Слава им на дечките,нека им е лесна земјата.
Многу се нервирам кога се потсеќам на тие денови, а уште повеќе се нервирам кога гледам дека никој од политичариве не им оддава почест на луѓето кои загинаа за тие сега да седат во своите удобни фотељи,продаваат муда за бубрези и го крадат народот.
И точно е тоа што некој претходно спомна дека одзивот на мобилизација во скопје беше катастрофален,па мораа да праќаат резервисти од Велес во Рашче и на Матка.Ги знаев едно време и процентите,најголем одзив имаше во Свети Николе а најмал во Скопје.
Така да не се само политичарите за плукање,уште повеќе се тие што го преплавија Халкидики па кога се вратија почнаа да шират теории како се било наместено,како Љубчо бил крив,Бранко бил крив,Бугарија,Србија и што уште не измислија за да го оправдаат својот кукавичлук.
На таквите,кои за жал ги има многу, врв на патриотизмот им е плукањето по Бугарите и Србите,ја користат секоја прилика да го покажат својот "патриотизам" и се многу гласни во тоа.Истите тие,кога ќе загусти се напикуат таму од кај што испаднале(у на мајка им) и од таму навиваат за нашите,а кога се ќе заврши,излегуваат од дупките и почнуваат со ширење на теориите кои треба да го оправдаат кукавичлукот,дезертерството и предавството.
Кога сме веќе кај соседниве народи,кои толку се плукани од "халкидики патриотивe" да ги потсетам само следниот пат кога ќе сакаат да исплукаат некој Бугарин да знаат дека имаше Бугари кои дојдоа и се бореа на наша страна,кога ќе сакаат да ги исплукаат Србите да знаат дека одзивот на мобилизација кај Србското население во Македонија беше поголем од тој кај Македонците.
Многу кратко памтење имаме,затоа се ми се чини дека историјата многу брзо ќе ни се повтори,но овој пат многу полошо ќе поминеме.