Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Пијандурата направил мост кој не води никаде тек за 1 год ќе води негде.......
 
Шо вика Села. Мачедонас ќе ги правимо технолошки вишок :D

Стара изјава му е тоа. Сигурен сум дека веќе не размислува во таа насока :D
 
Куманово.

rezultati-gardobachalnik.jpg

080628lista-rezultati.jpg

Баце не се фолирај со тие глупи графикони.Максим нема толку популарност за да води тродупло од дпмне а дупло више од сдс на нашата земја.Нити е па нешто добар кандидат,чист просек.Ништо посебно,а очекувам Левица да влезе во советот барем со двајца советници.
 
Митингот на вмро во Куманово беше во најмала рака смешен. Повеќе луѓе имаше во Брвеница отколку во Куманово
Па добро Куманово е тоа, Вмро нема да пројде никад таму дури ни вака кога е поделен Сдсм. За Карпош и Центар може да се збори дека се skopjentse, па и клетви да паѓаат иако Вмро има и победувано во Центар ама дека во Куманово мнозинството се "Македонци" кои имаат проблем со името Вмро, а не со Дпмне па затоа никад нема овие да видат победа таму ќе си преќутиме.

Постови за какви се не Македончишта живеат во Куманово incoming...:icon_lol:
 
Пијандурата направил мост кој не води никаде тек за 1 год ќе води негде.......
Буквално истово се прашував минатата недела...

Објавиле тазе статија дека за 1 месец се отвора новиот мост што ќе ги спои бул. АСНОМ со Керамидница, и сè уште не можам да сфатам со која улица ќе биде спојувањето??? Каде воопшто ќе возат колите штом преминат на другата страна кога мостот завршува во приватни куќи?

2-1.jpg

Прегледај го приврзокот 308597

Зашто бега госпоѓава, знае ли уопште да збори пошто ја немам слушнато до сега
 
Баце не се фолирај со тие глупи графикони.Максим нема толку популарност за да води тродупло од дпмне а дупло више од сдс на нашата земја.Нити е па нешто добар кандидат,чист просек.Ништо посебно,а очекувам Левица да влезе во советот барем со двајца советници.
Значи оваа анкета е поверодостојна? :D

Муртинец во АКЦИЈА!

УЧК - Агенција за обезбедување на имот и лица !?!?!?!?
sipac.jpg
 
Борче во Прилеп бега од дебати под изговор од заканите кон неговото семејство, но тоа нема врска според мене, причината е што реално е слаб пред камери, не е политичар и ќе се изгуби тотално. А можеa многу убаво да поентираат...ова мислам ќе се одрази прилично врз неговите гласови. Не мислам кај вмровците, тие секако ќе го гласаат, туку повеќе на неутралните кои првенствено ќе излегуваа за него.

Јас лично се двоумам во прв круг дали за него или за независниот Жаре. Во втор круг би ја добил Борче поддршката од мене, иако ова ми е голем минус, но сепак омразата према власта ми е огромна, а плус па тоа што криминалецот Сугаре е кандидат.
 
Исто како да си гласал за Сугаре, во емисијата на канал 5 се согласија за 90% од работите, плус е поранешен член на СДСМ. Овој е комуњар со тапија.
 
Исто како да си гласал за Сугаре, во емисијата на канал 5 се согласија за 90% од работите, плус е поранешен член на СДСМ. Овој е комуњар со тапија.
Знам кој е, плус беше главниот во Шарена револуција овде, тоа ме кочи, ама гледам некоја нормалност во проектите, колку и малце да е. Види ги проективе од Борче и Сугаре што ги ветуваат, па ова апла се гледа дека нема врска со реалноста. Со булевариве и кружниве го потрошија веќе општинскиот буџет, дури и нема да стаса.

А исто и кај Жаре многу ме бендисува планот за Победа и стадионот, многу интересен план каков што другиве кандидати немаат. Да бидам искрен, тоа има бајѓи удел кај мене во изборот.:)
 
Зашто бега госпоѓава, знае ли уопште да збори пошто ја немам слушнато до сега
Па ваљда пошто е глупост да присуствуваш на дебата во А1Он? Да не прочита некој дека ги поканиле на дебата во портал, ќе мислиш „избегала“ од некоја клучна ТВ дебата. Што е следно, за сензационализам да им упатиме покана на кандидатите на дебата во темава, па ако некој не ја прифати поканата да пишеме „ИМЕ И ПРЕЗИМЕ одби соочување со КАНДИДАТ и другите кандидати“?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom