Дали Џокер е брат на Бетмен?

  • Креатор на темата Креатор на темата The Wild Boy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека Џокер е брат на Бетмен?

  • Вкупно гласачи
    39

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.573
Поени од реакции
941
Локација
МАКЕДОНИЈА!!!
Епаа, го гледав џокер. Не сум гледал многу од DC серијалите, повеќе сум по Marvel, а и онака немам гледано доста бетмен, но еве бидејки џокер стана топ филм како endgame се одлучив да го гледам.
Е сега има дел каде што тој дознава дека е син на таткото на бетмен, но се испоставува дека тој е посвоен, бидејки тогаш мајка му кога работела за нив најверојатно го посвоила, но малце не ми држи вода тоа, бидејки подоцна ќе има сцена каде што таа ќе каже дека Thomas Wayne (таткото на бетмен) ја присилил неа да потпише така. Исто така и во листот (што џокер ќе го украде од болницата присилно) ќе прочита дека тој е посвоен, но и дека мајка му го малтретирала, и дека тој бил врзан за радиатор, со тоа ќе се посочи дека мајка му била болна жена (во смисол на се тоа што му направила на својот син Joker), но тој во болничкото комбе ќе каже дека таа не примала лекови, што ни укажува уште повеќе за тоа дека Joker навистина би можел да биде брат на batman.
Самиот филм мене ми е малце конфузен, а и вака ми изгледа дека би можело и продолжение да направат.
Ајде да продискутираме. Да ве слушнам и вие што мислите за ова.
 
И јас се слагам, мислам дека му е син непризнаен, таа мајка му затруднела и се навлекла на крек и бело, па он испаднал таков и овој нејќел да го признае пошто бил дете со посебни потреби и нормално да не се развие аферата како еден човек со реноме да има љубавници наоколу низ Готам. Али тоа е човек без интегритет со детски ум ќе ја направи бељата и после последици како настаните во филмот. Да си го признаел тоа на временемаше да стигне до таму дејството.
 
Епаа, го гледав џокер. Не сум гледал многу од DC серијалите, повеќе сум по Marvel, а и онака немам гледано доста бетмен, но еве бидејки џокер стана топ филм како endgame се одлучив да го гледам.
Е сега има дел каде што тој дознава дека е син на таткото на бетмен, но се испоставува дека тој е посвоен, бидејки тогаш мајка му кога работела за нив најверојатно го посвоила, но малце не ми држи вода тоа, бидејки подоцна ќе има сцена каде што таа ќе каже дека Thomas Wayne (таткото на бетмен) ја присилил неа да потпише така. Исто така и во листот (што џокер ќе го украде од болницата присилно) ќе прочита дека тој е посвоен, но и дека мајка му го малтретирала, и дека тој бил врзан за радиатор, со тоа ќе се посочи дека мајка му била болна жена (во смисол на се тоа што му направила на својот син Joker), но тој во болничкото комбе ќе каже дека таа не примала лекови, што ни укажува уште повеќе за тоа дека Joker навистина би можел да биде брат на batman.
Самиот филм мене ми е малце конфузен, а и вака ми изгледа дека би можело и продолжение да направат.
Ајде да продискутираме. Да ве слушнам и вие што мислите за ова.

Има повеќе верзии или универзуми на Бетмен, ако збориш само за верзијата од филмот, тогаш да, јас мислам дека му е полу-брат.

Добро е што тоа експлицитно не го открија зашто вака филмот е подобар, ама очигледно беше дека Томас Вејн е прикажан малку во негативно светло, не беше воопшто добронамерен и чесен човек. Плус кој би дал на луда жена, како што тврдеше Томас дека била, да посвои дете? А исто така негде прочитав дека изводот на родени за Џокер бил потпишан од др. Бенџамин Стонер, кој е негативец во стриповите наречен Dr. Anti-Fate. Така да повеќе од сигурно е дека има некоја дубара тука направено.
 
И сега со ова можно е и Joker 2 да е во план. Пошто нели batman таму е сеуште дете.
 
Па можно е ама јас би сакал да си остане ова како засебен филм. Не мора од све да прават серијали, втор дел ако има сe сомневам дека ќе го има истиот успех, а овој ќе изгуби на вредност. Иако сум малку љубопитен како би го вклопиле Бетмен во овој свет, со оглед на тоа што филмов пред све беше психолошка драма а не суперхеројски филм.
 
Во најновото ремек дело Џокер,според мајката(Пени) на Артур то ест Џокер, Артур е полубрат на бетмен но филмот никогаш експлицитно не објаснува дали е тоа точно или не.Во медицинскиот налог на мајката од Артур , пишува дека таа пати од психоза(губење на контакт со реалноста) и патолошко лажење, исто пишува дека Артур е посвоен.На што подоцна таа одговара дека тоа не е вистина дека е посвоен,туку дека таткото на Брус Вејн односно Томас Вејн ја присилил да ги фалсификува документите и да каже дека е посвоен за никогаш да не се открие вистината дека тој е нивниот син.
 
Ова шпанска новела ќе прават од Бетмен? Овие што ги снимаат филмовите за Бетмен, дали уопште имаа прочитано макар еден стрип од Бетмен. Па анимирана серија е сто пати подобрa од сите филмови за Бетмен.
 
не е у овој филм Бетмен, мислам е но како мал само, најверојатно ќе има продолжение пошто добра кинта падна од првиот филм
 
Ова шпанска новела ќе прават од Бетмен? Овие што ги снимаат филмовите за Бетмен, дали уопште имаа прочитано макар еден стрип од Бетмен. Па анимирана серија е сто пати подобрa од сите филмови за Бетмен.

Се надевам дека тролаш.
 
Се надевам дека тролаш.
Воопшто не. Ако правиш филм за Бетмен нека биде тоа Бетмен. Никој досега не го долови вистинскиот Бетмен.
Ама се додега се лажат младите, добра пара паѓа, ќе тераат овака студијата. Важно бетмен костум да има, иако ликот во филмовите е нешто сосема друго.
 
Да ве потсетам само во Северна.Кореја појма немат кој е Џокер и Бетмен , па сеа видете колку ви е испран мозокот од .....
 
А тие што гласавте не, зошто мислите дека Џокер не би можел да биде брат на Бетмен?
Ајде да слушнеме и од вас ваше мислење :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom