Лично сум против оваа Супер лига, пред се како љубител на фудбалот. Но, исто така од бизнис гледна точка ја разбирам и оправданоста за ваквиот чекор на клубовите.
Сите како фанови сме подржувачи на нашите клубови и сакаме да гледаме компетитивност од нивна страна во националните лиги. Секако, тоа е титулата во националните лиги, но и со тоа што конкретно во ПЛ и битката за топ4 веќе станува значително интересна и изедначена во изминатите години доаѓа до израз таа компетитивност и за пласман во ЛШ. Следствено на тоа со пласманот во ЛШ е еден вид награда за клубот да се бори за уште поголем трофеј, а тоа е шампион на Европа. Ете и САФ, како што вика дека Евертон влегува во амбициозни инвестиции со големи влогови во тимот, градат нов стадион со цел еден ден во идниот период да играат во ЛШ. Впрочем тоа е и убавината на фудбалот. Плус на тоа ако се додаде и традицијата и историјата.
Мислам дека негативно ќе влијае врз компетитивноста во националните лиги од веќе очигледни прични со тоа што големите клубови ќе имаат загарантирани приливи од Суперлигата, нема да биде иста амбицијата за топ 4. Ќе има случаи каде што многу клубови ќе калкулираат и ќе сакаат да се посветат на Супер лигата, а ќе чуваат сили во националните лиги. Поготово што читам сега дека 15 клубови ќе имаат загарантиран пласман, а 5 ќе бидат дополнати според пласман во националните лиги (можеби шампионите од топ 5 лигите). Е сега кој и да е шампион од националните лиги и му биде понудена можност да настапува во ЛШ или во оваа СЛ, од финансиски аспект би ја избрал втората.
Факт е дека фудбалот стана голем бизнис каде што традицијата, историјата влегуваат во втор,трет план. УЕФА и ФИФА црпат големи пари благодарение на новото комерцијално време во фудбалот каде што е видлива се поголема комерцијална вредност на клубовите, поготово на големите. И од таа гледна точка мислам е се повидлива намерата за ваков чекор на големите клубови...а тоа е зголемени приливи врз база на нивната голема комерцијална вредност врз која се шлепа УЕФА доминантно. Е сега клубовите си го сакаат нивниот дел од колачот кој УЕФА не им го доделува. Ова е одговор од клубовите сепак.
Објективни да бидеме. Исто така и УЕФА е екстремно капиталистички настроена и насочена е кон нови начини за зголемување на приливите. Многу менаџери гласно зборуваа изминативе 2 месеци за тоа дека УЕФА не води грижа за фудбалерите и се водат од личниот профитабилен интерес поготво во пандемијава каде играат најмалку еднаш неделно.
УЕФА според мене едиствено за да го спречи ваквиот план ќе треба да прави сериозни реформи во своите редови и да пушти рака зошто сериозни пари се во игра и ако тврдоглаво се спротистави многу би загубила. Не војува против било кого, туку против најголемите клубови од комерцијална вредност во моментов (очекувам и Баерн да се приклучи на оваа лига). Ако ова помине, мислам дека ќе се отворат вратите за нови натпреварувања и нема да ме чуди да има и втор ранг на Супер лигата, а и да се формираат можеби други форми на лиги како на пр. Балканска лига и сл...