Ајде вака...
За машко:
Се носи цел во Најк тренерки со огромни Најк натписи по нив и тие од секаде се купени само не од Најк. Во комплет со тоа оди и една добра максица. Педерка крената до под мишка увек на него. Некои оваквите ги нарекуваат хулигани, ама за мене се еден тип на сељак.
Има и друг тип на сељаци... Тие па за секаде се дотерани, без разлика дали ќе одат на свадба, на роденден, во школо, или ќе трчаат на кеј. Секогаш се во кошула скоцкани, или пак некоја "Lacoste" маичка. Со тоа оди некој добар саат, наочара "Versace" со некој Animal print или златен детаљ. Некој поназад пишал дека сме ги правеле сељаци со тоа што се дотерувале. Не. Едно е да бидеш дотеран за на свадба, друго е исто така дотеран во школо/факс да одиш. Карактер не знаат што е. Они секоја што ќе помине покрај нив ја имаат поминато. Исто така се дешава да испуштат некој животински звук додека поминува некоја девојка покрај нив, или знаат да и преречат нешто. Пола фејсбук им е со слики од клучот од BMW-то, а BMW-то никаде го нема. Обично се фалат со чичковци во "Њемачка" и стално при муабет спомнуваат како чекале да се среди "нешто" и да заминат кај нив и се фалат како имаат обезбедено место во фирмата... И можам до утре да зборам ама да не го тупам до толку.
За женско:
Има исто така и хулиганки, во тесна Најк хеланка што кога оди и се познава бојата на кожата. Во комбинација со тоа оди Најк тренерка, максица и капа. Они се Bad Girlz(иако сигурно не разбираат што е тоа). Не смее никоја да ги погледне, одма се ставаат цело друштво на една и летаат закани за тоа како ќе ја тепаат. Таквите на фб често ставаат слики клекнати со раширени нозе, онака хулигански стил со некоја Bitch намуртена фаца која вели - Опасност! Да не дрндам многу за овие, не се баш интересни.
Другиов тип е класична сељанка.
Она живее со тоа дека е најубава, најзгодна и најпаметна. Имаат преку 500 лајка на фејсбук, кои им се доделени од страна на погоре опишаниве сељаци.
Сите слики на фејсбук им се направени пред свадба, пред роденден, пред некоја крштевка, што е логички дека и на секоја слика се цели светкави, со кило шминка и ред други работи. Над сликата секогаш има некој срцепарателен дескрипшн од некоја песна на Селма. На сликите секогаш изгледаат богато, а и општо така се понашаат, а кредит ставаат еднаш годишно и обично секогаш ти вртат од различен број(мајка, татко, брат/сестра). На Cover секогаш имаат некоја женска со бемве и слични луксузи(тоа што сакаат да го имаат, а го немаат). Ти се чудат како можеш да слушаш странско, ма забеган си буквално. Ако не слушаш Миле и Аца, ма не си елита. Одма те етикетираат како некоја личност со посебни потреби. На журка ќе се испијанчат и после може да ги видиш како врескаат на некоја идиотска песна качени кај dj-от или пак на некое сепаре.
Има уште многу да се зборува за нив... за жал.