НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)

  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Ok, granted: Џордан>>Леброн.

Ама не ги споредуваме Леброн и Џордан. :)
Тезата за Леброн не е дали е коза, тезата беше дека „...дефинитивно е најдобриот играч на неговата генерација и оваа деценија.“
Единствено што признавам за Брон е дека феноменално се грижи,го одржава и работи на своето тело,побогу после 17 сезони во НБА уште игра на солидно ниво бидејќи телото му го дозволува тоа и не му се десила тешка повреда што ќе го успори.
Нормално дека од 17 сезони и 10 изиграни финалиња ќе има 4 прстена.
Но тие прстени ги доби со огромна помош со одење од тим во тим собирање на играчи и градење "супер" тимови.
 
Подобар аргумент од ова здравје.
Тешко е да споредуваш играчи од различни ери, многу веројатно е дека Џордан е најдобриот.
Но Пипен е подобар од сите согирачи на Џејмс.
Кукоч е најдобриот европски кошаркар во историјата, штета што играше пред 20 години. Со исклучок на Вејд, подобар е од сите соиграчи на Џејмс.
Родман е подобар дефанзивец од цела моментална NBA заедно.
Тимовите на Чикаго кои освоија 6 титули, можеби офанзивно се потпирале главно на Џордан-Пипен, но дефанзивно веројатно им немало рамен. Како што кажав, NBA е многу повеќе од поени по натпревар, асистенции и скокови. На крајот на сезоната главно победува тимската игра и добрата одбрана. Исклучок беа титулите на Голден стејт.
 
Screenshot_20201227-122923~2.png

Што направи лигава од играчите Демар ДеРозен кој 11 сезони важеше за класичен mid range shooter кој многу ретко шутира тројки ноќеска 3 тројки од 4 обиди.
Му го гледав пресот после натпреварот изјави дека сезонава решил да шутира повеќе тројки :pos:
 
Единствено што признавам за Брон е дека феноменално се грижи,го одржава и работи на своето тело,побогу после 17 сезони во НБА уште игра на солидно ниво бидејќи телото му го дозволува тоа и не му се десила тешка повреда што ќе го успори.
Нормално дека од 17 сезони и 10 изиграни финалиња ќе има 4 прстена.
Но тие прстени ги доби со огромна помош со одење од тим во тим собирање на играчи и градење "супер" тимови.

Па се разбира. Кошарка е тимска игра.

И не се разбираме некако... :)
Упорно наметнуваш дискусија дека Леброн не бил најдобар на сите времиња... Да, Леброн не е најдобар на сите времиња. Не е ни блиску.

ОК, може ваљда сега да го оставиме тоа? :coffee:
Тоа што целосно не си во право - и ова го кажувам како некој што нема никакви симпатии кон Леброн како лик и појава - тоа што не си во право е што негираш дека Леброн не е „најдобриот играч на неговата генерација и оваа деценија.“

Тоа не можеш да му го земеш со споредби со Џордан.
Затоа што зборуваме за генерацијата на Леброн, во таа генерација, во минатава деценија, Леброн е најдобриот играч.
 
Богдановиќ вчера не можеше да погоди кош ебати.

Единствено што признавам за Брон е дека феноменално се грижи,го одржава и работи на своето тело,побогу после 17 сезони во НБА уште игра на солидно ниво бидејќи телото му го дозволува тоа и не му се десила тешка повреда што ќе го успори.
Нормално дека од 17 сезони и 10 изиграни финалиња ќе има 4 прстена.
Но тие прстени ги доби со огромна помош со одење од тим во тим собирање на играчи и градење "супер" тимови.

На какво ниво игра ланскиот МВП Адентокумбо? На какво ниво игра пред минатогодишното МВП Ленард? На какво ниво игра најјакиот игра4 Харден?
 
Богдановиќ вчера не можеше да погоди кош ебати.

На какво ниво игра ланскиот МВП Адентокумбо? На какво ниво игра пред минатогодишното МВП Ленард? На какво ниво игра најјакиот игра4 Харден?
Овие се „млаџа“ генерација, ама повеќе со нив може да го споредува Леброн - пошто колку толку му се современици, отколку со Џордан и со други великани од МИНАТИТЕ ЕРИ.
 
Ама стварно колку и да си фан на ЛеБрон не можеш да останеш имун на такво потценување, а човекот го потценува онака баш хејтерски. Оној пат истресе дека Лејкерс лесно го освоиле прстенот. Ок, зошто тогаш првиот фаворит Клиперс не победи кога имаше 3-1? Не добив одговор. Ова солидно не знам за што мисли дали за минатата или оваа сезона. Ако е за оваа сезона не знам кој нормален очекува ЛеБрон да гази после два натпревара, а и нормално е да се штеди. А и самото дека солидно игра како да зборува за Карусо или Кузма, а не за првиот или вториот играч во тимот, ебати.
 
Богдановиќ вчера не можеше да погоди кош ебати.

На какво ниво игра ланскиот МВП Адентокумбо? На какво ниво игра пред минатогодишното МВП Ленард? На какво ниво игра најјакиот игра4 Харден?
Ок да го споредиме Брон со Ламаркус Алдриџ имаат и двајцата по 35 години,Брон 17 сезони во НБА ЛА 15 сезони во НБА,ЛА статистички и по 15 сезони е солиден,лани имаше просек од 19 поени,8 скока и 3 асистенции.
Играат на различни позиции Брон е повеќе плејмејкер а ЛА центар.
Ламаркус сеуште нема прстен,но Ламаркус не шета од тим во тим и да собира играчи и нема најдобар другар што е агент на пола НБА.
Ако ми ја разбираш поентата на моабетот.
 
Aхаааааааа значи до ова било? ПА кажи така бе пријателе, што молчиш? Е сега да те прашам, кажи ми еден играч што е цело време во една франшиза подолго време, а да не се Кари и Томпсон? Човекот нормално ке оди таму каде што му нудат успех, тебе да ти нудат да играш со Вејд и Бош, наместо со Мо Вилијамс и Илгаускас нема да одиш? Кажи ми во Лејкерс во првата сезона која суперѕвезда му доведоа? Друга работа знаеш зошто отиде во Лос Анџелес, т. е. зашто таму се пресели?

Го споредуваш со Олдриџ?! Навистина? Олдриџ да Ол Стар играч е, ама не е како ЛеБрон еден од најдобрите на сите времиња. Другар на мртва франшиза како Кливленд и донесе прстен, на страна што имам мислење како го донесе, ама ти се молам со вакви муабети излези пред дете што почнало кошарка да гледа, немој на мене вакви муабети.
 
Ок да го споредиме Брон со Ламаркус Алдриџ имаат и двајцата по 35 години,Брон 17 сезони во НБА ЛА 15 сезони во НБА,ЛА статистички и по 15 сезони е солиден,лани имаше просек од 19 поени,8 скока и 3 асистенции.
Играат на различни позиции Брон е повеќе плејмејкер а ЛА центар.
Ламаркус сеуште нема прстен,но Ламаркус не шета од тим во тим и да собира играчи и нема најдобар другар што е агент на пола НБА.
Ако ми ја разбираш поентата на моабетот.

Алдриџ (Ламаркус) тогаш ги одбра Спарс кои беа пред пензионирање, наспроти Лејкерс... Дури и ако тие во управата на Лејкерс тогаш беа тешки кловнови, момакот ипак одбра просек наспроти шанса за врвот. Леброн со сите негови маани (кои нели се согласивме дека ги има) за разлика од Алдриџ кој одбра солиден состав (ама на умирање), Леброн одбра да дојде во лузерски шуплив Лејкерс состав... И веќе следната сезона после првата, Леброн со Лејкерс имаше уште една титула.

Леброн>>Ламаркус Алдриџ, во секој можен поглед... И Лејкерс >> Спарс, во секој можен поглед...
Мислам - ако ми ја разбираш „поентата на моабетот.“ :D

Порано ќе се согласев за Поповиќ како супериорно добар тренер, на ниво на Џексон, ама сега веќе е станат излапен/сенилен SJW.
 
Алдриџ (Ламаркус) тогаш ги одбра Спарс кои беа пред пензионирање, наспроти Лејкерс... Дури и ако тие во управата на Лејкерс тогаш беа тешки кловнови, момакот ипак одбра просек наспроти шанса за врвот. Леброн со сите негови маани (кои нели се согласивме дека ги има) за разлика од Алдриџ кој одбра солиден состав (ама на умирање), Леброн одбра да дојде во лузерски шуплив Лејкерс состав... И веќе следната сезона после првата, Леброн со Лејкерс имаше уште една титула.

Леброн>>Ламаркус Алдриџ, во секој можен поглед... И Лејкерс >> Спарс, во секој можен поглед...
Мислам - ако ми ја разбираш „поентата на моабетот.“ :D

Порано ќе признаев за Поповиќ како супериорно добар тренер, ама сега веќе е станат излапен/сенилен SJW.
Спурси во период од 2000 до 2014 5 пати прваци во НБА без трејдање на супер стар играчи,без потпишување на слободни агенти супер стар играчи,со развивање на ниско драфтувани играчи(освен Данкан) и не драфтувани играчи,ако ми ја разбираш поентата на моабетот.
 
...без потпишување на слободни агенти супер стар играчи
Прилично сум сигурен дека пред пар постови го спомна одреден Ламаркус Алдриџ?
Ама батали, кој да проверува сега што си напишал два поста погоре? :coffee:

Чинам Алдриџ беше слободен агент кој дојде во Сан Антонио да ќари некоја титула со Данкан/Паркер/Џинобили - само погрешно се прерачуна кај доаѓа и што ќе добие.

На крај заеби „моабетите“, ајде да видиме фактите што зборуваат:
Лејкерс 17 титули, Спарс 5
 
Фактите се дека Алдриџ потпиша за Спурси 2015 а Спурс е основан 20 години подоцна од Лејкерс :pos:
 
Извинувања, извинувања... И оправдувања. Ти ги почна муабетите, не јас, немаш основа за жалење. :D
 
Screenshot_20201227-171949~2.png

Markelle Fultz ке ја игра веќе четвртата година во НБА,дали ова сезона конечни ќе видиме нешто од првиот пик на драфтот 2017 год.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom