Институција не е градбата туку се луѓето во нејзе. И ако константно ги омаловажуваш, немаш никакво почитување кон нив итн. тогаш тоа и ќе го добиеш. Како ти тука на пример.Ти мешаш и си фантазираш. Од институција која е градежен објект, очекуваш нешто... Институцијата не е ништо друго освен група во која 80% се неписмени, мрзливи, алчни, нечесни, неморални, криминалци, сакаш да им дадеш уште поголема моќ
Не можеш да очекуваш доблесни луѓе дека ќе пројават желба да станат полицајци, професори, судии кога на децата од мала возраст им се става во главата дека тоа се криминалци, неписмени, неуспешни, неморални итн... . Кое дете ќе сака да биде дел од такви организации? и така на крај го добиваш баш тоа за што си ги обвинувал на крај сите тие позиции се пополнети од катастрофален кадар, зошто на добриот кадар му е испод чест да работи таму.
Денес некој кога ќе рече дека сака да биде учител\професор му се смеат сите посебно ако е машко во основно/средно. А потоа сите се чудат зошто образованието пропаѓа. Е ај размислете се.