Јон веројатно ќе има огромна поддршка меѓу гласачите - Албанци, а колку што гледам, и меѓу Македонците. Многумина видов по социјални мрежи како повикуваат да се гласа за него. Затоа, со гласовите од публиката типувам сигурна победа за него. Евентуално Виктор или Андреа ако успеат да му ја земат победата. Ама жирито не верувам да го стави погоре од трето место. Кај жирито речиси сигурно Лара и Андреа ќе бидат на првите две места. Ако испадне како што предвидувам, Андреа мислам дека има најголеми шанси за севкупна победа, а Лара, Виктор и Јон би биле на второ место во моето предвидување, сите со подеднакви шанси. Кали и Рис Цвеќето се тотални аутсајдери во приказнава. Ќе видиме дали ќе се остварат моите предвидувања.