Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .

последноно изгледа ја прелило чашата што се полнеше последниве неколку години кога се крекаше за лигава
 
Многу страни сте испишале, ги прочитав само првите 6 досега.
На кратко, ако некој мисли дека со ова ќе се зголеми атрактивноста со тоа што цело време ќе играат тие топ 10 европски екипи меѓу себе... Пфф, не верувам. Супер си е моменталниот формат на ЛШ. Не е идеален, ама сигурно подобар отколку оваа супер лига во која ќе играат само клубовите од шарената крава. И сите знаеме дека не го прават ова заради фановите, за да ни биде поатрактивно на нас, туку го прават за уште повеќе кеш.

Ова ме потсеќа на тие турнирите во јули-август што ги играат во Америка, пријателските натпревари пред почеток на сезона, такозвано International Champions Cup.
 
Што ако Зидан, Пеп, Клоп, Тухел се побунат и на нив ли ќе им ја покажат вратата?
Ќе си потпишат нови договори.

Лошото е само што сега тренерите се во прва борбена линија на пресовите неделава, иако немаат никаков збор во ова.
 
Ама чекај, кога ме убедуваше летово оној манастирски грев РикиЛФЦ дека Ливерпул бил клуб на работничката класа и дека клубот и денес функционирал по принцип на грижливост за заедницата, солидарност, куров ми Ленче. :pos:


Сега ми текна. РИП.
 
А овие загрижениве зошто само едноставно не кажат дека нема да ја гледаат? Загрижените менаџери дека никогаш нема да водат клуб од таа лига, загрижените фудбалери дека никогаш не би играле, загрижените бивши фудбалери дека нема да коментираат натпревари од таа лига. И решен проблем.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5


Сите Англиски легенди веќе жестоко удрија по идејава, како и пошироката фудбалска јавност.

Неверувам ова да пројде, едноставно доколку фановите бојкотираат, се се руши, да не збориме и дека сите институции (федерации) се исто против ова.

Ми се допаѓа највише точката на емпатичност што доаѓа од луѓе што млателе добар кеш цел живот од фудбалот, ко што и Гери сам акцентира, дека ова доаѓа пред се во многу срамен момент, кога поради ситуацијава премногу луѓе се мачат со базична егзистенција, во време на глобална пандемија, ти да повлекуваш вака алчни иницијативи.

Да не се навлегува предлабоко (го знаеме главниот мотив), мислам дека од многу гледни точки пропаѓа ова.
 
Последно уредено:
Уште не можам да поверувам дека го направија ова.. Еееј да дозволиш смрдливи амерички капиталистички гомна да ти го уништат спортот, во кој нив за кур не ги бива. Брука за европјаниве, особено континентална Европа..
 
Незнам дали некој спомна погоре ама битен момент е и што борбата за излез во европа во домашните првенства ќе умре.
Ќе остане само битка за шампион и борба за опстанок и ако е така и најјаките лиги може слободно да ги прогласиме за умрено.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk

Valjda ke imaat del liga i del plej off za titula.
 
доколку фановите бојкотираат

Кои фанови?

Сите жестоки и гласни фанови на екипите да бојкотираат нешто вакво, пак лигата би имала огромна гледаност од кежуал луѓе што немаат попаметно за гледање, нови фанови од САД, Кина, Индија, Јапонија и слично...

Буквално ниту еден фан што деновиве се буни да не го гледа ова...пак ќе соберат голема гледаност.

Е сега може само да се надеваме дека гледаноста ќе им биде помала од тоа што се надеваат па така за 5-6 години да направат повторни математики...
Ама тешко, секако имаат загарантирани пари со проектов у следниве пар години и не гледам зошто би се повлекле дури и ако фановите не би го гледале натпреварувањево, се тоа е дел од калклуираниот ризик на лигава
 
Гласав за не знам затоа што премалку детали имаше. Би го сменил гласот во НЕ.

Факт е дека фудбалот е бизнис и сопствениците гледаат само низ призма на пари. Кур ги боли дали некој на Кајгана форум или обичен навивач ќе се согласи со промениве. Сопсствениците ниту JP Morgan и DAZN не станале милијардери, без да носат "правилни" бизнис одлуки. Чим се фрлаат толкави суми, си имаат анализирано дека ќе им се исплати тоа на крај.

За тоа дека некои клубови не треба да се у ова натпреварување (Милан, Тотенхем, Арсенал) не се сложувам. По некоја груба математика од досегашните информации, секој клуб ќе акумулира околу 500-600 милиони со самото учество. Тоа се многу пари за нови играчи, и додади на ова дека сите врвни играчи ќе се тепаат да играат у една ваква лига квалитетот ќе скокне. Ама па од друга страна парите за помалите тимови ќе ги снема, желбата за напредување исто.

И многу е смешно да се зазимаат страни демек овие само за пари се, а другите не. Фудбалот е бизнис и за УЕФА и за ФИФА и за сопствениците на клубовите. Па и за федерациите. Фудбалот како спорт, пасија и забава е само кај навивачите. Целава "војна" не е за тоа дека овие сакале пари, а другиве традиција историја и поголема рамноправност со помалите клубови. Целта е кој може повеќе пари да извлече.

Лигава ќе имаше повеќе смисла ако учеството не беше загарантирано, а вака нема никаква поента. А, дека ќе е досадно 10 пати да глеам Јунајтед - Барса не би рекол. Одете гледајте вие Јунајтед - Барнли.

Се надевам ова е само пресинг за да се воведат некои нови правила од УЕФА, и дека целава идеја ќе остане само на тоа - идеја.
 
Лично сум против оваа Супер лига, пред се како љубител на фудбалот. Но, исто така од бизнис гледна точка ја разбирам и оправданоста за ваквиот чекор на клубовите.

Сите како фанови сме подржувачи на нашите клубови и сакаме да гледаме компетитивност од нивна страна во националните лиги. Секако, тоа е титулата во националните лиги, но и со тоа што конкретно во ПЛ и битката за топ4 веќе станува значително интересна и изедначена во изминатите години доаѓа до израз таа компетитивност и за пласман во ЛШ. Следствено на тоа со пласманот во ЛШ е еден вид награда за клубот да се бори за уште поголем трофеј, а тоа е шампион на Европа. Ете и САФ, како што вика дека Евертон влегува во амбициозни инвестиции со големи влогови во тимот, градат нов стадион со цел еден ден во идниот период да играат во ЛШ. Впрочем тоа е и убавината на фудбалот. Плус на тоа ако се додаде и традицијата и историјата.

Мислам дека негативно ќе влијае врз компетитивноста во националните лиги од веќе очигледни прични со тоа што големите клубови ќе имаат загарантирани приливи од Суперлигата, нема да биде иста амбицијата за топ 4. Ќе има случаи каде што многу клубови ќе калкулираат и ќе сакаат да се посветат на Супер лигата, а ќе чуваат сили во националните лиги. Поготово што читам сега дека 15 клубови ќе имаат загарантиран пласман, а 5 ќе бидат дополнати според пласман во националните лиги (можеби шампионите од топ 5 лигите). Е сега кој и да е шампион од националните лиги и му биде понудена можност да настапува во ЛШ или во оваа СЛ, од финансиски аспект би ја избрал втората.

Факт е дека фудбалот стана голем бизнис каде што традицијата, историјата влегуваат во втор,трет план. УЕФА и ФИФА црпат големи пари благодарение на новото комерцијално време во фудбалот каде што е видлива се поголема комерцијална вредност на клубовите, поготово на големите. И од таа гледна точка мислам е се повидлива намерата за ваков чекор на големите клубови...а тоа е зголемени приливи врз база на нивната голема комерцијална вредност врз која се шлепа УЕФА доминантно. Е сега клубовите си го сакаат нивниот дел од колачот кој УЕФА не им го доделува. Ова е одговор од клубовите сепак.

Објективни да бидеме. Исто така и УЕФА е екстремно капиталистички настроена и насочена е кон нови начини за зголемување на приливите. Многу менаџери гласно зборуваа изминативе 2 месеци за тоа дека УЕФА не води грижа за фудбалерите и се водат од личниот профитабилен интерес поготво во пандемијава каде играат најмалку еднаш неделно.

УЕФА според мене едиствено за да го спречи ваквиот план ќе треба да прави сериозни реформи во своите редови и да пушти рака зошто сериозни пари се во игра и ако тврдоглаво се спротистави многу би загубила. Не војува против било кого, туку против најголемите клубови од комерцијална вредност во моментов (очекувам и Баерн да се приклучи на оваа лига). Ако ова помине, мислам дека ќе се отворат вратите за нови натпреварувања и нема да ме чуди да има и втор ранг на Супер лигата, а и да се формираат можеби други форми на лиги како на пр. Балканска лига и сл...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom