Chernobyl

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Примети ли некој во првата епизода во колку часот се обеси Легасов.. :cool:
 
Многу добра сцена, ме потсети со говорот од GoT со Јован Снег кога збори за лагите и како ќе влијае за битката со мртвите, иако оваа сцена е далеку подобро напишана.
...We're on dangerous ground right now because of our secrets and our lies, they're practically what define us. When the truth offends, we lie and lie until we can no longer remember it's even there, but it is still there...
 
Последно уредено:
Како што кажа Легасов во првичните неколку минути од прва епизода, колку и да бил Дијатлов расипано човече во трк по слава, не е ова негова вина туку е жртвено јагне. Според неговото искуство и образование во оваа сфера, командата AZ-5 го исклучувала реакторот без никакви последици и затоа и покрај сите нус појави отиде all in на тестот. Како што кажа и Хомјук, дека биле невнимателни - биле, дека избрзале - избрзале, дека не следеле протокол - не следеле, меѓутоа главниот виновник не е никој од третата смена.

И после серијава и после сите проблеми кои настанаа по хаваријата, барем јас се уште сметам дека добивањето енергија од нуклеарна електрана е најпаметно и најпродуктивно нешто што постои. Проблем е што до ваква технологија не треба да припаруваат земји како нашата (знам дека и да сакаме не може зошто Вардар нема капацитет да лади) зошто со партиски вработувања и слични пластични амбиции на раководните лица, 5 пати бетер од ова ќе биде.
 
Мене ме чуди што и за контрола на авиони се бутаат партиски ботови па како не настанало некоја тешка глупост. Ама со оглед дека немаме нешто висока ферквенција на летови и плус авионите се понапредни во комуникација и има подобри пилоти па ваљда сдсм-вморните не стигнале да направат некоја трагедија. Господ да ни е на помош со ваков народ...
 
Можам да кажам бар за нашиве централи,not great, not terrible:icon_lol:

Шала на страна, нивото е далеку над тоа у серијата. Во најлош случај може да некој од вработените да глеа помалце да сработи нешто или да си подкраднува од ураниумот. Ама вакви глупаци од шефови и сениор оператор со 25 години неам сретнато.
 
Мене ме чуди што и за контрола на авиони се бутаат партиски ботови па како не настанало некоја тешка глупост. Ама со оглед дека немаме нешто висока ферквенција на летови и плус авионите се понапредни во комуникација и има подобри пилоти па ваљда сдсм-вморните не стигнале да направат некоја трагедија. Господ да ни е на помош со ваков народ...
Стигнале, како не, сега колку е контролата или нешто друго виновна е прашање. Изгледа и не знаеш за периодот кога имаше едно 5 - 6 авио компании, со изнајмени авиони и пилоти од распаднатиот СССР, по правило што е можно поефтино да биде.
Мора да сме рекордери со волку несреќи во однос на сообраќај.
https://faktor.mk/dosie-avionski-nesreki-vo-makedonija/
 
[DOUBLEPOST=1559823715][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1559824150][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1559824238][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Serijata, storijata, glumata 10/10. Steta samo so ne ja rastegnaa na 10tina epizodi, ima vise nego dovolno materijal i nastani za toa.
Vo poslednava epizoda ne moze da ja ukapiram scenata so miki mausot koga legasov go strpaa u samica. Ima li nekakvo znacenje ili ne.
https://ibb.co/WxcTWBK
<a href="https://ibb.co/WxcTWBK"><img src="https://i.ibb.co/GxVhvCP/Screenshot-2019-06-06-16-29-36-832-com-miui-videoplayer.png" alt="Screenshot-2019-06-06-16-29-36-832-com-miui-videoplayer" border="0"></a>

WxcTWBK
 
Последно уредено:
Како што кажа Легасов во првичните неколку минути од прва епизода, колку и да бил Дијатлов расипано човече во трк по слава, не е ова негова вина туку е жртвено јагне. Според неговото искуство и образование во оваа сфера, командата AZ-5 го исклучувала реакторот без никакви последици и затоа и покрај сите нус појави отиде all in на тестот. Како што кажа и Хомјук, дека биле невнимателни - биле, дека избрзале - избрзале, дека не следеле протокол - не следеле, меѓутоа главниот виновник не е никој од третата смена
Па за ова колку и да имаш право сепак има и друга страна паричката. Како што нагласија во четвртата епизода, 10 години пред несреќата било нагласено од друг научник, Волков мислам беше, дека треба да се прекине со користењето на ваков тип на реактори. Нормално, бил одбиен затоа што ова било најевтино користење на нуклеарна енергија. Моменти пред да се деси несреќата, Топтунов и Акимов го предупредуваа Дијатлов дека не е исправно тоа што го прават али џабд, не сакаше да слуша. Да не се сфатиме погрешно, факт е дека Дијатлов е еден вид жртвено јагне, ама според тоа како е прикажан во серијата ми личеше дека е типичен комунистички научник, све он знае и не сака никого да слуша, како што беше и впрочем ноќта кога се деси несреќата. Единствено не бил свесен дека копчето AZ-5 ќе испадне детонатор наместо блокатор.

Технички, физички, ватева, реакторот не можел да експлодира. Освен нели кога ќе експлодира. :icon_lol: Не можеше ниту Легасов, ниту онаа од Белорусија, ниту Акимов, ниту било кој да објасни како е можно јадрото да експлодира, па затоа и на почетокот се курчеа оние што на крај беа казнети. Премногу ми се допадна начинот на кој Легасов ги објасни сите процеси во нуклеарниот реактор и како копчето AZ-5 наместо да го угаси реакторот го активирало и имало улога на детонатор.

Пак ќе кажам, можда 95% си во право за Дијатлов дека бил жртвено јагне, ама има тука нешто и во неговата позиција и моќта која ја носел со неа и која ја злоупотребувал и кога треба и кога не треба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom