- Член од
- 16 јули 2017
- Мислења
- 108
- Поени од реакции
- 169
- Возраст
- 30
Значи овој Палчо според пишувања не е некој што нема пари? Тогаш зошто би убил некого за долг од 500 евра?
Овие другите не знам. Искрено на прв поглед физички само оној Кешишев ми личи на тежок психопат. Иако има два сина, човекот според сликите таков впечаток прв ми оддава. Велибор Манев првично кога го разгледав видов дека е фамилијарен човек и се запрепастив. Исто и за оној тренерот од Велес. Цел живот се занимавал зо спорт, можеби и тренирал деца и на крај вакво нешто да изработи. И во наредните денови после убиството си продолжзуваат со објави по социјалните мрежи како ништо да не било. Зарем толку се измести се во нашето што општество што системот веќе не може да ги препознае психопатите кои шетаат меѓу нас?
Мајката дека не знаела со каков човек има работа не верувам. Може и намерно давала такви изјави по некои сознанија на полицијата дека и он е вмешан, а се со цел да го држат блиску до нив. Не може одма да го обвинат ако немат доволно докази за тоа.
Фризерот не ќе да е убиен за пари, веројатно знаел нешто, бил запознаен со планот, слушнал, открил, несакајќи се замешал па решиле да го убијат.. Можеби знаел што се спрема и планирал да каже?