Еве и јас размислував што како дали да земам курс или не, поставив и тука прашање во темата за курсеви, значи бев ептен загреан за курс, премногу се распрашував од луѓе што биле во Сеавус, Семос, луѓе што до пола биле па се откажале итн. 90 % од одговорите што ги добив беа дека материјата е премногу натрупана и дека се се изучува набрзина и дека треба дома после предавањето да седниш и да куцаш уште едно 4-5 сати плус, што го оправдувам ако вистински сакаш да си девелопер било каков мора да се вложиш. Заклучокот што го добив од сите тие одговори беше дека не вреди за 2к евра сиот тој натрупан материјал. Факт е дека може да се седне и дома да се учи бидејќи има милион курсеви на интернет ( Udemy на пример ) кој што можеш да ги најдеш free и тие 5 сати што би ги куцал после предавањето во некоја академија и 3 сати што ќе седиш и слушаш предавања на истата, истите тие сати може да се искористат и дома на некој од онлајн курсевите, а материјата е 90 % иста а и голем дел од предавањата во овие академии се превземени баш од тие онлајн курсеви. Можеби вреди дипломата што ја добиваш на крај на академијата, и тоа што ќе бидеш дел од некој проект па ќе можеш да го ставиш во ЦВ, ама исто можеш и со онлајн курсевите во кои учиш со правење на проекти, па некој од тие проекти да си ставиш исто во ЦВ, само што ја немаш дипломата ( освен ако не го купиш курсот директно од Udemy па да добиеш Е-Диплома што реално не знам како ја ценат). Ама никој на интервју не ти бара диплома, туку ти бара знаење. . Можам да кажам дека прилично сум задоволен, веќе почнав со курсеви онлајн и да знаете се учи. Планирам летово сериозно да се насочам кон некој фрејмворк, имам основа, не сум почетник па здравје од на есен да се пробам во некоја фирма како Junior, или практикант за почеток. Од некаде мора да се почне.