Пред една недела поминаа 8 години од убиството на Диме Ицковски - Поштар.(21.11.2003)
Полициска егзекуција или обид за апсење - семејството на Диме Ицковски Поштарот 8 години не доби одговори кој и зошто го изрешета 35-годишниот Диме.
Додека полицијата на една рака ги броеше прострелните рани, семејството и соседите во скопско Булачани сведочеа дека Диме бил егзекутиран со повеќе од 30 куршуми. Никој никогаш не заврши зад решетки и никој не се сети на неговиот син Никола - тогаш 9-годишно детенце, денеска средношколец.
Два дена пред убиството Диме беше во Сител на главниот уредник да му каже дека му се подготвува егзекуција. МВР демантираше тврдејќи дека за Поштарот не е планирана било каква полициска акција. Тогаш реагираа само соседите, молк во невладиниот сектор.
Во акција на МВР во вечерните часови во петокот во скопската населба Карпош 1
Во престрелка со полицијата убиен Поштарот
Диме Ицковски - Поштарот (35) од Булачани, баран по налог од скопските судови, во петокот околу 19,15 часот во скопската населба Карпош 1, при акција на МВР за негово апсење беше убиен од полицијата. Настанот се случил во близина на просториите на Месната заедница "Карпош", во непосредна близина на Драмскиот театар во Скопје. Убиството, според полицијата, е резултат на дадениот отпор од Ицковски, кој со пиштол отворил оган кон припадниците на МВР. Според официјалното соопштените на полицијата, акцијата е резултат на претходен план за пронаоѓање и приведување на Ицковски, кој се барал со потерница за повеќе извршени кривични дела, за кои требало да одлежи и казна затвор. Но, бидејќи Поштарот бил решен да не се предаде, велат од МВР, тој извадил пиштол и почнал да пука кон полицајците. Притоа, тешко го ранил во десната слабина полицаецот Н.Н. На ваквата постапка на Ицковски, полицијата возвратила и испукала повеќе рафални истрели кон Поштарот, при што му нанела тешки телесни повреди од кои подоцна на Хируршките клиники во Скопје починал. Според официјалното полициско соопштение, Ицковски во едната рака држел рачна бомба, а во џебот имал и друга.
Настанот за апсењето на Ицковски, кое имаше трагичен крај, се одвивал пред очите на жителите на околните згради. Ранетиот Ицковски итно бил пренесен во Клиничкиот центар, каде што им подлегнал на раните. Додека повредениот полицаец, известуваат од Клиничкиот центар, по итната операција е надвор од животна опасност.
По дознавањето за настанот и ранувањето на Поштарот, се алармираа поголемиот број од жителите на Булачани, кои масовно пристигнаа пред зградата на Ургентниот центар. Откако дознаа дека Ицковски им подлегнал на повредите, протестот го продолжија пред зградата на Собранието до 2 часот по полноќ. Во саботата Ицковски беше погребан на селските гробишта во село Булачани. Вчера, најблиските членови на семејството, роднини и пријатели, му оддадоа почит на Ицковски на месото каде што беше убиен, пред објектот на Месната заедница "Карпош", каде што положија и цвеќе..
Хронолошки, настанот во петокот почнал околу 19 часот кога повеќе полицајци во цивилка го имале блокирано реонот на улицата "Бранимир Нушиќ" во Карпош, каде што во тие моменти се наоѓал Ицковски. Причината за неговото присуство во Карпош се поврзува со поранешниот припадник на МВР, Златко Бошњаковски наречен Алигатор кој, според една верзија, имал задача да го чува Ицковски, а според друга да го убеди да и се предаде на полицијата. Овие информации полицијата не сака да ги потврди ниту да ги негира. Откако дошло до средба, очи в очи, меѓу Ицковски и полицајците, Ицковски извадил пиштол калибар 7,65 милиметри и го вперил во нив. Со слободната рака од левиот џеб извадил "кашикара", а навестил дека и во другиот џеб има уште една бомба. Откако бил известен дека имаат налог да го уапсат, Поштарот испукал куршум кон еден од полицајците, нанесувајќи му прострелна рана во десната слабина. Тогаш кон Ицковски бил отворен оган. Неколку испукани куршуми го погодиле, но тој сў уште давал знаци на живот. Повредените Ицковски и полицаецот Н.Н. биле пренесени во Клиничкиот центар. Диме Ицковски им подлегнал на повредите.
На 6-ти Мај 2005 година е извршен
втор обид за атентат врз Сашо Лазаревски - Брада , инспектор во СВР - Битола и поранешен член на Лавовите.Над него се извршени десетина операции за да го одржат во живот.Атентаторот излезен од затвор после 6 месеци.
Во Март 2006-та на Лазаревски му е натоварено уште едно дело, организирање на кражба, а во моментот на кражбата тој е во Клиничкиот Центар во Скопје, уште неопоравен од сообраќајката од минатата година.
Целата приказна за наводната кражба е трагикомична.
ПО РАСВЕТЛУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО КВАЛИТЕТ КОМЕРЦ
Бизнисменот негира дека должел пари, а обвинетиот во болница
По расветлувањето на пожарот во битолски "Квалитет комерц" и поднесените пријави за четворица битолчани, битолскиот бизнисмен негира дека пожарот бил подметнат поради долгови.
Бизнисменот Јане Шијаковски за "Дневник" ја кажа својата вистина за големиот пожар на својата фирма "Квалитет комерц", во кој беше причинета штета од околу 300.000 евра. Тој ги негираше полициските тврдења дека му должел пари на првообвинетиот за палењето, Сашо Лазаревски-Брада.
- Лани во март од Уни банка во Битола Сашо Лазаревски, како мој добар пријател и поранешен вработен, подигна кредит од 150 илјади денари на 36-месечна отплата. Нема 11 други негови пријатели, кои подигнале пари за мене и кои јас наводно сум ги заглавил бидејќи не сум го враќал кредитот. Тоа е чиста лага - тврди Шијаковски.
Според бизнисменот, кредити подигнале неговата жена и најблиските роднини, и сопругата на полицискиот инспектор Трајче Димчевски, која работи кај него. Тој не ги ни познавал другите тројца обвинети. Шијаковски редовно ги враќал сите рати, со тоа што задоцнил со уплатата на декемвриската рата, за која платил камата. Проблематична била јануарската, која требало да ја плати на 17 јануари.
- Не можев да верувам дека за 5.400 денари Брада може да ми ја запали фирмата. Тој е во Државната болница во Скопје и знам дека се кае што во момент на слабост и нервоза го направил тоа. Тој од 14 години работеше во мојата фирма, се додека не замина во "лавовите". Лани на 6 мај, кога направи сообраќајка и имаше тешки повреди, јас го носев по болници, го враќав и го земав.
Неофицијално, полицијата ги намирисала сторителите по нивните маски. Дел од нив се од битолското село Ивањевци. Тие во полицијата "пропеале" дека ги организирал Сашо Лазаревски-Брада, кој и ги водел со своето црно "ауди", а потоа заминал во болница во Скопје. Тој се уште е во Државната болница во Скопје, а тројцата други осомничени биле приведени од полицијата. (Ц.Х.)
--- надополнето: Nov 28, 2011 7:49 PM ---
Женскиот дел од единицата Лавови.Поголеми мажи од сите министерчиња
--- надополнето: Nov 28, 2011 8:57 PM ---
Прилеп живее во сенка на теророт
Светлана Ристеска
Сунчица Стојановска
Го нарекуваат град на заскитани куршуми, опасен за живеење, дувло на криминал, рекет и на мафијашки пресметки. Блокирани на влезот и на излезот од незадоволните тутунари, а однатре од невработеноста и од беспарицата, прилепчани живеат исплашени за својата безбедност, разочарани од државата и лути на власта, чии претставници вчера дојдоа да ги убедуваат граѓаните дека шест бомби за една година не се ништо страшно и дека полицијата „ја контролира ситуацијата”.
Има две верзии по настанот од пред четири дена, кога таткото на Емил Ангелески, поранешен припадник на поранешната единица за брзи интервенции „Лавови”, најде неексплодирана кашикара во семејниот двор. Официјално, станува збор за рекет и за криминални пресметки. Неофицијално, во игра се големи пари, шверц со цигари и други матни бизниси, пресметка меѓу структури во полицијата и поранешни припадници на „лавовите”, кои откако се расформира оваа единица беа вработени во полицијата.
Полицајци станаа околу 80 поранешни „лава” од Прилеп. З
вонко Илиоски, поранешен припадник на оваа единица и сопственик на ноќниот клуб „Студио 54”, вели дека некој намерно ги оцрнува припадниците на расформираната единица.
-
Кој смее да вози автомобил без регистарски таблички и да носи бомба во багажникот? Тоа може само полицијата. Ова што се случува е лов на вештерки, некој сака да демонстрира сила, да го сврти вниманието од Тутунскиот комбинат, да го исплаши народот да не си ги гледа маките - вели Илиоски.
Емил Ангелски, последниот „нападнат”, се сомнева дека бомбата во неговиот двор била поставена намерно.
- Осигурувачот беше изваден. Бомбата стоеше право, како некој така да ја оставил. Нема шанси во таква позиција да застане бомба ако е фрлена од подалеку, оти ќе се стркалала. Слушам коментари дека јас намерно сум оставил бомба во дворот. Па јас будала ли сум, беше три часот попладне, децата играа пред куќи, татко ми беше таму - вели Ангелески.
Илиоски вели дека хајката против „лавовите” отишла дотаму што 24 од нив намерно се прераспределени на работа во Зајас, Гостивар, Кичево, места со мнозинско албанско население. Од МВР негираат. Од таму велат дека само 13 овластени службени лица се разместени во други полициски станици, од кои двајца во Гостивар, еден во Кичево и еден во Дебар.
- Нарушувањето на безбедноста е поврзано со откупот на тутунот. Пред да почне откупот се направи терен да се фокусира јавноста на бомбите, а да се оттргне од состојбите во Тутунскиот комбинат. Има сознанија дека по поскапувањето на цигарите е направен криминал во комбинатот, од каде што некој се обидел да изнесе 40 тони цигари - изјави Гоце Мавчев, координатор на ХХХХХ партија.
Граѓаните помалку ги интересираат наводните матни бизниси на локалните моќници, а повеќе ги загрижува што полицијата не открива кои се бомбашите. Советот на општината неодамна одржа вонредна седница, од која советниците побараа итна оставка на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски и на Цане Чапрагоски, началник на Бирото за јавна безбедност. Советниците побараа прилепските пратеници со амандмани да интервенираат во предлог-законот за полиција, за да остане Секторот за внатрешни работи во Прилеп, наспроти реформите со кои се предвидува полициска станица.
Според МВР Прилеп е безбеден град
Безбедносната состојба е добра, изјави Горан Павловски, шеф на кабинетот во МВР, на вчерашниот брифинг со новинарите во Прилеп.
- Нема нерасветлени убиства. Од десет разбојништва, девет се откриени. Нема масовни нарушувања на јавниот ред и мир - изјави Павловски.
Освен засилени контроли во сообраќајот, работна група за расветлување на случаите во Прилеп, заедно со прилепската полиција, презела засилени мерки за да ги заштити граѓаните.
- Се контролираат лицата за кои има потерници, се преземаат мерки во делот на шверцот со акцизни стоки, со недозволена трговија со дрога, со нарушување на јавниот ред и мир - рече Павловски.
СМЕНИ ВО ВРВОТ НА СВР - ПРИЛЕП
Славчо Шиклески нов началник
Славчо Шиклески, досегашен заменик-началник, од денеска е началник на СВР Прилеп, на местото на досегашниот Миле Ацески, кој даде оставка поради семеен бизнис во печатарската дејност.
МВР ГО БРАНИ НОВИОТ ЗАМЕНИК
Емил Јанески има 15 награди
Емил Јанески, освен еден инцидент, односно несреќен случај, има 15 награди и покажа одлични резултати во работењето. За инцидентот што го предизвикал во ноќниот клуб „Студио 54” беше соодветно казнет, односно сменет од работното место, рече Павловски на обвинувањата на поранешни „лавови” дека Јаневски ги тероризира.
Јанески беше началник на крим-полицијата во СВР Прилеп, а сега е член на работната група што работи на случаите поврзани со бомбите.