11 години од масакрот во Вејце

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
На 28 април 2001 година, комбинираната патрола составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени "Волци" при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу20 часот.
Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17,45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.

Од ЕСН "Волци" загинаа: Роберт Петковски (27),постар водник, с. Бунарџик-Скопско; БобанТрајковски (28), водник, Куманово; Игор Костески(26), водник, Кисела Вода-Скопје; и Миле Јаневски(30), водник, Македонска Каменица.Од Посебната единица на СВР Битола загинаа:Марјан Божиновски (27), Битола; Кире Костадинов-ски (24), с. Горно Оризари-Битолско; Бошко Најдов-ски (25), с. Долно Оризари-Битолско; и ИлчеСтојановски (24), с. Породин, Битолско. Целосно сеуништени и запалени една лада нива и еден хамер.

Оваа земја раѓала херои и предавници, јунаци и проклетници, Македонски. Куршум по куршум те убивал, камен на камен те налегнал, душман по душман те изодел, па се изгорел... Карпалак, Вејце, Љуботен, народе не ги заборавај, јунаци таму загинаа за Македонија. Тој што те предал и проколнал колнат ќе биде до века, пак сонце ќе нè огрее откај планините..."."Кај село Вејце, на Шар Планина, темен се облак надвисна над осум цвета мајкини, мајкини чеда најмили. Темен се облак распука, слана по Шара распосла над осум цвета мајкини во цутотда ги изгори... Осум ми цвета свенаа,осум ми солзи капнаа... кој облак пушти на небо, клетви му мајки фрлаат, срцето црно негово орлите да го колваат". Ова се само дел од стиховите на пес-ните посветени на македонските бранители, кои загинаа за својата татковина. Ќе бевме помирни ако загинеа во директна борба со непријателот. Но,најмногу боли тоа што повеќето беа убиени во заседа, на подмолен и кукавички начин. Државата ги заборави, а на нивните гробови плачат само најблиските. Ги амнестираа злосторниците и наместо зад решетки ги сместија во собраниските фотелји. За разлика од нив,семејствата на загинатите сè уште талкаат по институциите на системот, барајќи ја правдата и вистината зошто им погинаа децата. Македонската јавност не смее да ги заборави македонските херои.

За целиот текст да го прочитате тука
http://mak-tifo.mk/index.php/novosti/70-vistinata-za-masakrot-vo-vejce-11-godini.html

Вечна им слава на Македонските бранители ..
 
Вечна им слава. Никогаш да не се повтори, но никогаш и да не се заборават овие луѓе.
 
Жртвите од ПСО (Волци)
Миле Јаневски - Македонска Каменица, оженет, еден син
205571_187041488009416_100001106999076_463257_96563_n.jpg

Бобан Трајковски - Куманово, оженет
208717_187041514676080_100001106999076_463259_991715_n.jpg

Роберт Петковски - Бунарџик, Скопско,Оженет, татко на една ќерка
208363_187041504676081_3749333_n.jpg

Игор Костески - Скопје
206453_187041974676034_100001106999076_463268_2040126_n.jpg

Од ПЕП при МВР
Кире Костадиновски - Г. Оризари, Битолско.Оженет, татко на еден син
215739_187041721342726_100001106999076_463262_842897_n.jpg

Марјан Божиновски - Битола
208791_187041708009394_100001106999076_463261_979382_n.jpg

Бошко Најдовски - Д. Оризари, Битолско
215901_187041748009390_100001106999076_463264_4393941_n.jpg

Илче Стојановски - Породин, Битолско
216459_187041761342722_100001106999076_463265_5141021_n.jpg

Изворот на написот од МакТифо, плус дополнителни слики од касапените војници, не гледајте ако сте осетливи.
http://www.scribd.com/doc/46590066/Масакрот-во-Вејце#fullscreen

Битно напаѓачите и вмешаните во предавството и масакрот ги наредија после министри, Хазби Лика - заменик министер во МВР и после градоначалник на Тетово, неговиот братучед Иса Лика - заменик директор во Царина, Милаим Ајдини - министер за транспорт и врски, Талат Џафери - заменик министер за одбрана, Изаир Самии (патем обвинет и за 12-те киднапирани и наводно убивање на пола од нив, гранатирањето на ПС Теарце на 22.01.2001 со загинат полицаец Момир Стојановски и тројца повредени) стигна до телохранител на Фатос Нано...
Едниот познат предавник со име и презиме од македонска страна го наредиле началник на ПС Карпош,а после и таму имало индикативни работи со Радуша...а се осмелил и за преселба во Битола, кај луѓето шо ги прати во смрт :sick:
http://forum.kajgana.com/threads/Македонски-борци.56080/page-3#post-4955706
Кај можам да го најдам филмов?
216935_187042001342698_100001106999076_463269_6115059_n.jpg
 
DSC00255.jpg

Битола не ве заборава Херои, вечна ви слава....
 
Вечна им слава на нашите херои додека они ја бранеа државата, предавниците бучко ,трајковски и компанија изиграваа миротвторци. А денеска тоа што се случи ни еден висок Македонски функционер да не им одаде почит е срамота,а за некоја таму албанска глупост таму некој прв албански министер за одбрана у пм место и време и Министерот наш Бесими и свечена гарда на Арм му одава почит итн, е Македонија што нема да дочекаш.
 
Никогаш нема да ја заборавам вечерта кога ужасната и расплакана ги гледав сликите од телата на бранителиве. Трагедија, која не смее да помине необележана (како што поминала) и која секогаш треба да не потсетува зошто не треба да си ја дестабилизараме државава. Барем до тука до каде што сме во можност. Вечна им слава...
 
Игор Костески - Скопје
206453_187041974676034_100001106999076_463268_2040126_n.jpg

Како вчера да беше кога пискањето од куќата спроти мене, ме натера да скокнам од кревет. Не можев да си поверувам и мачно ми е дури и на слика да го гледам. Почивај во мир.
 
Вечна им слава на хероите ....
 
Слава им на загинатите ... Да не се повтори, исто како и да не се заборави.
 
Како вчера да беше кога пискањето од куќата спроти мене, ме натера да скокнам од кревет. Не можев да си поверувам и мачно ми е дури и на слика да го гледам. Почивај во мир.
извини да прашам дали дечково на сликава живее во бутел ??? и дали е женет???
 
DSC00255.jpg

Битола не ве заборава Херои, вечна ви слава....
Еее, а не ни напишале на споменикот зошто загинале и против кого се бореле.

МАКЕДОНИЈА
28.04.2012
ЕДИНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ
На 11-годишнината од масакрот кај Вејце, членови на семејствата, соборци и колеги, претставници на локланта самоуправа, денска се поклонија пред споменикот во Градскиот парк во Битола, кој беше подигнат лани во чест на загинатите...
bitola_11godVejce.JPG
На 11-годишнината од масакрот кај Вејце, членови на семејствата, соборци и колеги, претставници на локланта самоуправа, денска се поклонија пред споменикот во Градскиот парк во Битола, кој беше подигнат лани во чест на загинатите бранители. Четворица од нив беа битолчани, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.
На споменикот кој е во форма на ангел, испишани се имињата на сите загинати бранители во конфликтот, а под нив пишува “Херои кои не се забораваат - загинаа 2001 година” . Во име на семејствата денеска реагираше Стојанче Ангелов, од партијата ‘Достоинство”, Тој вели дека е недозволиво на едно вакво споемен обележје да не пишува дека жртвите ги положиле своите животи на браникот на татковината.
-Дали овие луѓе загинаа во сообраќајна несреќа или во некоја друга несреќа? Овие луѓе загинаа бранејќи ја сопствената држава, а ние тоа од овој споменик не можеме да го видиме. Годините минуваат, кога нашите поколенија ќе дојдат пред овој споменик, нема да знаат од што загинале овие луѓе, изјави Ангелов.
Семејствата на загинатите доставиле барање за промена на натписот на споменикот во Градскиот парк, а денеска побараа да им помогне и градоначалникот Владимир Талески.
Од општина Битола велат дека за промена на натписот на споменикот потребно е барањето да го разгледа општинската Комисијата за спомен обележја, а потоа да биде препратено до битолскиот Завод и музеј, кој одлучува дали корекцијата може да биде направена.
[ Емилија Мисирлиевска ]

А во Скопје, на споменикот присутен само еден од ранетите доброволци кај Радуша и неколку луѓе од семејствата.
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=16425

--- надополнето: 28 април 2012 во 19:06 ---

Гледав прее на телевизија, и треба да се напиши како било....или најпаметно кажа Стојанче Ангелов рече "Нашите деца, внуци што ли ке си речат како загинале овие лица, во сообраќајка??" Мора да биде напишано Загинаа бранејќи ја татковината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom