ФАКУЛТЕТ или КУРС за ДОБАР ПРОГРАМЕР?

  • Креатор на темата Креатор на темата GTTI-TDI
  • Време на започнување Време на започнување
Добар, подобар... тоа се етички категории. Не се учи тоа на курс.
 
Сигурно и хтмл, цсс и јс у ист фајл пишуваш со бектикс:D

Ма каков хтмл, цсс, тоа јаваскриптот све динамички генерира, батали ги овие со вечерен курс што зборат :D
 
Ако алудираш на тоа дека HTML и CSS не се програмски јазици тогаш погрешно си ме разбрал, јас само кажав дека тие се основа за да можи подоцна да програмира ФЕ. Програмирај ти колку сакаш ЈС ако не знајш HTML и CSS.[DOUBLEPOST=1552046388][/DOUBLEPOST]Да не одиме многу оф топик, за дечкото шо ја отвори темата за да си праша... Јас да го имав умот шо го имам сега ко се запишвав на факултет немаше да се запишам на факултет, ќе одев на курс, ќе потрошев една година на курс и ќе имав три години работно искуство за тие 4 години шо ги потрошив на факултет, крај краева кога ќе одиш на интервју никој не те прашува кој факултет си го завршил и дали си го завршил, те прашуваат шо знајш и колку знајш.
 
Последно уредено:
Дечки, ме интересира какви се овие .NET деврлопери пошто гледам многу огласи има за тоа, што технологии треба да се знаат за ова?
 
Дечки, ме интересира какви се овие .NET деврлопери пошто гледам многу огласи има за тоа, што технологии треба да се знаат за ова?
Најчесто за .NET ти треба C# во поретки случаеви VB.NET или F#. Зависи од фирмата и потребите, може да работиш со веб, десктоп или пак примена во некое од решенијата на microsoft како на пример Dynamics CRM. Сo C sharp во Xamarin можеш да искуцаш и апликација за телефон, сепак зависи од апликацијата, не секогаш е паметен овој чекор.
Платите зависи од фирмата и проектите, со 5-6 години искуство тие што јас ги познавам се од 1к-1500к месечно.[DOUBLEPOST=1552065076][/DOUBLEPOST]
Реално, на фронтенд само јаваскрипт програмирам :toe:
Кај кенгурите без факултет од оваа област примаат луѓе што знаат да програмираат или мора пусулче?
 
Кај кенгурите без факултет од оваа област примаат луѓе што знаат да програмираат или мора пусулче?

Во некои од огласите се бара соодветен ИТ факултет и/или меѓународни сертификати, во дел од нив не се бара (или барем не е експлицитно наведено). Исто така бараат и луѓе со повеќегодишно искуство во таа област, а особено гледаат дали кандидатот има локално искуство.
Сепак на крај се сведува како ќе се покажеш на интервјуто и после во probation периодот (во мојот случај беше 6 месеци) дали те бива или не.
 
Ако ти е интересно да решаваш проблеми (според никот на акаунтов не верувам) оди на факултет, ако ти се прекуцува код симни торент од Udemy и стани фул стек риект девелопер за еден месец.
 
Interesna diskusija, gledam deka nekolku akademii otvoria vo posledno vreme... kakvo e vasheto mislenje, ima li kvaliteten kadar koj predava? Koj bi gi preporacale? Me interesira frontend developer...
 
Еве и јас размислував што како дали да земам курс или не, поставив и тука прашање во темата за курсеви, значи бев ептен загреан за курс, премногу се распрашував од луѓе што биле во Сеавус, Семос, луѓе што до пола биле па се откажале итн. 90 % од одговорите што ги добив беа дека материјата е премногу натрупана и дека се се изучува набрзина и дека треба дома после предавањето да седниш и да куцаш уште едно 4-5 сати плус, што го оправдувам ако вистински сакаш да си девелопер било каков мора да се вложиш. Заклучокот што го добив од сите тие одговори беше дека не вреди за 2к евра сиот тој натрупан материјал. Факт е дека може да се седне и дома да се учи бидејќи има милион курсеви на интернет ( Udemy на пример ) кој што можеш да ги најдеш free и тие 5 сати што би ги куцал после предавањето во некоја академија и 3 сати што ќе седиш и слушаш предавања на истата, истите тие сати може да се искористат и дома на некој од онлајн курсевите, а материјата е 90 % иста а и голем дел од предавањата во овие академии се превземени баш од тие онлајн курсеви. Можеби вреди дипломата што ја добиваш на крај на академијата, и тоа што ќе бидеш дел од некој проект па ќе можеш да го ставиш во ЦВ, ама исто можеш и со онлајн курсевите во кои учиш со правење на проекти, па некој од тие проекти да си ставиш исто во ЦВ, само што ја немаш дипломата ( освен ако не го купиш курсот директно од Udemy па да добиеш Е-Диплома што реално не знам како ја ценат). Ама никој на интервју не ти бара диплома, туку ти бара знаење. . Можам да кажам дека прилично сум задоволен, веќе почнав со курсеви онлајн и да знаете се учи. Планирам летово сериозно да се насочам кон некој фрејмворк, имам основа, не сум почетник па здравје од на есен да се пробам во некоја фирма како Junior, или практикант за почеток. Од некаде мора да се почне.
 
Абе прво нешто што фирмиве го гледаат фирмиве за да се одлучат да те побараат е искуството и сертификати добиени од некаде, ако немаш ништо запишано нема ни да имаш повратен одговор во најголем дел од случаите, освен ако немаш диплома од финки па да се подразбира дека си учел тоа.
Не дека човек ќе научи нешто многу на тие академии за разлика од видео туторијали, но ете ги вреднуваат, како што викаат папирот вреди без разлика дали знаеш нешто или не.
Најпаметно е учење на бекенд. Некој фрејмворк како .нет и јазици како C#, php, javascript
 
Абе прво нешто што фирмиве го гледаат фирмиве за да се одлучат да те побараат е искуството и сертификати добиени од некаде, ако немаш ништо запишано нема ни да имаш повратен одговор во најголем дел од случаите, освен ако немаш диплома од финки па да се подразбира дека си учел тоа.
Не дека човек ќе научи нешто многу на тие академии за разлика од видео туторијали, но ете ги вреднуваат, како што викаат папирот вреди без разлика дали знаеш нешто или не.
Најпаметно е учење на бекенд. Некој фрејмворк како .нет и јазици како C#, php, javascript
Зошто мислиш дека бекенд е попаметно од фронт енд? Повеќе работа може да се најде со бекенд ? Гледам дека побарувачката за фронт енд е голема, (react, angular итн,).
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom