Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто необавезателно за гледање.
Не се препорачува за коронаши со слабо срце, а богами и нерви.

 
Нешто необавезателно за гледање.
Не се препорачува за коронаши со слабо срце, а богами и нерви.

Гледав до 4 минута во тој момент се претстави и заболекарот :pos:па го изгасив видеото.
 
Исполнетост на болничките капацитети во Скопје
- Инфективна клиника -полна (хоспитализирани 99 пациенти, од кои 67 се на кислородна поддршка)
- Модуларна болница -од вчера хоспитализирани се повеќе од 10 пациенти (капацитет 72 кревети), истата може да биде исполнета за 5-6 дена со ова темпо на новозаразени.
- Болница Козле -40 слободни кревети
- 8ми Септември -55 кревети, хоспитализирани 49 лица, слободни се уште 6 кревети.

"За донесување на поригорозни мерки главен показател ќе биде исполнетоста на болничките капацитети." -Венко Филипче
 
Поента е секоја фирма да се организира со смени и дежурства а да не трпи работава... Кај некои ова нема да повлече никакви последици, кај другите ќе биде редуциран обемот..
Општина Центар вриеше од позитивни, што треба, да продолжат сите да одат? Имаат мали канцеларии и постојана гужва. Подобар концепт е да се воведат смени. Ограничување со 23 е заради местата како Мош и Интермецо кои не почитуваат ниедна мерка.
Башка да не се лажеме кога ќе се запиеш во кафана и самиот забораваш на мерките после 23...
Подобро е ова него да се затворат.. Има кафани и кафичи кои вистински се трудат да почитуваат мерки зошто тие да изгинат?
Кога ке запиеш во кафана кај 23,ке заборавиш на мерките и ке букне вирусот а?
Оваа мерка може да помогне у некоја 100 милионска држава со 10 души заболени.Знаете ли колку фурни леб треба да изедеме за да стане актуелно ширење вирус у кафана после 23?
 
Исто како со колине што загадувале,ке копираме мерки од Германија,дизелите таму ги забраниле.Па у Германија се е наредено,нема други загадувачи уште колите останаа да загадуваат.Овде цементара не отру,у Момин Поток у магацин боен отров има складиран а секој втор ден излагаат снимки со реки и помор на риби,водата црвена.Ама ете дизелите да се забранеле како у Немачка,до таму сме стигнале.Така и мерката до 23 часот.Во болниците кај нас не се поштиваат протоколи пола се таму заразени,а маски на отворено ке мосиме :pos:
 
Кога ке запиеш во кафана кај 23,ке заборавиш на мерките и ке букне вирусот а?
Оваа мерка може да помогне у некоја 100 милионска држава со 10 души заболени.Знаете ли колку фурни леб треба да изедеме за да стане актуелно ширење вирус у кафана после 23?
Од кафана одиш во Интермецо, Три Кичен, Мош... Само од Три кичен имаше кластер со над 50 позитивни..
Може немаат сите исти навики ама мерката има некаква логика.
 
Од кафана одиш во Интермецо, Три Кичен, Мош... Само од Три кичен имаше кластер со над 50 позитивни..
Може немаат сите исти навики ама мерката има некаква логика.
Абе се тоа во ред ама претходно ако си бил во кафана шансата да се заразиш таму е исто така голема, во сите кафани има гужви така ако гледаме.
 
Абе се тоа во ред ама претходно ако си бил во кафана шансата да се заразиш таму е исто така голема, во сите кафани има гужви така ако гледаме.
Нема во сите, затоа и се нервирам што сите ги ставаат во ист кош... Има кафани што инвестирале во специјални апарати за прочистување на воздухот и сериозно внимаваат. Утре заради некој лабав лик и он ќе изгине..
 
...цементара не отру,у Момин Поток у магацин боен отров има складиран а секој втор ден излагаат снимки со реки и помор на риби,водата црвена....
„Ова што го гледате на фотографиите е исцедокот од депонијата на Југохром во Јегуновце. Онаа вода кадешто се влева токсичниот исцедок е реката Вардар! Она на другиот брег на Вардар е планината Жеден. Од другата страна на планината се изворите Рашче, од кои вода пие цело Скопје! Ја гледате гадотијава во сите нијанси на жолто и зелено што истекува непречено? Е, тоа е шествалентен хром!!! Ај сега изгуглајте колку видови канцер предизвикуваат хромните соединенија во водата што ја пиеме и од која се наводнуваат нашите ниви!“
122092873_462554034720188_1947675527320686209_n-1-1024x768.jpg


Прилично добар текст, кој укажува на многу флагрантна состојба, во врска со Рашче, за која сега никој не се грижи.
 
Нема во сите, затоа и се нервирам што сите ги ставаат во ист кош... Има кафани што инвестирале во специјални апарати за прочистување на воздухот и сериозно внимаваат. Утре заради некој лабав лик и он ќе изгине..
И ова е точно истото и јас го коментирав неколку страни поназад, секоја чест за некои локали кои од сам старт си ја сфатија ситуацијата сериозно и почитуваа протоколи кои богами не се кој знае колку тешки да се спроведат ама заради некои лакоми "газди" ќе трпат и тие сега.
 
Да бидеме искрени, мене ми одговара да се затворат кафичите и рестораните во 23 ч. Барем нема да слушам до ниедно време "Ко би реко чуда да се десееее...". И онаа која ја завиваат "Оооооо јеси ли то ти...". Барем ќе имам мир во душава извесен период.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom