Не сфаќам... повеќето постови се вртат околу тоа дека не бива врска помеѓу професор и ученичка заради разликата во годините. А што ако се работи за врска помеѓу двајца со иста разлика (да речеме 7-8 години) во годините, само што не се професор и ученик. Тогаш може? И што ако разликата е мала, да речеме 4-5 години (18 год. и тазе дипломиран 22 год.), таа е ученичка, тој е професор, само во различни училишта? Тогаш би немале предрасуди?
Лично, немам ништо против, се додека се работи за искрени симпатии (да не речам љубов). Доколку е за оценки или професорот само сака да ја искористи ученичката, секако дека не оправдувам, ама врска од корист не оправдувам за било кого, не само за професорите-учениците.