A1 Телевизија повторно на тв екраните

  • Креатор на темата Креатор на темата mishko
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви фали А1 телевизија


  • Вкупно гласачи
    333
ми фали А1 и да ти кажам право сега почна да ми фали доста ради тоа шо нема кај да глеам дакар
 
Не гледам телевизија веќе добри 4 години, но како мал пораснав со А1, со филмовите во петок и сабота навечер, со Дигимон, Драгонбол и Покемон, со документарните серии итн итн.
Во тоа време, А1 беше најблиското нешто кое можеше да се нарече професионален медиум во државава.
 
Ех, една година кога имаа хорор серија, едно 3 месеца секој петок имаше хорор филм, колку ми беше страшен тогаш Врисок, омг :D
 
Не ми фали затоа што не ми фали телевизорот како направа воопшто, а да гледав сеуште ТВ секако дека ќе ми фалеше :)
 
A се сеќавате ли кога на времето даваа NBA ?
пс: ЈуГиЈо не го заборавајте кај цртаните...
 
А1 ака Сител тие исто и ич не ми недостасува бидејќи истите розови работи ги има и на сител, политички програми ама едната више не е, отиде у неповрат, иначе на сител гледам само филмчиња и кој те шиша понекогаш, а латас за ку* ми е да го гледам...
 
НЕ!Поради :
  • Секој викенд најава за филмска премиера, а одел (пред) минатиот викенд истиот филм
  • Турски /хрватски/шпански серии (за жал се префрлија во други тнр. медиуми + српски филмој од шездесет и седма)
  • Отворено политичко агитирање (го имаме и во еден друг медиум, т.е. 2 од кои едниот го плаќаме)
  • Поголемиот број добри емисии ги снемуваше за брзо време, после една или две сезони (Милионер, Опуштено
  • Имав чувство како да се портпарол на јужниве комшии
Позитивни работи :
  • Спортската програма во некои периоди и 4 сезони (како сум се газел од смеење на грешките на Дејан :pos:)
  • Беа една контратежа на про-владините медиуми, ама претерувањето и преувеличувањето ги заеба многу.Особено при крајот.Да ги гледаш А1 мислиш дека е бетер од пеколот во Македонија, а Сител дека течело мед и млеко од сите чешми.
  • Ама не им заборавам дека да не беа тие (без разлика со која цел) немаше да чуеме за убиството на Мартин.Сител пробаа со заташкување.
 
Не !

Затоа што го отекоа со тој нивен упад та упад.. направија сцена како кој знае што да се десило и се глупираа секој божји ден.... а за вестите да не праам муабет ни А1 ни Сител појма немаат како се водат вести ... Латас прикаски си кажува а овие кога ќе ги уклучев како да гледав грчка телевизија и освен ЕУ НАТО НАТО ЕУ ЕУ ЕУ ЕУЕУЕЕЕУ НАТО НАТО НАТО ЕУ НАТО .. друго не знаеа да кажат..

а и да... синхронизацијата нивна глупава ! :mad: го уништија секој филм.. забегани !!!
 
А1 од последниот период, со ужасна програма, не ми фали многу. Но онаа А1 од пред неколку години - и тоа како. Тогаш знаеја да купат добар филм и добра серија и да ги емитуваат во разумно време.

Сепак, колку повеќе телевизии, колку повеќе гласови - толку подобро. Се надевам дека нема вака пак да згасне некоја телевизија.
 
Браво бе, најдовте уште еден начин да тролате околу А1. Носталгичен овој пат. Завчера ја затворија бе! И по што ќе се разликува оваа тема од А1 вакви / шител онакви?
Нека стои отворена засега ама немаме многу намера да бришеме и да оправаме криви дрини. Кога ќе преминете на политика, го фаќаме клучот.

Со памет.
 
Добра недобра, знаеше да го погоди вкусот на гледачите секогаш и се што ќе прикажеше стануваше невиден хит, дали се работело за серија, шоу или за некаква вест.
Изгради препознатлива програмска шема уште години наназад, но се се смени откако ги донесоа турските синхронизирани серии.
Своевремено најголема популарност имаа шпанските серии на А1, по нив следуваа амеирканските, за на крај да бидат заменети со турски, први ги донесоа реалните шоуа, квизовите, препознатливите презентерки на вести и новинари, А1 Ексклузив, премиерни филмски хитови. Патот за Авонли, Рекс, Сен Тропе, Савана, Млади бунтовници, Клон, Очајни домаќинки, Изгубени, Серанови, Сопранови, Два ипол мажи, Дивиот ангел, 24, ЦСИ, па јапонските цртани серии, па Големиот брат, Идол, Операција триумф, Преживеан, Јас имам талент, Милионер, Момент на вистината, Тркало на среќата, навистина ми недостасуваат овие времиња.
 
Ее,млади бунтовници... хаха xDDD
A1 ме потсеќа на песнава.. :ROFLMAO:
 
Кога а1 сега ја гледате на Сител и Канал5, тогаш, што ви фали ?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom