ако успеам да гледам нешто.
 
Програмата за викенд на МРТ1:

6:00 Велосипедизам
7:15 Одбојка (м) Русија-Аргентина
9:10 Ракомет (м) Шпанија-Германија
10:45 Велосипедизам
11:15 Бокс
13:15 Стрелаштво
14:40 Одбојка (м) САД-Франција


Недела
3:35 Пливање финале 1 ден
5:20 Бокс
6:35 Кошарка (м) Германија-Италија
8:25 Одбојка (ж) Србија-Доминиканска Република
9:15 Велосипедизам
10:35 Стрелаштво
11:15 Ватерполо (м) Србија-Шпанија
12:30 Ракомет (ж) Шпанија-Шведска
13:55 Кошарка (м) Франција-САД
15:45 Ракомет (ж) Унгарија-Франција

За 3ка што ќе даваат и дали ќе даваат поима немам. Срамота ќе биде спортски канал да отвораат, а да ги емитуваат истите натпревари и на 1 и на 3ка...
 
Пливање финале во 3:35 нека им е на чест. Инаку стандардните спортови ќе ги емитуваат, па кога ќе почне Атлетиката ќе емитуваат од тоа. Гледам секоја земја си ги емитува спортовите во кои се натпреварува, па така на ХРТ2 одат сите спортови во кои имаат натпреварувачи, како Веслање, Стрелаштво, Едрење. Инаку одлични младите фудбалери на Бразил против Германија.
 
И во 14 ч. по јапонско време да беше, кај нас ќе беше 7 сабајле. Ја не би станал толку рано за викенд да гледам кој било спорт, а камоли во 3.

Ќе гледаме снимки. Да беше Олимпијадата во Европа, ќе беше друга приказна.
 
прв пренос на мрт : Шведска - САД жени фудбал во среда 10.30
втор пренос утредента Бразил - Германија мажи фудбал 13.30
Бразил-Германија играат во моментов ама МТВ не ја емитува
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom