Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Види јас само го коментирам фактот што некој 'прогесивни' со невидена леснотија го прифаќаат ова задолжително незадолжително вакцинирање.

Мислам самиот факт што потпишуваш дека ја примаш вакцината на сопствена одговорност и дека ти даваат документ со кој што можеш да се интегрираш во општеството, веќе е red flag за дискриминација.
Кои прогресивци на форумов? Знам дека има разлики меѓу нивните сфаќања за абортусот, правата на хомосите, за дрогата и тука за вакцината. Биле за мерките или за ставот дека треба да биде задолжителна.

Не е ризикот на тебе, не даваш изрично таква согласност. Даваш согласност за да примиш вакцина, а зошто и дали ја има и кај останатите незадолжителни вакцини (за сезонски грип, пример) ќе си ја прашаш Акесо која не ми одговори на прашањето затоа што дала "заклетва". Така потрагата по одговорот сега е твоја.
 
Ништо страшно за претерано замарање, али тотално непотребно. Немаш никаков ќар од тоа за корона конкретно.
Епа тоа го коментираме од преѓе ама Тенеке како ја опиша ситуацијава со средствата на училиште како небаре дрога ќе му даваат на влезовите :)
 
Трета декада во државна фирма.
Па тогаш душо знаеш колку % ни се одвојува од бруто личниот доход за здравствено осигурување..и ако би направиле така ко што ти велиш, ехееее, колку пари ќе треба да ни враќаат, посебно на тебе со толкав стаж, убава работа, но невозможна.
 
Епа тоа го коментираме од преѓе ама Тенеке како ја опиша ситуацијава со средствата на училиште како небаре дрога ќе му даваат на влезовите :)

Педер си, релативизираш ... :)

И тоа ова педер, како карактерна особина, што би рекол Заев, да не навредам некој хомосексуалец :D
 
Па тогаш душо знаеш колку % ни се одвојува од бруто личниот доход за здравствено осигурување..и ако би направиле така ко што ти велиш, ехееее, колку пари ќе треба да ни враќаат, посебно на тебе со толкав стаж, убава работа, но невозможна.
Се сложувам но сакаат секс а да не им влезе.Сакаат јас да им плаќам здравствено осигурување а да не ме примаат само затоа што не сакам да се вакцинирам со експериментална вакцина.Тоа ни во банани држави го нема,да платиш нешто а да не го добиеш односно се претплаќаш за некаква услуга а да не ја добиваш истата.
 
За твоево размислување, глупо ко кур е мал збор. Не можеш да очекуваш некој да се придржува до тоа. Ти живеј како сакаш, никој не ти се меша. Али не кажувај другите што како да праат. Ете ви вакцини, фајрон.
Ја не кажувам кој што праи у пандемијава. Ме гледаш да се расправам со анти-ваксери?
Секој нека праи како што мисли. Али и власта исто праи тоа што мисли. Они мислат дека треба да се казнуваат тие што ги прекршуват мерките.
И ја не сум нешто многу-многу воодушевен од нивните мерки. На пример, немам намера дете у школо од септември да пуштам.

А повеќето од луѓето во земјава стварно се глупи ко кур (глеј каква е земјава, како прво) и мене ништо не ми значи кога некој како аргумент ќе рече - Ама повеќето вака мислат кај нас.
 
information on reports of suspected side effects

под C, covid

А за медицинските услуги, колку народ има што не заслужува по таа ваша логика медицински услуги со начинот на живот, та за вакциниве недопроверени било работава. Како да ја примат оние кои имаат прилично сериозни последици од ковид и постковид, како да ја примат оние чии антитела (а за кои ние немаме, а во други земји има бесплатни тестови) се доста високи, оние кои не смеат од одредени причини да ја примаат...
Во суштина не е само вакцината како вакцина проблем. Проблем е начинот на кој се врши притисок врз граѓаните и како им се диригираат животите. Утре ќе биде за нешто друго, за угандин.
За промена, зошто не размислиме каде беа вакцините на Mr Slayer кога беа навистина потребни (така сега ќе немаше толкав број невакцинирани и новоболни). Ќе дојдат, еве ги идат, сега уште малку, еве еден куфер, сега некој ќе ни донира...И кој ќе одговара за тоа што ни се зголеми бројот заради Карлеуша забави и слободен премин на граница, лоши или ненавремени мерки, за луѓето кои стојат со часови на 40+.... Ова како и немањето вакцини кога цела Европа имаше (па наши идеа у Србија) брзо го забораваме, што не е во ред.
 
Разбирливо, можеби не сите изгубивме толку пари колку што и ти, но сите трпиме големи финансиски загуби поради вирусот, од таму и мојот револт за мнозинството мерки кои што уште повеќе ја укењуваат ситуацијата, поготово последнава.

Мнозинството финансиски загуби се резултат на неправилните мерки, од почетокот на епидемијата до сега, како што беше комплетен локдаун на едноцифрен број заболени на почетокот, како и полициски часови од 9 вечер до сабајле, од 11 вечер до сабајле и слично. Мерките не ги ублажија бројките значително, но со сигурност не усраа сите финансиски.

Случаеви има и ќе има, со вакцина или без, вакцината не ја спречува трансмисијата на вирусот, туку само помага заболениот да нема ептен лоша клиничка слика.

Значи што ми е поентата, тргање на смешниве мерки, доброволна вакцинација доколку се чуствуваш загрозен, си у ризична група или твоите се, држење дистанца обавезно и избегавање на гужви. Според мене тоа е решението.
Епа ние сме збир на сите можни комбинации: лоши мерки, народ што не почитува ништо и не држи дистанца, дувло на антиваксери, банана здравством. Каков народ, такви ќе бидат и мерките.
 
Миа Костова излезе попаметна од еден куп самопрогласени прогресивни либерални интелектуалци.
Арно викаат коронава излезе тест за интелегенција.

конечно една тронка разум во ова лудило
 
Декември лани прележав, пред 5 дена се вакцинирав. Не ме ни прашаа за прележан ковид, го прашав тој што ми земаше податоци дали има врска што сум прележала, не не воопшто не е битно ми рече, ни праша кога, значи сум можела и пред 5 дена да ја прележам, тотално небитен податок им беше тоа.
Кога потеков и бев кај матичната ми рече супер значи дека вакцината кај тебе делува позитивно и поради прележан ковид сум имала изгледа високи антитела па затоа "малце" се искомплицирало. На себе не личев воопшто. Во боледувањето ми пиша причина уртикарија.Не знам што е тоа, не сум ни изгуглала. И така. Болки немав, раката само нели што боли, уморна бев и ова што потеков 3 дена.
Со Фајзер.

Ова ти беше од првата или од втората доза?
 
Миа Костова излезе попаметна од еден куп самопрогласени прогресивни либерални интелектуалци.
Арно викаат коронава излезе тест за интелегенција.

Имунитетот траел само 6 месеци..

Еве и да речеме дека ова е вистина, допрва ќе видиме дали откако ќе помине овој период ќе има значително поголем број на инфицирани со двојна доза и уште побитно како ќе го поднесат истиот. Според мене организам што еднаш добил некакви антитела од вирусот (во случајов со вакцина) наредниот пат ќе биде далеку поспремен, може не како оној што природно ќе поминал без вакцина сепак има/ло некаков позитивен ефект од истата не е џабе аплицирана.
 
допрва ќе видиме дали откако ќе помине овој период ќе има значително поголем број на инфицирани со двојна доза и уште побитно како ќе го поднесат истиот.

И по тебе во ред е да се притискаат овие под 30 години и прележаните да се вакцинираат, затоа што допрва ќе видиме дали помага вакцината?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom