Само за оние кои се вљубеници во Томос мотори!

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
за тоа што си пишал дека си пошол до охрид епа браво
 
хехе ,јас го имам ендурото на Томос ,пошто мојата фамилија со тоа се занимава. Моментално сум прв во Македонија што го има , и мора да кажам дека сум презадоволен .Инаку носи машина од Yamaha XTX125 ,максимална брзина 125-130 км/час. Имаме кај нас во Гевгелија за продавање ,а и во Скопје ,во Лептокарија оставивме еден мислам за продавање. Ако го интересира некој нешто подетално околу моторот ,слободно нека ми пише прајват месиџ или тука .
 
Ајде обавезно да туриш сликички и ценовник со детален опис... Стварно ме интересираат ендурата од Томос знаејки дека СТХ беше многу добар.
 
Луѓе, земете си ТОМОС и ке видите што е мерак. не дека е некој фраерски мотор ама сепак е убаво да се навратиш на времето кога се возеа масовно. Од палетата на томос сум пробал автоматик, CTX, ATX, BT50... сите се топ. малку трошат и евтини се деловите. Јас би препорачал да си тргнете на страна 50-60 евра и да си купите еден томос автоматик и да му се изнавозите.
 
Луѓе, земете си ТОМОС и ке видите што е мерак. не дека е некој фраерски мотор ама сепак е убаво да се навратиш на времето кога се возеа масовно. Од палетата на томос сум пробал автоматик, CTX, ATX, BT50... сите се топ. малку трошат и евтини се деловите. Јас би препорачал да си тргнете на страна 50-60 евра и да си купите еден томос автоматик и да му се изнавозите.
ТОМОС АВТОМАТИК А3М му беше официјалната ознака на автоматикот што го имав како средношколец.Ауспухот ми го правеше вујко ми а на крајот имав ставено за тоа време(почеток на 80-те)спреј за коса за жени со огромна запремина:pos2::pos2:.Ја чекав мајка ми да го потроши за да биде поставен на ауспух за нормално :vozbud::vozbud:да брчиш и праиш чалам низ маало,а комшиите ноормално не можеа да спијат од нас.Фантастично моторче кое сеуште му оддолева на забот на времето,а за квалитет далеку поквалитетно од оние:motor:т.н моторчиња маде ин кина(читај шупа):vozbud:.Мотор со кој си игравме мајтап со милицајците во парк со старите бмв.Во секој случај би одбрал пак томос,но ако би бирал од оние кинески/тајвански само кумко кои се единствени со квалитет и ништо друго.поззз
 
articleimage.aspx

articleimage.aspx


1400 EUR во Словенија. Кај нас можеби и поефтино ќе биде...ама и 1400 за квалитетно моторче не е лошо.
 
Јас целиот свој живот имам во гаража томос апн 4 а ниту еднаш не сум го возел ниту пак ќе го возам.. ама баш немам ни пробано дури го немам ни запалено ниту еднаш Никогаш сум немал мерак на мотори дури ни како дете ама затоа пак кога се во прашање автомобили друга приказна е тоа.
А томосот е некаде од 84 година со браници е.
 
Ја имам томос од дедо врска неам ни што бројка е ништо незнам, деновиве ќе го сликам да ми кажете.

Така кисне во гаража, а изгледа уште прва боја му е :)
 
Имав Томос 15 ка ,волан нарачав од Словенија а позади имаше резонантен ауспух.Ги правев партал автоматиците и АПН ките.:pos:
Ставаа лк клипчиња ,бушеа издуви усиси ,џабе им беше.
После тоа земав Томос 90 ка електроник ,закон машинче ,стрела.Највише мерак ми правеше НСУ Претис 175 ка,мотор кој не е атрактивен и е од крајот на 50 тите ,ама ден денеска работи како саат да ти е мерак да го слушаш а клипот и цилиндарот и после толку години немаат ни еден рез.Таков квалитет нема више .
Проблемот беше што сите тие се возеа со Б категорија и стално си имав проблеми со џандарите.
 
pomos imam penta tomos 3.5 smeniv svekica se smeniv nikako da mi zapali nikako a nema ni 5 sata vozeno cuvana e maksimalno palam i ke dojde do palenje i posle 5 sec se gasi !!!! pomos ve molam kako bog!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom