Чудно... Никогаш не сум се нашол во таква ситуација. Ниту сум го посакувал тоа, ниту пак некој тоа го барал од мене.
Мислам дека е најдобар овој начин: се запознаваат професорот/професорката и студентката/студентотза време на часовите. Тој/таа ја/го забележува неа/него, таа/тој него/неа. Си се допаѓаат. Веројатно комуницираат во врска со тоа и знаат и едниот и другиот кој што сака.
Е сега, ако е така, според мене, најдобро е ништо да не превземаат дури таа/тој му/ѝ е студентка/студент нему/нејзе, за да не дојде до компликации во врска со оценувањето и образованието. Сепак, бидејќи секогаш (без исклучок) оценката е субјективно мерило, теоретски е многу можно професор/професорка да даде највисока оценка на студентка/студент, ако таа/тој ги исполнува неговите/нејзините критериуми. А ако тие критериуми се во кревет, оценката би требало да биде валидна.
Јасно, во тој случај предметот што тој/таа професор/професорка го држи би требало да се одвива во кревет, а не во училница, па веројатно е дека професорот/професорката би добил/добила прекоманда во друга катедра или друга институција, имено јавна куќа. Зашто, ако професорот/професорката ѝ/му дава можност на оваа/овој студентка/студент на тој начин да го положи испитот, би требало да им даде и на останатите, заради фер евалуација. На пример, ако професорот/професорката сака орално (сексуално) да испита една/еден студентка/студент, би требало на сите да им ја даде таа можност.
Можеби е малку

ftopic:, но поентата ми е следнава: теоретски би требало да може да постои врска меѓу професор/професорка и студентка/студент, но според денешните конвенционални мерила би требало тој/таа професор/професорка да не ѝ/му е професор/професорка на таа/тој студент/студентка на некој предмет. Во тој случај врската би можела слободно да се развива.
Во спротивно, тој/таа професор/професорка на лабораториски вежби би требало да им покаже на *сите* студенти како да добијат висока оценка по неговиот/нејзиниот предмет и на испит да ги прими (или да им даде?) дури и ако се неизмиени, небричени, измастени или онака како што секој студент може да изгледа после интензивно учење и негрижа за личната хигиена. Јасно, во тој случај тој/таа професор/професорка повеќе припаѓа во јавна куќа, а и најверојатно предметот што го држи може на друг начин да се објасни, отколку, на пример,