А што е разлика меѓу селанец и сељак ????
Локација
Селанец – Човек кој живее на село или во мал град.
Сељак – Живее насекаде, најмногу во средните и големите градови. По селата нема кој да ги трпи.
Работа
Селанец – Заработува за својот леб со чесен труд. Среќен е што има работа. Лојален е кон работодавачот и колегите.
Сељак – Мрзливи гадови. Го мрзи да се труди, не заборава да потенцира дека го знаат секаде и кога сака може да најде работа.
Одговорност
Селанец – Ја сака природата и не фрла отпадоци наоколу. На ѓубрето му наоѓа примена во градината или како храна на животните.
Сељак – Свиња. Го фрла своето ѓубре низ прозорецот. Го тресе пепелникот низ прозор на семафор. Ако му упатите критика се дере „Еј, ти не знаеш кој сум јас!“
Сметки, казни, даноци
Селанец – Ги плаќа даноците и сметките. Пцуе на ум (и на глас) по државата, но плаќа.
Сељак – Никогаш не плаќа ништо. Има 15 неплатени белешки од сообраќајната полиција и даноци од 1989-та. Краде парно од комшија и не плаќа вода.
Разговор
Селанец – Разговора едноставно, но разбирливо. Ако се пресели да живее во голем град, за една година совладува дијалекти.
Сељак – Мрази да го поправат, не сака да научи ништо ново.
Музика
Селанец – Умее да се весели, знае како и кога. Ако е свадба, ќе го слушне цело село, но семејните празници се слават дома.
Сељак – Слуша музика до 4 наутро и воопшто не му е гајле што е на пример вторник и утре сите наоколу се на работа. Другата опција е да отиде во бар и да го замара барменот со разговори од типот „Го знам газдата, биди побрз“.
Дискотека
Селанец – За крај, селанецот оди во дискотека и плаќа карта.
Сељакот – Ги знае сите на врата и плаќа.