Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти мешаш и си фантазираш. Од институција која е градежен објект, очекуваш нешто... Институцијата не е ништо друго освен група во која 80% се неписмени, мрзливи, алчни, нечесни, неморални, криминалци, сакаш да им дадеш уште поголема моќ

Институција не е градбата туку се луѓето во нејзе. И ако константно ги омаловажуваш, немаш никакво почитување кон нив итн. тогаш тоа и ќе го добиеш. Како ти тука на пример.

Не можеш да очекуваш доблесни луѓе дека ќе пројават желба да станат полицајци, професори, судии кога на децата од мала возраст им се става во главата дека тоа се криминалци, неписмени, неуспешни, неморални итн... . Кое дете ќе сака да биде дел од такви организации? и така на крај го добиваш баш тоа за што си ги обвинувал на крај сите тие позиции се пополнети од катастрофален кадар, зошто на добриот кадар му е испод чест да работи таму.

Денес некој кога ќе рече дека сака да биде учител\професор му се смеат сите посебно ако е машко во основно/средно. А потоа сите се чудат зошто образованието пропаѓа. Е ај размислете се.
 
Добро е да се слушне муабетов за монархија вака у пост-режим ерата. Очито тоа беше целта со Груевски да се напраи ко по Путин принцип у Русија, па сеа непребол им е што не успеа. Ипак Шарените спречиле нешто по се (y)
 
Заев спречи, ако сакаш да си прецизен.
 
Институција не е градбата туку се луѓето во нејзе. И ако константно ги омаловажуваш, немаш никакво почитување кон нив итн. тогаш тоа и ќе го добиеш. Како ти тука на пример.

Моите од 90та приватно се, јас по нив, така да не ми кажувај басни да сум ги почитувал вработените во системот, кога ем даноци плаќам, ем ме ебат, ем ми кочат работењете, ем рекет ми мавале.
Затоа тоа почит ти терај си и офкај и наредни децении.

Тие треба мене да ме почитуваат, НЕ јас нив. Јас создавам и за нив, тие НИШТО не создаваат.
Утопистите и фантазери слободно, ама после 2022 ќе ве видам дали ќе ги почитувате вработените во системот, кога ќе ни опнат поголеми даноци, кога родителите ќе немаат пензија за која рмбале ко луди, а и ќе добивате пендрак по грбот.
 
Ама ја не зборам за демократија од време на француската револуција, или комунизам. Зборам за моменталниот систем.
Ок горе доле се сложувам со мислењето, ама сметам дека периодот од 1960-1980 се покажал најдобар и најпросперитетен,.

А иначе ако збориме општо за демократија, мораме сите аспекти на злоупотреба да ги видиме.
Автоматски споено мислење:

Сеа пазарски муабети олигархијата вака сакала така сакала. Во монархија ти го немаш тој механизам да смениш власт, таму ти си живина, субјект на монархот.
Не одговара он пред никој, не е должен да ти полага сметка како се трошат парите, дали се исполнува програма и ветувања.

по кое мерило тоа ти е подобар систем.
Еве 2015 имавме механизам да смениме власт, дали тоа чувство дека нешто се сменило ти носи спокој сега или ти донесе некој бенефит ?
Автоматски споено мислење:

Добро е да се слушне муабетов за монархија вака у пост-режим ерата. Очито тоа беше целта со Груевски да се напраи ко по Путин принцип у Русија, па сеа непребол им е што не успеа. Ипак Шарените спречиле нешто по се (y)
Грујо монархија, сериозен ?
 
Еве 2015 имавме механизам да смениме власт, дали тоа чувство дека нешто се сменило ти носи спокој сега или ти донесе некој бенефит ?

што е битно дали мене ми донело некој бенефит или не? Битно е дека механизмот функционира. На некој може му се свиѓа резултатотна некој не.

Ти ако судиш таков механизам врз основа на тоа дека не ти се допаѓа резултатот, си ја промашил поентата.
 
Не ја имам јас промашено поентата, туку ти одбиваш да ја видиш..Нема разлика од Заев до Грујо, освен за тебе... Обмана е дека нешто се сменило... Се сменија само некои фирми кои бркаа тендери... па и тие е прашање колку се смениле..
 
Последно уредено:
Не сум ја промашил јас поентата, туку ти одбиваш да ја видиш..Нема разлика од Заев до Грујо, освен за тебе... Обмана е дека нешто се сменило... Се сменија само некои фирми кои бркаа тендери... па и тие е прашање колку се смениле..

Добро бе, можно е после глупоста што ја истресе сеуште да продаваш памет? Ни срам ни перде.
 
Сте запнале околу дискусија за монархија вс демократија, каква врска има сето тоа со Македонија, која е номинално некаква си демократија а всушност вазално олигархо-клептократско деспотство во последните 30 години...
 
Не е бе така, прашај го @Ne_sum_ja ќе ти каже, било така ама пошто имавме механизам го сменивме 2017 :)
 
ДИК снимиле песна и им исплатиле хонорарче на некои бедници од пејачи. Дебилизам.

Зошто не ставиле и некој да испее на влашки :D

Ова е комедија од држава веќе, еј мора на сите малцинства да им се стават делови од песната на нивниот јазик и после на некој му е смешно кога ќе се спомне кантонизација и федерализација, од ден на ден државава наликува на Босна.
 
Во Босна барем вицеви можеш да кажуваш за другите националности без некој да ти дроби на статус на ФБ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom