Колку си ја сакате работата?

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
@Lester Freamon ако алудираш на последниот дел од мојов пост за промена на работа како најдобар начин за покачување, мислев не кариера да се смени, туку да се најде работа у друга фирма и да се бара повисока посакувана плата.
Не само што така се зголемуваат шансите за добивање на повисока плата, туку нема притоа работодавецот да ти извади џигери низ нос, очекувајќи дека 100 пати повеќе ќе се залагаш.
Претходно друг имаше спомнато промена на професија, јасно ми е ова со промена на работодавец.
 
Она кога одиш на работа и по патот во мал дел од секундата посакуваш да те удри кола :icon_mrgr:

Најверојатно си Мек или Бургер Кинг па знам како ти е.Да не е пцуењето најверојатно ќе завршиш како психијатриски случај.
А најтешко е кога од нигде никаде се појавуе гужва и гледаш од кујна како се полни ресторанот, се чуствуваш како оние порно глумиците шо им прават генг-банг, тогаш ти следува секс во најава.

Еве го моментот дојде од 12 почнувам до вечер до 10 и пол и така у круг.

Море камо среќа да бев Мекдоналс и слични, штета шо не даваат добри пари. Иначе во Хермес сум. Бев во Амазон, па друга фирма, и се префрлив Хермес. Нацистичко дувло, уште свастиката им фали.

Јебига тоа е, се додека не научиме јазикот ќе се вртиме во вакви кругови.
 
Последно уредено:
Вистинското прашање за македонски услови би било "Колку е возможно да се сака кариерата/работата во Македонија?".
Мислам ние сме евидентни робови на западот во секаков поглед, а за македонски пазар да се работи аир ретко кој видел.

Конкретно за цел ИТ сектор (дизајн, програмирање, дигитален маркетинг) имаат побарувања како да си intermediate/senior за работа која што таму би била entry level. Па познавања од ова, познавања од она, 200 сертификат, па покрај англиски добро би било уште еден добро да се знае и што уште не. А платата х10 пати помала од таа на запад. Работата репетитивна, процесите скроз автоматизирани и баба ми за 3 месеци ќе научи да работи. Банализирам, ама така е. Дури би рекол дека за секој еден оглас за вработување од било која сфера е така.

Самите огласи кои ги пуштаат од горе на овдешниве HR им се од старт нереални, а нашиве ќутат и копираат на нашите сајтови за вработување. Или пак не се замараат.

Странциве пак, покрај тоа што се клети деградирачки капиталисти, немаат претстава дека во Македонија не се живее добро со 500 евра. Доаѓаат овде, гледаат за 200-250 денари имаш добар оброк у топ ресторан, кафе 50 денари, цигари 80че. Имаат скроз погрешна претстава за тоа колку пари се доволни за пристоен живот овде. И тоа е своевиден фактор за лошата ситуација. Многу од нив мислат дека со 500 евра овде се живее топ.

Од странска фирма да добиеш покачување ради лојалност е научна фантастика, мора да се скинеш од работа за мочани 50 евра, кои најчесто ќе значат дека уште толку ќе ти ја вадат душата понатака. Знам луѓе на кои буквално им се спомнувало 50 евра покачување за да покажат подобри перформанси и резултати кои зависат од милион фактори (најмалку од се залагањето на вработениот).

Тераш 5/6 години искуство како џуниор, си накрцал 30че и едноставно не ти останува ништо друго освен да бегаш од овде и да бараш адекватни позиции на страна, бидејќи реално, дали 10 добри фирми има овде во секој сектор (бројкава е набустана). А на нив не им требаат толку вистински лидови и сениори (океј, свесен сум дека има исклучоци) туку највеќе им требаат нубови шљакачи што ќе штанцаат секој месец едно те исто, а најголем дел од младиве моментално не се као постариве по 35 години у една фирма да истераат, туку сакаат напредок, нови предизвици и константно надоградување.

Баш на редит читав муабет демек најдобар начин за добро покачување е да се најде нова работа. Во Македонија тоа е веќе долго време етаблиран факт.
Spot on колега, spot on. :) Постов е дежаву. :icon_lol:
 
Програмери еден куп знам шо пола ради здравје се откажаа и покрај парите јаки.
Што им се паднало на овие да програмираат, пенетрирање на лопати во земја?
 
Работното место го почитувам АМА не го сакам без разлика дали работев во Мк или надвор, ама затоа пак си ја сакам професијата - инжинер за роботика.
Дизајнирање автоматски машини од нула, програмирање роботи, машини, експериментирања, нови теории, различни методи ако нешто не работи и на крај кога се работи како што треба, сум си горд на тоа што сум направил. Работата ми е рандом микс од програмирање, математика, електроника, физика (секако и осет за буџет) и се состои од то да креирам/програмирам машини со специјални порачки така да секој проект ми е различен ( со тоа и секој ден мора да учам и да се надоградувам). Тоа е за професијата зошто ја сакам.
Од друга стана работата не ја сакам оти сум само вработен, мојот труд, знаење, (+стрес) што сум го вложувал секогаш оди за да креира богатство на некој друг. По буџетиве гледам дека газдиве не цедат, без разлика дали Мк или надвор. Работник, инжинер или програмер нема врска за нив сне само бројка на крајот од месецот.
Во Mк, а и тука, си земам уба плата (поголема од програмери и ИТ) колку да си обезбедам одреден мир и станбено прашање и засега ми е океј да речам.

Од друга страна татко ми си има фарма во Мк, нешто свое. Направил нешто од ништо и си работи за него, секоја капка пот, секој саат прекувремено, секој профит и секоја загуба оди за него. Тој пример си ја сака и работата и професијата, толку што скоро ќе останевме без ништо заради неговото сакање. На крај се среди ама сепак знам колку пожртвувања требаше да си вложи за да го работи тоа што го сака како што сака.

sacrifices :toe:
 
Што им се паднало на овие да програмираат, пенетрирање на лопати во земја?
имаш што припаѓаат во несвест за сешто, познавам и такви, паничат само, да кренат пажња или па се со OCD. Во ред е, код е, стресно може да е еден ден или два ако пукне нешто ама да лапаш апчиња за факинг код... :D Веројатно до карактерот е како што кажа и @Спојлер има многу што се преокупираат и цел живот им е само тоа.
 
Работното место го почитувам АМА не го сакам без разлика дали работев во Мк или надвор, ама затоа пак си ја сакам професијата - инжинер за роботика.
Дизајнирање автоматски машини од нула, програмирање роботи, машини, експериментирања, нови теории, различни методи ако нешто не работи и на крај кога се работи како што треба, сум си горд на тоа што сум направил. Работата ми е рандом микс од програмирање, математика, електроника, физика (секако и осет за буџет) и се состои од то да креирам/програмирам машини со специјални порачки така да секој проект ми е различен ( со тоа и секој ден мора да учам и да се надоградувам). Тоа е за професијата зошто ја сакам.
Од друга стана работата не ја сакам оти сум само вработен, мојот труд, знаење, (+стрес) што сум го вложувал секогаш оди за да креира богатство на некој друг. По буџетиве гледам дека газдиве не цедат, без разлика дали Мк или надвор. Работник, инжинер или програмер нема врска за нив сне само бројка на крајот од месецот.
Во Mк, а и тука, си земам уба плата (поголема од програмери и ИТ) колку да си обезбедам одреден мир и станбено прашање и засега ми е океј да речам.

Од друга страна татко ми си има фарма во Мк, нешто свое. Направил нешто од ништо и си работи за него, секоја капка пот, секој саат прекувремено, секој профит и секоја загуба оди за него. Тој пример си ја сака и работата и професијата, толку што скоро ќе останевме без ништо заради неговото сакање. На крај се среди ама сепак знам колку пожртвувања требаше да си вложи за да го работи тоа што го сака како што сака.

sacrifices :toe:
Да продадеш и пласираш производ не е воопшто лесно. И самиот си свесен дека имаш ментален капитал кој треба да го канализираш преку нешто свое. Сега барем има куп фондови за иновации (не зборам за нашиот) кои се жедни за вакви проекти.
Почни да правиш основи (собери информации за потребни документи, најди луѓе со сличен профил со кои можеш да се здружиш).
Штета е вакви убави „занаети“ да се трошат во туѓи раце.
 
Во ред е, код е, стресно може да е еден ден или два ако пукне нешто ама да лапаш апчиња за факинг код... :D
Баш така факинг код :). Логично дека пука и дека понекогаш знае да нервира, а и често има денови кога едноставно "не ти е денот" у превод не ми оди од рака. Тогаш си станувам од компјутер зошто можно е уште толку да зезнам работа. Не му се тресам многу многу, секако крајниот рок ќе го испочитувам. Релакс, опуштено, мислите на страна.. и после или утре ќе најдеме и решиме грешка. Здравје на прво место, друго се се решава :)
 
Да код е, седиш за викенд на пиво уживаш и наеднаш ти ѕвони телефон од 30 различни луѓе пошто студентите на пракса направиле drop table во sql на погрешна табела па паника се крева дур се вратат сите адаптори и функции. Не е OCD ова, дијазепам и кафетин не помагаат. Стресно е, ама тоа го има во секоја работа и е сосема разбирливо.
 
Ako edna firma dozvoli da dojde do scenario kajsto praktikanti/studenti imaat pristap i ovlastuvanja da izbrisat tabela vo live system i toa za vreme na vikend treba drop firma ne drop table :icon_lol:
 
Не е лајв систем, prelive е. Ама битни automated jobs проверуваат податоци. У принцип небитно е у работна недела, проблем е за викенд ако си на on call. И ова е само еден пример. Имаш милијарда варијабли што секој ден се внесуваат податоци и од клиенти и од бизнис сајд, па шансите да тргне нешто наопаку се прилично големи.
 
Ako edna firma dozvoli da dojde do scenario kajsto praktikanti/studenti imaat pristap i ovlastuvanja da izbrisat tabela vo live system i toa za vreme na vikend treba drop firma ne drop table :icon_lol:
јас имав ваква фирма клиент, на поранешен вработен не му ги одзеле креденцијалите и им пуштил беч џоб да им брише секој ден во 12 :pos: :pos:
си има support за викенди и празници да удрат еден ханзапласт, ќе ја ѕирнам проблематиката кога ќе се појавам на работа. Ајде еднаш да се деси да ти пореметат така слободен ден ама ако им стане навика, тогаш треба да го смените клиентот или пак да смените работно место. Не смееш да се ставиш на услуга 24/7
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom