Регистрирање на фирма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Овердрајв
  • Време на започнување Време на започнување
има...јас работам легално... треба да сум пореметен да земам пари за поставување на парно инсталација (минимум 2000 евра па се иде и до 15.000 евра) да набавувам материјали за кеш, и се остало... еден треба да ме поткаже или пријави па да ме ИЗГОРАТ СО КАЗНИ... а плус и не е само тоа... знаете ли дека парите во оптек што идат и се во кеш се многу малку? кој на денешно време има кеш во рака за да плати толкава сума? се е по сметки, трансакциони, жиро сметки, штедни сметки и слично.... нема кеш веке последниве 2-3 години ептен е запрен кешот... се е со безготовинско плаќање...
Знам купував нешто од една фирма еден репро материјал,кога сакав да платам кешарица ми викаат неможе
си викам абе овие луди ли се што не примаат кеш:toe:
 
Знам купував нешто од една фирма еден репро материјал,кога сакав да платам кешарица ми викаат неможе
си викам абе овие луди ли се што не примаат кеш:toe:

има опција за кеш... јас си имам спремено вирмани за во банка (за на сметка на фирмата се разбира) на кои им е празна сумата и името на уплатувачот. кога ке ми даде пари, ми се потпишува на вирманот и јас сам идам и во банка и ги уплаќам. или втора опција ми е му туркам под нос вирман спремен, ја упишуваме сумата, и го праќам во банка да ми уплати на сметка. за неколку саати парите ми се на располагање... меѓутоа ова е за некои помали зафати, на пример промена на вентили, или додавање на радијатор или нешто такво... за цели инсталации, луѓето нај често уплаќаат од сопствени сметки, со налог преку банка...

меѓутоа, моето со она што ти си го доживеал се различни.... јаснај често нудам и продавам УСЛУГА (монтажа и сервис) додека ти си купувал материјал.
 
Продај му ја фирмата не некој од овие што сака да отвори :)

imam 4 god firma doo sekoja godina zavrsna smetka prijavuvam 0 da ne imam nekoj problem so firmava ili nema vrska
nemam nisto raboteno so firmava mi trebase za nekoja rabota da napravam ama ne izleze kako sto mislev i taka stoi i odmara firmava
ke imam nekoj problem ili nisto?

--- надополнето ---

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4FE3B19B8BD38645B8F8F683720F4CD0
....
Тој објасни дека во Централниот регистар е направен голем напредок во делот на доброволно затворање фирма, односно доколку некоја компанија нема долгови кон одредени доверители, а сака да ја затвори фирмата, само доставува пријава до Централниот регистар и во рок од 45 дена компанијата се затвора. Според него за затворање фирма намалена е и цената од 1.300 на 500 денари. Костадиновски потсети дека за 4 часа може да се отвори нова фирма, а трошокот за нејзино регистрирање е намален за 6 проценти.

околу 18 илјади денари ако не ти е блокирана жиро сметката... ако ти е блокирана нешто помалку... значи, збориме за стечај нели... си решил да ја бутнеш во стечај, имаш блокирано жиро сметка тогаш тоа е окол 15.500 денари... так ми рече правничката што ми средува фирмите... и тоа 15.500 не ги даваш одма туку на 3 пати на еден месец... првиот пат даваш околу 5.500, вториот пат (после 1 месец) околу 6.000 третиот пат (пак после 1 месец) околу 4.000 и фирмата е во стечај...

а комплетно затварање е друга процедура... да речеме се си е чисто со сметките, значи нема долгови, данокот платен... само до централен регистар се испраќа т.е. се дава документот што го зимаш од УЈП дека немаш долгови, исто така и од банка последен извод... се плаќа нешто ситно и тоа е тоа... ќе чекаш едно 3 до 6 месеци и фирмата ќе се избрише... секако и правник можеш да ангажираш, ама незнам колку ќе чини со правник... не сум баш до крај сигурен која е оваа процедура, ама знам дека имаше нешто и со суд... ај стварно кој знае нека објасни што и како е кога идеш на затварање а не на стечај на фирма...
 
ne sakam da ja prodavam firmata
samo vo slucaj da imam problem ja butkam vo stecaj i cista smetka dolga ljubov so drzavata i opet nova:smir:firma
 
ke mi kazeli nekoj sto treba da napravam za da otvoram sopstven prehramben dukan i kako e najdobro da ja registriram ne mi se jasni rabotite kako treba da odat vo ovoa proglematika
 
Здраво. Ја прочитав темата но за жал не успеав да разберам ништо. Можеби затоа што немам никакви познавања од оваа област. Сепак ова е тоа што сакам да го прашам и многу би ценел кога некој би можел да ми помогне.

Сакам да отворам фирма. Фирмата ќе се занимава со издавање на услуги. Ќе нема вработени ќе бидам само јас. Веќе имам обезбедено пазар но потребно ми е да издавам фискална сметка или нешто адекватно на тоа за завршената работа. Тоа што ме интересира е колку ќе ме чини регистрирањето на една фирма. Дали мира да купувам фискална сметка бидејќи се работи за мал број на услуги или може на друг начин да бидам чист пред законот и другите форми за завршената дејност?
 
Ако си во доменот на услуги,издаваш фактура.Што област ќе работиш? Дали кон правни лица или физички?
 
Ако си во доменот на услуги,издаваш фактура.Што област ќе работиш? Дали кон правни лица или физички?

И кон двете. Само да се набави фискална каса не е толку проблем. Тоа што повеќе ме интересира е регистрирањето на вработени (за кој не сакам да има за да не плаќам опремнина иако не ми пречи да не земам зелени картони) како и тоната сума на регистрирање на фирмата. Домен на услуги е издавање на интелектуална сопственост (креирање на дизајн) како и можеби привремени продажба на флаери, летоци, веб страни и сл.
 
Вработен можеш да бидеш само ти како управител,никој не треба да вработиш.Имам адвокат за 6 000 ки ти ја завршува работата за два дена,само се потпишуваш и си земаш печат и сметка од банка.Сумата за отварање е измислена,значи ти требаат 6 000 денари и отвараш фирма.
Онак ми ја предложи и јас ја обожавам :)
 
И кон двете. Само да се набави фискална каса не е толку проблем. Тоа што повеќе ме интересира е регистрирањето на вработени (за кој не сакам да има за да не плаќам опремнина иако не ми пречи да не земам зелени картони) како и тоната сума на регистрирање на фирмата. Домен на услуги е издавање на интелектуална сопственост (креирање на дизајн) како и можеби привремени продажба на флаери, летоци, веб страни и сл.

Ако не работиш со кеш не ти е потребна фискална сметка. Интелектуалните услуги ќе ги фактурираш, а плаќањето ќе оди вирмански без проблем, било да е физички или правно лице. За отворање на фирма и вработување убаво ти е објаснето, мислам дека 6000 денари не е многу, плус ќе заштедиш време нема да трчаш по ходници.
 
Сакам да регистрирам фирма, за дејност јавен превоз - авто такси. Ке има двајца вработени со две возила. Дали некој знае каква фирма ми треба, и дали се потребни некои дополнителни документи како сертификат за професионална/стручна компетентност? Сакам да бидам подобро информиран пред да се впуштам во бркање документи. позз
 
Оваа дејност се поклопува со мојата во барање документација. Ќе регистрираш ДООЕЛ, ќе ти треба сертификат за компетентност на управител ( 11 000 денари) и сертификат за возачите (6000денари). Обуките се вршат во Битола на машински (си плаќаш и ти ги праќаат тестовите за парите).Потоа се пријавуваш во архива во министерство за транспорт,секој петок се полага (наизменично возач/управител). Од кога ќе го добиеш уверението за положен испит (кој се зема лично од секоја страна) поднесуваш за сертификат (и таа процедура трае 20 дена). Кога ќе земеш сертификати,спремаш документација за лиценца (што ти треба ќе ти кажат во министерство од задна страна). 10 000денари е лиценца за внатрешен јавен и чекаш лиценца (10 дена).Па потоа чекаш извод од лиценца. И на крај се убиваш од чекање....
 
Благодарам за помошта. Значи колку што разбрав, можеш да регистрираш ДООЕЛ, да пријавиш вработени а тие сертификатите ќе ти се потребни за лиценцата?
 
Благодарам за помошта. Значи колку што разбрав, можеш да регистрираш ДООЕЛ, да пријавиш вработени а тие сертификатите ќе ти се потребни за лиценцата?

Да.Се пријавуваш како управител и двајца вработени по 8 работни часа на ден.
 
Вака имам еден проблем и ми треба решение. Со еден другар отворивме фирма ДОО ама сеа сакаме да ја префрлиме на друго лице и да ја направиме ДООЕЛ. Ми рекоа дека ако го направиме ова на крај на година во ујп ке сме требеле да платиме по 250 евра двајцата неам појма зошто. Значи фирмата не оставрува никаков промет. Значи ми треба совет, некое најбезболно решение. Ве молам за помош
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom