Да,ама видеото е така направено за да можат и обичните луге да го сватат.А објаснувања се доста логични,и ми го сменија мислењето за непостоење на времето.
Најосновното објаснување е тоа како би се движеле 2Д предметите,како картата на пример,во тродимензионален свет.Значи,бидејки тие имаат само две димензии,и тој свет би го гледале како дводимензионален,односно,како права линија.Сепак,иако за нив изгледа како права линија,во суштина во 3Д светот,прават различни отстапувања,патеката е крива.
Истото важи и за нас.Ние сме 3Д суштества,но иако не го гледаме тоа,во нашиот свет постои и 4та димензија-време.И иако ние гледаме дека времето се движи по права линија,тоа е само наша слика,бидејки нашите сетила не ја перцепираат 4та димензија,туку имаме само направи со кои може да ја измериме.Кога би влегле во 4тата димензија,тогаш би виделе дека тоа не права линија,туку е крива патека.Кога би отишле таму,би можеле да патуваме од една точка на пример датумот на нашето рагање до друга датумот на нашата свадба.Таму би било како одење по една права линија.Во нашиот 3Д свет,би било патување во времето.
Истото се случува и со останатите димензии,се до десетата,каде што според теоријава,се е собрано во една точка.
Има сличност помегу првата и десетата димензија,нели...