Мистери шопинг да им правиш на вработени кои работат за 9 илјади денари?
Кој го измисли ова срање во Македонија да го ебам во газот.
Ниската плата не е никаков изговор за непрофесионалност, неекултура и нељубезност! Ако имаш проблем со платата, тоа се решава со претпоставените, а не со клиентите. Ако ти се малку тие 9000, дади си отказ и оди најди си повеќе платена работа! А со непрофесионален однос кон работата и некултурно и нељубезно однесување кон клиентите сигурно претпоставениот нема да ти ја зголеми платата!
Поради релативно ниските примања во земјава владее заблуда дека платата е примарниот параметар за задоволство на вработените! Но сите практични и научни истражувања покажале дека не е! Ако не те исполнува она кое го работиш, ако ти причинува стрес и анксиозност и те полни со негативна енергија, ниедна плата на светот нема да те направи среќен!
Ако си несреќен на работа тоа значи дека барем пола од животот ти е промашен бидејќи барем пола од времето во денот си несреќен (8 саати спиеш, 8 работиш и 8 си слободен). Ако уште дома не си среќен со партнерот и семејството, тогаш ти си комплетно несреќен човек.
Но да се вратам на работата, многу „менаџери“ кај нас не знаат да менаџиират со луѓе и ги третираат како машини. Една од основните и кај нас најчести грешки кои ја прават многу раководители/менаџери/директори e недавањето фидбек. Фидбекот е најефикасно средство за награда на вработените и за подобрување на квалитетот и ефикасноста на работата која ја вршат. Нема подобро чувство од она кога ќе добиеш признание за добросработената работа и со ниедни пари неможеш тоа да го купиш. Негативниот фидбек, како спротивност на позитивниот, не треба да биде омаловажување, туку позитивна критика со укажување на како подобро да се сработи она кое што не е добро сработено и барање во иднина да се зголеми квалитетот. Понатаму кога ќе се забележи прогрес во квалитетот и ефикасноста на работникот, многу е битно истото да биде забележано од претпоставениот и за тоа работнико да добие позитивен фидбек. Но ако нивото на сработеното не е доволно истото треба да биде нотирано и да се побара од работникот и понатаму да го зголемува квалитетот и ефикасноста на сработеното. На тој начин може да се мотивира вработен да го подобри квалитетот на работење, а не со само золемување на плата. Платата секако треба да му расте со обемот и квалитетот на работите кои ги извршува, но тотално погрешно е да да очекуваш дека некој ќе работи повеќе и поквалитетно ако само му ја зголемиш платата.
За крај, парите се основа за несреќа, но не и основа за среќа! Кога човек не може да си обезбеди основна егзистенција секако дека ќе биде несреќен поради тоа! Но кога веќе ја има обезбедено егизстенцијата и некаков пристоен живот, многу дополнителни пари нема да го направат посреќен. Може да го направат понесреќен, ако не е израстен да живее со многу пари и/или не знае да ги менаџира. Не ретки се случаи каде неизживеани луѓе дошле до пари па се уништиле и себе и семејството и се што постигнале во животот. Парите се отепувачка.
EDIT: Глеам сега темава од пред 100 години била

Јас битно се изнапишував додека си праам кафе-пауза
